Ѓорѓи Николов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 22: Ред 22:
[[Категорија:Дејци на ВМОРО]]
[[Категорија:Дејци на ВМОРО]]
{{Дејци на МРО}}
{{Дејци на МРО}}
[[bg:Георги Николов (Белица)]]

Преработка од 01:01, 16 април 2013

Ѓорѓи Николов
Роден 13 ноември 1883
Битола, Македонија
Починал 1939
Софија, Бугарија

Георги Николов Поп Теофилов бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија

Николов е роден 1883 година во Разлошко село Белица, тогаш во Отоманската империја. Потекнувал од родот Поп Теофилови. Татко му Никола Поп Теофилов бил учесник во Кресненското востание, неговиот брат Теофил Николов бил член на Македонската револуционерна организација, а неговиот вујко Лука Поп Теофилов бил егзархиски учител во Сер, Неврокоп, Мелник и Банско и основач на револуционерната комитет во Разлог, еден од првите раководители на Организацијата. Георги завршил беличкото училиште во 1896 година и до 1898 година учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и во Серското педагошко училиште .

Учителствал во Јакоруда и влегол во Организацијата. По откритијата на властите се засолнил во чепинското село Лажани, Бугарија. Учествувал во Илинденското востание како војвода на чета и помагал при повлекувањето на бегалците кон Бугарија.

По погромот на востанието е четник при Георги Скрижовски во неговиот роден Разлог. Во Балканската војна во 1912 година заедно со Лазар Топалов е на чело на чета, која учествува во ослободувањето на Разлог. По војната во 1914 година е избран за градоначалник на Белица. Убиен е во 1916 година од политички противници [1][2].

Извори

  1. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 50.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 117 - 118.