Аденозин трифосфат: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: oc:Adenosina trifosfat
с Бот Менува: vi:Adenosine triphosphate
Ред 86: Ред 86:
[[tr:Adenozin trifosfat]]
[[tr:Adenozin trifosfat]]
[[uk:Аденозинтрифосфат]]
[[uk:Аденозинтрифосфат]]
[[vi:ATP (hóa học)]]
[[vi:Adenosine triphosphate]]
[[zh:三磷酸腺苷]]
[[zh:三磷酸腺苷]]

Преработка од 18:36, 5 мај 2008

Аденозин трифосфат (АТФ)
Аденозин трифосфат (АТФ)

Аденозин трифосфатот (АТФ или ATP) е високоенергетско соединение кое дава енергија на повеќето животни процеси кај организмите. АТФ е нуклеотид, познат во биохемијата како „молекуларна валута“ за внатрешноклеточниот пренос на енергијата; односно, АТФ е во состојба да складира и пренесува енергија внатре во клетката. АТФ исто така игра важна улога во синтезата на нуклеинските киселини. Молекулите на АТФ се користат и за депонирање на корисна енергија, која растенијата ја конвертираат во процесот на клеточно дишење.

Хемиски својства

Хемиски, АТФ се состои од аденозин и три фосфатни групи (трифосфат). Неговата емпириска формула е C10H16N5O13P3, а рационалната формула C10H8N4O2NH2(OH)2(PO3H)3H, со молекулска маса од 507.184 u.

Фосфатните групи, почнувајќи од оние на Аденозин монофосфатот (АМФ) се нарекуваат алфа (α), бета (ß) и гама (γ) фосфати. Биохемиските имиња за АТФ се 9-ß-D-рибофуранозиладенин-5'-трифосфат, и еквивалентно, 9-ß-D-рибофуранозил-6-амино-пурин-5'-трифосфат.

Синтеза

Просторен модел на АТФ

АТФ може да се произведе во различни клеточни процеси, но најчесто во митохондриите преку оксидациска фосфорилација, под каталитичко влијание на ензимот АТФ синтетаза, или кај растенијата во хлоропластите, во текот на фотосинтезата. Главен извор на енергија за синтеза на АТФ се глукозата и масните киселини. Прво, глукозата се раздвојува на пируват во цитозолот. Две молекули на АТФ се генерираат од секоја молекула на глукоза. Завршните фази во синтезата на АТФ се одвиваат во митохондриите и произведуваат до 36 или 38 молекули на АТФ.

АТФ во човечкото тело

Вкупната количина на АТФ во човечкото тело изнесува околу 0,1 молови. Енергијата која ја користат човечките клетки бара хидролиза на 200 до 300 молови АТФ дневно. Ова значи дека секој молекул на АТФ се рециклира 2000 до 3000 пати секој ден. АТФ не се складира, па затоа неговото искористување треба да следи брзо по неговата синтеза.

Останати трифосфати

Клетките имаат и други високоенергетски нуклеозид трифосфати, како гванозин трифосфат. Помеѓу нив и АТФ енергијата лесно може да се пренесува преку реакции како што се оние кои се катализирани од нуклеозид дифосфокиназа — енергијата се ослободува кога се хидролизира фосфат - фосфат врската. Оваа енергија можат да ја користат различни ензими, моторни протеини и транспортни протеини за својата работа во клетката. Со процесот на хидролиза се ослободуваат неорганските соединенија фосфат и аденозин дифосфат, кој може и понатаму да се разложи до аденозин монофосфат. АТФ може да биде разложен во АМФ и на директен начин, со создавање на пирофосфат. Оваа реакција има предност за сметка на претходната во тоа што е ефективно неповратен процес во воден раствор.

Реакција на АДП со ГТП

АДФ + ГТФ ↔ АТФ + ГДФ

Постои идеја да се користи АТФ како енергетски извор во нанотехнологијата и имплантите. Вештачки пејсмејкери би можеле да станат независни од бактериите.

Види и

Надворешни врски