Иван Точко: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава nl:Ivan Totsjko
Ред 47: Ред 47:


[[bg:Иван Точко]]
[[bg:Иван Точко]]
[[nl:Ivan Totsjko]]
[[uk:Іван Точко]]
[[uk:Іван Точко]]

Преработка од 17:34, 6 март 2013

Иван Точко
Роден/а9 јануари 1914
Македонија Охрид, Македонија
Починат/а12 ноември 1973
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател

Иван Точко (Охрид, 9 јануари 1914 - Скопје, 12 ноември 1973) бил македонски раскажувач, новинар и драмски писател. Еден е од основачите на Друштвото на писателите на Македонија. Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“.[1]

Се школувал во Охрид и Битола. Завршил Правен факултет во Белград и Театарска академија во Софија.[2]

Беше учесник во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје и беше уредник на списанието „Македонија“.

По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото е уапсен и испратен на Голи Оток.[3]

Загинал во сообраќајна несреќа, прегазен од автомобил, по излегувањето од автобус.

Библиографија

  • „Бојана“ (раскази, 1953)
  • „Акорди“ (раскази, 1956)
  • „Прстен“ (раскази, 1959)
  • „Раскази“ (1962)
  • „Вино за душите“ (новелети, 1968)
  • „Премиера“ (раскази, 1970)
  • „Грев“ (лирски минијатури, 1971)
  • „Плуто“ (драма, 1972)
  • „Охридска трилогија“ (три драмски текстови - „Под Акропол“, „Робинка“ и „Плуто“, 1974)

Наводи

  1. Средба со Иван Точко
  2. Маринела Јовановиќ, Нада Филева „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002.
  3. Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 136-139 стр.