Народна банка на Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 4 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2598067 (translate me)
Ред 30: Ред 30:
==Органи на управување==
==Органи на управување==


Со централната банка управува Советот на НБРМ. Членови на Советот на НБРМ се гувернерот (кој е претседавач на Советот), тројцата вице-гувернери и пет надворешни членови. Членови на Советот може да бидат лица кои имаат познавања од областа на економијата, финансиите и правото. Во Советот не може да членуваат лица кои се наоѓаат во управните органи на банките или [[штедилници]]те. Гувернерот и надворешните членови на Советот ги именува Собранието на Република Македониај на предлог на претседателот на државата, а вице-гувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот, при што сите имаат мандат од седум години. Советот на НБРМ одржува најмалку десет седници годишно и одлуките ги носи со просто мнозинство, со исклучок на оние за кои е потребно квалификувано мнозинство. Советот ја носи одлуката за целите на монетарната политика, ги донесува мерките за реализирање на монетарната политика, ги донесува финансискиот план, планот на [[инвестиции]] и годишната сметка на НБРМ, го донесува статутот на НБРМ, ги усвојува извештаите на НБРМ (годишниот извештај, полугодишните и кварталните извештаи, извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија, извештајот за финансиската стабилност, извештајот за управувањето со [[девизните резерви]] итн.). Гувернерот го рганизира и раководи со секојдневното работење на НБРМ, ја претставува НБРМ и носи разни решенија што се однесуваат на материјално-фианнсиското работење на НБРМ, како и решенија кои се однесуваат на работењето на банките и штедилниците. На гувернерот во работата му помагаат тројца вице-гувернери.
Со централната банка управува Советот на НБРМ. Членови на Советот на НБРМ се гувернерот (кој е претседавач на Советот), тројцата вице-гувернери и пет надворешни членови. Членови на Советот може да бидат лица кои имаат познавања од областа на економијата, финансиите и правото. Во Советот не може да членуваат лица кои се наоѓаат во управните органи на банките или [[штедилници]]те. Гувернерот, вице-гувернерите и надворешните членови на Советот ги именува Собранието на Република Македонија, и тоа: гувренерот на предлог на претседателот на државата, надворешните членови на Советот на предлог на владата, а вице-гувернерите на предлог на гувернерот, при што сите имаат мандат од седум години. Советот на НБРМ одржува најмалку десет седници годишно и одлуките ги носи со просто мнозинство, со исклучок на оние за кои е потребно квалификувано мнозинство. Советот ја носи одлуката за целите на монетарната политика, ги донесува мерките за реализирање на монетарната политика, ги донесува финансискиот план, планот на [[инвестиции]] и годишната сметка на НБРМ, го донесува статутот на НБРМ, ги усвојува извештаите на НБРМ (годишниот извештај, полугодишните и кварталните извештаи, извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија, извештајот за финансиската стабилност, извештајот за управувањето со [[девизните резерви]] итн.). Гувернерот го рганизира и раководи со секојдневното работење на НБРМ, ја претставува НБРМ и носи разни решенија што се однесуваат на материјално-фианнсиското работење на НБРМ, како и решенија кои се однесуваат на работењето на банките и штедилниците. На гувернерот во работата му помагаат тројца вице-гувернери.


== Функции на НБРМ==
== Функции на НБРМ==

Преработка од 10:08, 23 март 2013

Народна банка
на Република Македонија
Логото на Народната банка на РМ
Логото на Народната банка на РМ
100 златни денари. Реверс - Споменик Македониум во Крушево.
100 златни денари. Реверс - Споменик Македониум во Крушево.
СедиштеСкопје
Основана19 октомври 1946
ГувернерДимитар Богов
Централна банка наМакедонија
ВалутаМакедонски денар
MKD (ISO 4217)
Мрежно местоНБРМ

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) е централна банка, емисиона банка на Македонија[1]. Формирана е на 19 октомври 1946 година преку спојување на Македонска стопанска банка со Народна банка - филијала Скопје. Прв главен директор на банката бил д-р Тодор Мировски. Од почетокот на 1947 г. го носела називот НБ ФНРЈ - Централа за Народна Република Македонија со Александар Богоев како главен директор. Меѓу 1947 и 1953 г., НБ ФНРЈ - Централа за НРМ била единствена банка во Македонија и истовремено работела како емисиона и деловна банка, т.е. извршувала централно банкарски работи, работи за републичкиот буџет, како и универзални банкарски работи. Во периодот 1954-1965 г., таа постепено ги напуштила универзалните банкарски работи и се насочила кон централнобанкарските активности и регулирањето и контролата на банкарскиот систем. Исто така, во овој период, биле укинати нејзините филијали, а банката го променила називот во Народна банка на Југославија - Централа во Скопје. Во текот на 1965-1971 г., централата на НБЈ во Скопје немала никаква улога во водењето на монетарно-кредитната политика, туку вршела само работи кои имаат извршен и оперативен карактер. Во декември 1971 г. бил донесен првиот Закон за Народна банка на Македонија, со кој таа била дефинирана како уставна категорија, а за прв гувернер бил именуван Стојан Ќосев. Сепак, Народна банка на Македонија и понатаму била во многу подредена положба во однос нa Народната банка на Југославија и имала многу ограничена улога во формулирањето и водењето на монетарната политика.

НБРМ по осамостојувањето на Македонија

Зградата на Народната банка на РМ

Уставот на Република Македонија од 1991 година ја определи НБРМ како емисиона банка, самостојна и одговорна за стабилноста на домашната валута, водењето на монетарната политика и општата ликвидност за плаќањето во земјата и странство. На 26 април 1992 г., Собранието го донесе Законот за Народна банка на Република Македонија како прв законски акт со кој се уредува работењето на централната банка по осамостојувањето на Македонија. Во овој период, функцијата гувернер ја извршуваше м-р Борко Станоевски, кој поднесе оставка во 1997 год. поради големиот финансиски скандал со штедилницата ТАТ. На местото гувернер, него го наследи д-р Љубе Трпески, кој оваа функција ја извршуваше до 2004 год. Финкцијата гувернер во периодот 2004 - 2011 га извршуваше м-р Петар Гошев, а од мај 2011 ја извршува Димитар Богов.

Најголем пресврт во развојот на НБРМ по монетарното осамостојување на Македонија е направен со донесувањето на новиот Закон за НБРМ од јануари 2002 г. со кој се зголемени сите аспекти на независноста во нејзиното работење (институционална, персонална, функционална и финансиска независност). Денес, НБРМ е модерна централна банка која не работи со нефинансиски правни лица, не го финансира јавниот сектор и самостојно ја формулира и остварува монетарната политика, при што, како нејзина основна цел, утврдена со Законот за НБРМ е одржувањето на ценовната стабилност. НБРМ е членка на Банката за меѓународни порамнувања (BIS - Bank for International Settlements), со седиште во Базел, Швајцарија.

Органи на управување

Со централната банка управува Советот на НБРМ. Членови на Советот на НБРМ се гувернерот (кој е претседавач на Советот), тројцата вице-гувернери и пет надворешни членови. Членови на Советот може да бидат лица кои имаат познавања од областа на економијата, финансиите и правото. Во Советот не може да членуваат лица кои се наоѓаат во управните органи на банките или штедилниците. Гувернерот, вице-гувернерите и надворешните членови на Советот ги именува Собранието на Република Македонија, и тоа: гувренерот на предлог на претседателот на државата, надворешните членови на Советот на предлог на владата, а вице-гувернерите на предлог на гувернерот, при што сите имаат мандат од седум години. Советот на НБРМ одржува најмалку десет седници годишно и одлуките ги носи со просто мнозинство, со исклучок на оние за кои е потребно квалификувано мнозинство. Советот ја носи одлуката за целите на монетарната политика, ги донесува мерките за реализирање на монетарната политика, ги донесува финансискиот план, планот на инвестиции и годишната сметка на НБРМ, го донесува статутот на НБРМ, ги усвојува извештаите на НБРМ (годишниот извештај, полугодишните и кварталните извештаи, извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија, извештајот за финансиската стабилност, извештајот за управувањето со девизните резерви итн.). Гувернерот го рганизира и раководи со секојдневното работење на НБРМ, ја претставува НБРМ и носи разни решенија што се однесуваат на материјално-фианнсиското работење на НБРМ, како и решенија кои се однесуваат на работењето на банките и штедилниците. На гувернерот во работата му помагаат тројца вице-гувернери.

Функции на НБРМ

НБРМ извршува повеќе основни функции:

Исто така, НБРМ одржува вредна нумизматичка збирка од околу 17 000 монети од територијата на Македонија кои го покриваат временскиот период од VI век пр.н.е., па сé до XV век.

Монетарна политика

Основна и најважна функција на НБРМ е да ја формулира и да ја реализира монетарната политика. Притоа, според Законот за НБРМ, основна и примарна цел на НБРМ е да ја одржува стабилноста на цените, а исто така, таа ја подржува општата економска политика на владата, но само доколку со тоа не е загрозена основната цел. За остварување на основната цел, НБРМ ја применува стратегијата на таргетирање на девизниот курс во чии рамки, НБРМ ја одржува стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото (претходно во однос на германската марка). Оваа стратегија формално се применува од октомври 1995 год., иако нејзиниот фактички почеток датира од пролетта 1994 год. Главен инструмент на монетарната политика на НБРМ се аукциите на благајнички записи, со кои се регулира ликвидноста на банките и, оттука, паричната маса. Исто така, како инструмент на монетарната политика се употребува и задолжителната резерва на банките.

Нумизматички музеј

Поставки во Нумизматичкиот музеј на НБРМ

Нумизматичкиот музеј на Народната банка се наоѓа во зградата на банката. Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото културното наследство во 1999 год. НБРМ меѓу своите функции приклучила и откуп на стари и ретки пари од тлото на Македонија.

Збирката денес брои околу 17.000 примероци на монети, медаљи, ексагии и модерни банкноти што е резултат на систематски откуп и донации, и со оваа бројка таа прераснала во најголема јавна нумизматичка збирка во Македонија.

Наводи

  1. Кики Мангова - Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство во Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006.

Надворешни врски