Млечен Пат: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Брише la:Via Lactea (strong connection between (2) mk:Млечен Пат and la:Via lactea)
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q321 (translate me)
Ред 71: Ред 71:


{{Link FA|it}}
{{Link FA|it}}

[[si:ක්ෂීරපථය]]

Преработка од 13:54, 31 март 2013

Галаксија „Млечен пат“
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата „Млечен пат“
Датум на набљудување
ТипSBbc (спирална галаксија)
Пречник100,000 светлосни години
Дебелина1,000 светлосни години (ѕвезди)
Број на ѕвезди200 дп 400 милијарди
Најстара позната ѕвезда13.2 милијарди години[1]
Маса5.8×1011 M
Оддалеченост на сонцето од галактичкиот центар26,000 ± 1,400 светлосни години
Сончев галактички период на ротација220 милиони години (негативна ротација)
Период на спирална ротација50 милиони години[2]
Bar pattern rotation period15 до 18 милиони години[2]
Speed relative to CMB rest frame552 km/s[3]
Поврано: Галаксија, Список на галаксии
Графички приказ како изгледа нашата галаксија доколку се набљудува одозгора

Млечен Пат (на латински Via Lactea, со корени во грчкиот термин Γαλαξίας (Galaxias) ), е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од билијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на нашиот сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездиетоСтрелец, кон галактичкиот центар.

Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 билиони ѕвезди.

Старост

Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 билиони години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.

Местото на нашето Сонце во галаксијата Млечен Пат

Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсека од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години.

На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.

Иднината на Млечен Пат

Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 билиони годиниа. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу билион години.

Народни верувања во Македонија

Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[4]

Референци

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име frebel.
  2. 2,0 2,1 Предлошка:Цитирано списание
  3. Предлошка:Цитирано списание
  4. Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.

Предлошка:Link FA

Предлошка:Link FA