Ресул Шабани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Добитници на наградата „11 Октомври“ (со користење на [[WP:H...
с Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3304514 (translate me)
Ред 69: Ред 69:
[[Категорија:Калишта]]
[[Категорија:Калишта]]


[[bg:Ресул Шабани]]
[[sq:Resul Shabani]]


[[Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“]]
[[Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“]]

Преработка од 21:57, 14 март 2013

Ресул Шабани
Роден Ресул Шабани
14 октомври 1944
Калишта, струшко, Република Македонија, Македонија
Занимање албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија.

Ресул Шабани (албански: Resul Shabani) е албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија. Пишува на македонски и на албански јазик, и преведува од двата јазика. Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература. Во 2011 година, Шабани ја добива престижната награда за животно дело „11 Октомври“.[1]

Биографија

Роден е на 14 октомври 1944 година во Калишта, Струшко. Завршил Виша педагошка школа во Скопје[2], како и албанска литература на Универзитетот во Приштина[3]. Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на културната рубрика во Флака, одговорен уредник на списанието Јехона. Бил одговорен уредник на списанието за деца Гезими и член на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, како и надворешен советник за издавачка дејност во Министерството за култура[2]. За време и по неговиот ангажман во министерството, Шабани и неговата издавачка куќа Серембе се обвинети од страна на повеќе албански издавачи за наводна привилегирана положба при доделувањето на средства за издавачка дејност.[4]

Член е на македонскиот ПЕН центар (учествува и во Надзорната комисија) и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1976). Учествувал во жирија за доделување на книжевни награди за детска литература. Пет од неговите драми се изведувани на сцена, а негови дела се преведувани на повеќе европски јазици: англиски, италијански, романски, француски, руски, шпански, српски итн. Од друга страна, пак, Шабани е значаен и како преведувач - на албански јазик има преведувано дела од Блаже Конески, Владо Малески, Димитар Солев, Кочо Рацин, Ефтим Клетников, итн.

Литературно творештво

  • Езеро (Liqeni, раскази, 1974)
  • Риба (поезија, 1975)
  • Свето (раскази, 1978)
  • Хамлет со црно кече (Hamleti me plis të zi, поезија, 1978)
  • Стариот брод (Anija e vjetër, драма, 1978)
  • Дожд во Уертомонто (драма, 1979, премиера во 1986, Театар на народностите - Скопје, режија: Владимир Милчин)
  • Езерска самовила (Ora e liqenit, поезија, 1983)
  • Љубовта на капетанот (Dashuria e Kapitenit, роман, 1983)
  • Кумова слама (драма, 1983)
  • Сол и вода (драма, 1983)
  • Фани доаѓа сам (Fani vjen vetëm, драма, 1984, премиера во 1988, повторна изведба 2005, Албански театар - Скопје )
  • Млечниот пат (драма, 1985)
  • Водениот ракопис на полето[се бара извор] (поезија, 1987)
  • Монотонија (драма, 1987)
  • Ох, Америка (Oh, Amerika, поезија, 1989)
  • Влажна трепка (раскази, 1994)
  • Измислен грев (Mëkat i trilluar, поезија, 1996)
  • Мис на дуња (1998)
  • Седум драми (1999)
  • Nuse Vale: Tregime (2001)
  • Повторно за жалната врба (Përsëri për shelgun vajtues, поезија, 2004)
  • Мост од вода (2007)

Награди

Надворешни врски

Наводи

  1. МТВ: Врачени наградите 11-ти октомври
  2. 2,0 2,1 Македонски ПЕН Центар: Био-библиографски белешки за членовите - Ресул Шабани' посетено на 8 март, 2008.
  3. Voix de la Méditerranée - Resul Shabani' посетено на 8 март, 2008.
  4. ЗАИ - Јавно писмо до министерството за култура' посетено на 8 март, 2008.