Бугарска народна македонско-одринска револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Бугарска народна македонско-одринска револуционерна организација
(нема разлика)

Преработка од 09:47, 25 март 2013

статутот на БНМОРО.

'Бугарската народна македонско-одрински револуционерна организација' била револуционерна организација, основана на 4 мај 1910 година од група дејци од Солунски, Струмичкиот и Серски револуционерен округ без соработниците на Јане Сандански, чија задача била да добие автономија за Македонија и Одринско. Во февруари 1911 година БНМОРО се обединила со ВМОРО на Тодор Александров.

Историја

По зајакнувањето на Младотурскиот режим во втората половина на 1909 година и распуштањето на националните организации со новиот Закон за здруженијата, многу од поранешните револуционерни дејци повторно се ориентирале кон нелегална активност. Во крајот на декември 1909 година Христо Чернопеев заедно со поранешниот деец на ВМОК Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов минуваат во илегала и обиколуваат Струмичко за обновување на револуционерната мрежа. Пратени била порака до револуционерните комитети, коja гласела:

ВМРО беше е измамена во своите надежи од Младотурците, сега обновува кадрите и почнува повторно борбата против тиранијата. Сите борци се на своето место. Секое двоумење и неверство ќе се казнува со смрт. Зад нас стои Бугарија со нејзината моќна армија. [1]


Струмичките дејци спровели и неколку терористички акции. [2] Во пролетта на 1910 година дејци од Струмичко, Солунско и Серско заедно со дејци на ВМОК, се среќнале во Софија и во циркуларни до раководството на македонските организации прогласиле дека единствено оправдана и резултатна била револуционерната борба, предводена отворено во името на бугарската национална кауза, а Хуриетот бил прогласен за итар тактички потег коj успеал да го заблуди раководителите на ВМОРО. Во циркуларното Ќустендилски конгрес, избраните од него водачи и Задграничното претставнишство (Христо Матов, Апостол Димитров и Христо Татарчев) се прогласени за нелегитимни и се велело дека Внатрешната организација престанала да постои.

Правилник на БНМОРО.

На 4 мај 1910 година во Софија бил свикана основачкиото собрание, кое поставува основите на БНМОРО. Резолуцијата на собранието била потпишана од Антон Бозуков, Димитар Думбалаков, Михаил Чаков, Стефан Чавдаров, Георги Мучитанов, Христо Чернопеев и Апостол Петков. Одлуката била за:

формирање на нова народна м.о. револуционерна организација на национална почва со задача да освои автономијата на Македонија и Одринско како етапа за духовното и политичко обединување со Бугариjа.


Одлуката на собранието тврди дека:

при создавањето на ВМОРО борбата била поставена на интернационална и сепаратистична почва


што според собранието било неприфатливо и тоа осудува обидите за интернационализирање на бугарската револуционерна организација. Донесени биле статут и организациски правилник и бил избран Привремениот главен комитет на чело со поранешниот внатрешен деец Христо Чернопеев и поранешниот врховист Антон Бозуков. Во Комитетот влегуваат уште Тане Николов, Апостол Петков, Георги Занков и Димитар Љaпов.

На 1 август 1910 година во весникот "Камбана" БНМОРО објавува "летоци на сите истомисленици на македонско-одринската ослободителна кауза", во кој се вели дека вооружената интервенција на Бугарија е гаранција за успехот на македонско-одринското ослободително движење, бидејќи:

не може да има два идеала - државен и национален


БНМОРО се обидала да се изгради како единствена бугарска револуционерна структура и во Османлиската Империја и во Бугарија и така влезнала во конфликт со ВМОРО околу Христо Матов, која благодарение на активностите на Тодор Александров се издигнала во Скопски револуционерен округ. Во мај Чернопеев, Бозуков, Занков, Петков и Николов се среќнале со Матов во Варна. Во преговорите со посредство на Христо Попкоцев и Христо Цветков двете страни констатирале дека немаат принципиелни разлики за целта, средствата и задачите но не успеваат да се договорат за легитимноста на структурите, како Матов отфрлил предлогот за заедничка комисија. Дејците на БНМОРО Чернопеев и Занков се сретнале и со лидерот на третата фракција во ослободителното движење - Јане Сандански, но тој се бил изолирал и одбил соработка.

БНМОРО започнала изградба на локалните структури, како Главниот комитет наредил да се започне со изборите на службени лица. На крајот на јуни војводите на БНМОРО почнуале да навлегуваат во своите областите. На 29 јуни границата ја поминале Апостол Петков, Тане Николов и Продан Христов, следени по неколку дена од Чернопеев, Чавдаров, Занков, Чаков и Михаил Скендеров.

Дејците на БНМОРО слично и на Христо Матов сметале дека улогата на четнички тактика треба да се намали, а востанието како средство за постигнување на целите отпаѓа на сметка на терористичките методи кои могли да провоцираат интервенцијата на Бугарија и големите сили за решавање на македонското прашање. При тоа едномислие во почетокот на 1911 година Главниот комитет на БНМОРО повторно се обртил на Скопските и Битолските дејци, како ги повикнал да испратат делегати на претстојниот конгрес на организацијата. Како одговор Петар Чаулев, Павел Христов, Христо Матов и Христо Цветков ги нарекуваат членовите на БНМОРО одметници и одбиле да учествуваат во конгресот, но нудиле заедничка средба за повторно обединување. Средбата биле одржана во февруари и биле избрана комисија да усогласи принципите на вкупната активност во состав Христов и Александров за ВМОРО, Чернопеев и Бозуков за БНМОРО. На 26 февруари комисијата одлучила за обединување во една организација како врз основа на програмските документи на ВМОРО и БНМОРО одредени основните принципи: во организацијата се прифаќаат само Бугари националисти, дејците надвор од Отоманската империја се само помошни членови, ЦК и ЗП се избираат со писмено разбирање помеѓу окрузите. Така БНМОРО отстапила во корист на зачувување на утврдените структури кое рефлектирало и во новиот Централен комитет - Александров, Чаулев, Чернопеев со резервен член потполковник Александар Протогеров.[3]

Белешки

  1. Думбалаковъ, Михаилъ. Преку пламъцит ѣ на животот и револуцијата, томъ II, Софија, 1937, стр 66.
  2. Думбалаковъ, Михаилъ. Преку пламъцит ѣ на животот и револуцијата, томъ II, Софија, 1937, стр 94.
  3. Прванов Г. Обновување на вооружената борба и реконструкцијата на ВМОРО, во: народно-ослободителното движење на македонските и тракиските бугари (1878 - 1944). Том 3, ослободително движење по Илинденско-Преображенското востание 1903 - 1919, МНИ, Софија, 1997, стр 249 - 262.