Денес над Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 41 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q185128 (translate me)
Ред 147: Ред 147:
[[Категорија:Македонска музика]]
[[Категорија:Македонска музика]]
[[Категорија:Национални химни]]
[[Категорија:Национални химни]]

[[az:Makedoniya dövlət himni]]
[[be:Гімн Рэспублікі Македоніі]]
[[be-x-old:Гімн Рэспублікі Македоніі]]
[[bg:Химн на Република Македония]]
[[bs:Denes nad Makedonija]]
[[ca:Denes nad Makedonija]]
[[cs:Makedonská hymna]]
[[de:Denes nad Makedonija]]
[[el:Ντένες ναντ Μακεντόνιγια]]
[[en:Denes nad Makedonija]]
[[es:Denes Nad Makedonija]]
[[eo:Nacia himno de Makedonio]]
[[fr:Denes Nad Makedonija]]
[[gl:Denes nad Makedonija]]
[[ko:마케도니아 공화국의 국가]]
[[hy:Մակեդոնիայի Հանրապետության օրհներգ]]
[[hr:Denes nad Makedonija]]
[[id:Denes nad Makedonija]]
[[it:Denes Nad Makedonija]]
[[he:המנון מקדוניה]]
[[lt:Makedonijos himnas]]
[[nl:Denes nad Makedonija]]
[[ja:今日、マケドニアの上に]]
[[no:Denes Nad Makedonija]]
[[pl:Hymn Macedonii]]
[[pt:Denes nad Makedonija]]
[[ro:Denes nad Makedonija]]
[[ru:Гимн Республики Македонии]]
[[sq:Himni i Republikës së Maqedonisë]]
[[sk:Denes nad Makedonija]]
[[sl:Denes nad Makedonija]]
[[sr:Данас над Македонијом]]
[[sh:Denes nad Makedonija]]
[[fi:Tänään Makedonian yllä]]
[[sv:Denes nad Makedonija]]
[[th:เดเนส นาด มาเคดอนียา]]
[[tg:Суруди миллии Ҷумҳурии Мақдуния]]
[[tr:Denes nad Makedonija]]
[[uk:Гімн Республіки Македонії]]
[[yo:Denes nad Makedonija]]
[[zh:今天在馬其頓之上]]

Преработка од 20:13, 7 март 2013

„Денес над Македонија“
Ноти и текст на македонската химна

Национална химна на Македонија Македонија
Друг наслов„Денес над Македонија се раѓа“
ТекстВладо Малески, 1941
МузикаТодор Скаловски, 1943
Усвоена1944
Звучен извадок
„Денес над Македонија“

Денес над Македонија е национална химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.[1]

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии- денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев[2].

Историја на химната

Указ за химна на Македонија од 1992.

Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 година а за прв пат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.[3]

За овој настан Малески ќе рече:

Закон за химната на Македонија од 1992.

„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната "Денес над Македонија" која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“

—Владо Малески[4]

Меѓу присутните активисти на народно-ослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски кој за песната изјавил:

„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“

—Никола Кочоски[5]

Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „... Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „... Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народно-ослободителни песни“ во јуни 1943 година.

Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов,[6] односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.

Кога се официјализирала химната во 1992 година, меѓу предлозите ја немало изворната химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа.[7] За прв пат химната, официјално, била испеана од триото: Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски.

„Малески рече дека таа строфа гласи: „Од гроб станаа славните ѕидари на Крушовската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“. Интересно е што тука го нема името на Даме Груев“.

—Симо Младеновски[8]

Текст

Денешна верзија усвоена во 1991 Верзија на химната по аранжман на Тодор Скаловски од 1989 Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

 Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат
за својте правдини.

Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.

Одново сега знамето се вее
над Крушевската Република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее.

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)[9]
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Македонија слободна,
слободна ќе живее!

Ноти

Денес над Mакедонија се раѓа
Денес над Mакедонија се раѓа

(Кликни ја сликата за поголем формат)

Наводи

  1. Закон за химната на Република Македонија, Службен весник на РМ 50/92.
  2. „По Републиката, Карев ја загуби и химната“
  3. Културно наследство на Струга
  4. Културно наследство на Струга
  5. Културно наследство на Струга
  6. Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 40 стр.
  7. По Републиката, Карев ја загуби и химната
  8. „По Републиката, Карев ја загуби и химната“
  9. Стихот „Од гроб станаа славните ѕидари“ е во оригиналната верзија на песната, а Илива и Сариевски го замениле со „Одново сега знамето се вее“. Останатите стихови се исти со оригиналот.

Надворешна врска