Среќна Нова ’49: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 34: Ред 34:
Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.
Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.


Всушност, тоа е сторија за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски ([[Мето Јовановски]]) кој како студент се враќа од [[Советскиот Сојуз]] за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста ([[Светозар Цветковиќ]]) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Негов интерес е и Вера ([[Владица Милосављевиќ]]) млада, убава и привлечна девојка на постариот брат додека овој е во затвор, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, таа се самоубива. Но, ривалската банда полека ги ЌсредуваЌ работите во тогашното Скопско подземје и Коста во безизлезна ситуација се решава да ја напуШти земјата и бега на запад. Никој дома нема да знае каде е заминал и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.
Всушност, тоа е сторија за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски ([[Мето Јовановски]]) кој како студент се враќа од [[Советскиот Сојуз]] за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста ([[Светозар Цветковиќ]]) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Шверцува пеницилин и заработува доволно пари:
...Го имам клучот кој ги отвара сите врати...
Негов интерес е и Вера ([[Владица Милосављевиќ]]) млада, убава и привлечна девојка на постариот брат додека овој е во затвор, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, таа се самоубива. Но, ривалската банда полека ги "средува" работите во тогашното Скопско подземје и Коста во безизлезна ситуација се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома нема да знае каде е заминал и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.
{{РазоткривањеКрај}}
{{РазоткривањеКрај}}



Преработка од 18:48, 22 април 2013

„Среќна нова ’49“
плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
Главни улогиПетар Арсовски
Мите Грозданов
Александар Ѓорчев
Мето Јовановски
Душко Костовски
Светозар Цветковиќ
Владица Милосављевиќ
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикMакедонски
Српско-хрватски

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов, со Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Душко Костовски во главните улоги. Се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај Црно семе на Кирил Ценески[4], што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Добитник е на низа награди и признанија, меѓу кои, како особено значајни се издвојуваат Гран при-то, „Голема златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм, оддржан во Пула во 1986 година, како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре од 1991 година.[2]

Содржина

Основна тема е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во нашата општествена средина.

Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, тоа е сторија за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Шверцува пеницилин и заработува доволно пари: ...Го имам клучот кој ги отвара сите врати... Негов интерес е и Вера (Владица Милосављевиќ) млада, убава и привлечна девојка на постариот брат додека овој е во затвор, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, таа се самоубива. Но, ривалската банда полека ги "средува" работите во тогашното Скопско подземје и Коста во безизлезна ситуација се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома нема да знае каде е заминал и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Реакции и награди

Реакции

Среќна Нова ’49 го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Избран е за Најдобар југословенски филм за 1986 година и како таков, предложен е да биде Југословенски кандидат за Оскар. Сепак, не успева да влезе во потесниот избор.

Награди

Белешки

Надворешни врски