Воин Поповиќ-Вук: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Bjankuloski06 ја премести страницата Војин Поповиќ-Вук на Воин Поповиќ-Вук
(нема разлика)

Преработка од 06:27, 16 март 2013

Воин Поповиќ
Роден 9 декември 1881
Сиеница, Србија
Починал 29 ноември 1916
Груништа, Македонија

Воин Поповиќ - Вук (срп. Војин Поповић-Вук) бил српски војвода на Српскиот комитет на четничката акција, учествува во Борба за Македонија, Балканските војни и Првата светска војна [1].

Биографија

Поповиќ е роден во селото Сиеница. Таму го завршил трето оделение, меѓутоа неговото семејство морало да бега и тие се населиле во Крагуевац.

Вук во четнича облека
Споменикот на Вук во Белград
Четата на војводата Вук

Таму го довршил основното училиште и шести клас гимназија. Потоа завршил воена академија.

На 3 ноември 1901 година бил унапреден во подпоручник и поставен на должноста командант на вод во XI пешадиски полк Караѓорѓе во Крагуевац.

По навлегувањето на првите српски чети се вклучил во Српскиот комитет на четничката акција. Во пролета 1905 година во Макеоднија навлегол со четата на Борка Паштровиќ.

Своето борбено кршевање го имал во битката кај Челопек.

Во текот на својот живот учествувал во битките кај Куманово, Битола, Елбасан, Гавдеран, Дуката, Курјачица, Завлак, Белград, Власино, Албанија, Кајмакчалан, Сива Стена и Грунише каде и загинал.

Неговото тело било закопано на српските војнички гробишта на Зејтинлик, а во септември 1923 година биле пренесени на Новите гробишта во Белград. Војводата Вук има свој споменик во Белград и Ниш.

Вук бил неколкупати одликуван: орден „Караѓорѓева sвезда“ со мачеви од III ред, Златен медал за храброст, Медал на крал Петар I, руски ореден „Св. Станислав“ од трет ред, а носител е и на францускиот „Воен крст“ на Корпусниот ред.

Извори

  1. Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000

Надворешни врски