Сферно огледало: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 217.16.91.237) и вратена ревизијата 1982298 на 95.86.7.103
Ред 14: Ред 14:


За конструирање на [[лик|ликови]] кај сферните огледала по [[геометрија|геометриски]] пат, се користат најмалку два од карактеристичните [[зрак|зраци]]:
За конструирање на [[лик|ликови]] кај сферните огледала по [[геометрија|геометриски]] пат, се користат најмалку два од карактеристичните [[зрак|зраци]]:
* [[Зрак]] кој поминува низ [[|центар|центарот]] на [[огледало|огледалото]] во правецот на [[радиус|радиусот]], кој по одбивањето се враќа по истиот пат; (а).
* [[Зрак]] кој поминува низ [[центар|центарот]] на [[огледало|огледалото]] во правецот на [[радиус|радиусот]], кој по одбивањето се враќа по истиот пат; (а).
* [[Зрак]] кој тргнува од [[предмет|предметот]], паралелен со [[оптичката оска]], и по одбивањето поминува низ [[фокус|фокусот]] и обратно, [[зрак|зракот]] што минува низ [[фокус|фокусот]] по одбивањето е паралелен со оската; (б).
* [[Зрак]] кој тргнува од [[предмет|предметот]], паралелен со [[оптичката оска]], и по одбивањето поминува низ [[фокус|фокусот]] и обратно, [[зрак|зракот]] што минува низ [[фокус|фокусот]] по одбивањето е паралелен со оската; (б).
* [[Зрак]] кој паѓа во темето на [[огледало|огледалото]] под агол алфа спрема оптичката оска, се одбива на другата страна на оптичката оска под ист агол. (в).
* [[Зрак]] кој паѓа во темето на [[огледало|огледалото]] под агол алфа спрема оптичката оска, се одбива на другата страна на оптичката оска под ист агол. (в).

Преработка од 06:16, 16 април 2013


Огледало кое е дел од површина на сфера се нарекува сферно огледало.

Кога огледалната површина е вдлабната, сферното огледало е вдлабнато (конкавно) сферно огледало. Кога огледалната површина е испакнатата, сферното огледало е испакнато (конвексно) сферно огледало.

Центарот на кривината О, е центар на сферата чиј дел е огледалото и се нарекува оптички центар на огледалото. Точката Т, што се наоѓа на средината на огледалото, е теме на огледалото. Правата што поминува низ центарот на огледалото и темето е главна оптичка оска.

Добивање на ликови во огледала

Со приближување на предметот кон огледалото се добива лик реален, зголемен и превртен. Колку се приближува предметот кон огледалото ликот е се подалеку и поголем.

Кога предметот е во фокусот, повеќе не може да се добие лик што се фаќа на екранот. Одбиените зраци на огледалото се одбиваат како паралелен сноп. Исто така, реален лик на предметот не се добива кога предметот е поставен меќу фокусот и огледалото. ликот добиен во тој случај е зголемен, исправен и нереален.

За конструирање на ликови кај сферните огледала по геометриски пат, се користат најмалку два од карактеристичните зраци:

Врската меќу растојаниетo p, од предметот AB, до темето T, нормалното растојание l, на ликот A1B1 од темето и фокусното растојание f, се изразува со равенката:

Ликот добиен во конвексно огледало, независно од растојанието на предметот од темето, е намален, исправен и нереален.

Примена на сферните огледала

Вдлабнатите сферни огледала наоѓаат широка практична примена. Тие се составни делови на многу оптички уреди. Бидејќи со нив може да се менува меѓусебниот однос на светлинските зраци, тие се користат кај рефлекторите, фаровите на автомобилите, локомотивите, џебните ламби и др. Кај нив светлинскиот извор се поставува во фокусот на вдлабнатото сферно огледало. По одбивањето од сферното огледало, зраците даваат паралелен сноп светлина.

Сонцето дава голема светлинска енергија. Кога ќе се распоредат неколку големи вдлабнати огледала, така што фокусите да им се поклопуваат, тогаш во фокусот се добива многу висока температура на која можат да се топат метали. Тоа е сончева печка.

Испакнатите сферни огледала имаат помала примена. Во нив, на мала површина можат да се видат повеќе предмети. Затоа се користат кај автомобилите, автобусите и др., каде возачите преку нив можат да гледаат што се случува зад нив или од страна на возилото.