Јосиф Даскалов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за личност | име=Јосиф Даскалов| портрет=JosifDaskalov.jpg | опис= раководите...
(нема разлика)

Преработка од 22:43, 16 април 2013

Јосиф Даскалов
Роден 1868
Кратово, Македонија
Починал 1909
Подрум Кале, Турција

Јосиф Даскалов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Биографија

Јосиф Даскалов е роден во 1868 година во Кратово, тогаш во Отоманската империја. Завршил IV класа во педагошко училиште во Ќустендил и станал учител, како неговиот татко даскалот Димитри. Предавал во Скопје, Кратово и на други места. Во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација, бил заколнат од Гоце Делчев, бил главен главен организатор на комитетите во Кратовско.

Во 1897 година започнала т.н Виничка афера во текот на која Јосиф била уапсен и тешко мачен, за да ги открие своите соучесници. На 26 декември, Јосиф успеал да издејствува излегување на занданата под придружба, под изговор дека ќе им ја предаде архивата на локалниот комитет, и се фрлил од Радиниот мост, но преживеал [1].

Извори

  1. Шатев, Павел, „В Македония под робство“, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983 г., стр. 58-59.