Моите 60 незаборавни партии: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава ca:My 60 Memorable Games
HRoestBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Додава ja:My 60 Memorable Games
Ред 61: Ред 61:
[[de:Meine 60 denkwürdigen Partien]]
[[de:Meine 60 denkwürdigen Partien]]
[[en:My 60 Memorable Games]]
[[en:My 60 Memorable Games]]
[[ja:My 60 Memorable Games]]

Преработка од 01:49, 5 март 2013

Моите 60 незаборавни партии
Изданието на книгата од издавачката куќа Simon & Schuster од 1969 (на англиски јазик)
АвторБоби Фишер
Изворен насловMy 60 Memorable Games
Земја САД
Јазиканглиски

Моите 60 незаборавни партии е шаховска книга од познатиот американски шахист и поранешен светски првак (1972-1975) Боби Фишер. Книгата за прв пат била издадена во 1969, а претставува збирка на одиграни партии од страна на авторот во перидотe од 1957 (од шаховски турнир одржан во Њу Џерси до 1967 (меѓузонскиот шаховски турнир во Сус). За разлика од многу други антологиски збирки кои во дел од насловот ги содржат зборовите Моите најдобри партии или нешто слично, во кои се анализирани само партиите во кои авторот победил, делото Моите 60 незаборавни партии содржи и 9 реми апартии и 3 порази. Делото е опишано како „класика на објективноста и макотрпната анализа"[1] и се смета за едно од најзначајните дела во шаховската литература.[2] Оригиналниот наслов бил издаден во дескриптивна нотација. Изданието во алгебарска нотација, кое било издадено во 1995, повлекло контроверзи, бидејќи Фишер го објавил делото со промени направени во текстот. Во 2008 беше издадено оригиналното издание, со промени во алгебарската нотација и отстранување на типографските грешки, грешките во нотацијата notation mistakes и грешките во последните 5 потези од партијата бр. 17 (против Михаил Таљ).

Составување

Издавањеето на делото било планирано подолго време од страна на издавачката куќа Simon & Schuster. еговиот првобитен наслов бил Најдобрите шаховски партии на Боби Фишер. Фишер најпрвин соопштил дека делото ќе биде издадено по неговиот меч против Ботвиник“ (тогаш светски првак), настан којшто требало да се одигра, најпрвин во 1962, а потоа кон средината на 1960-тите, но никогаш не се одиграл.[3] Тогаш, Фишер додал повеќе партии и го променил насловот во Моите незаборавни партии - 52 турнирски партии. До тој степе делото било подобрено за време на одржувањето на Пјатигорскиот куп во 1966. И покрај тоа, тој тогаш имал ненадејни проблеми со срцето, па не го издал делото и бил ослободен од договорот со издавачката куќа.. Тоа посочило на мислењето дека тој не сакал да ги открие сите тајни, што било наведено и во книгата со обемните анализи на различните можни варијанти во неговите партии. Во 1968, тој го променил своето мислење и одлучил да ја издаде книгата. Неговиот пријател и колега велемајсторот Лари Еванс, кој му помогнал околу издавањето и ги напишал воведните реченици во сите партии, изјкавил дека Фишер се почувствувал навлезен во философската мисла дека „во секој случај светот се приближува кој својот крај“ и поради тоа сакал да заработи барем малце пари од својот труд.[4] Фишер мислел дека наскоро ќе настане занесеноста.[5] Тој продолжил да ја прегледува збирката и додал уште 8 партии, променувајќи го насловот во Моите незаборавни партии – 60 турнирски борби пред да се одлучи за конечното име, по кое делото било издадено.

Содржина

Збирката започнува со партија одиграна во 1957, односно познатата „партија на векот“, одиграна против Доналд Б'рн во 1956 (оваа партија е дел и од една помала книга, насловена Шаховските партии на Боби Фишер, издадена во 1959). Трите партии во кои Боби Фишер загубил, а ги анализирал во книгата се против Таљ на турнирот на кандидатите во 1959, Спаски на шаховскиот турнир во Мар дел Плата во 1960 и против Гелер во Скопје во 1967. Меѓу деветте реми партии се наоѓа и партијата одиграна против тогаш актуелниот светски првак Михаил Ботвиник во партија одиграна на 15. шаховска олимпијада во Варна. Оваа партија содржи најдолга и најобемна анализа во книгата, во која Фишер заклучува дека пропуштил победа во завршницата. Ботвиник подоцна го оспорил овој заклучок, благодарение на својот 13-годишен ученик Гари Каспаров.[6] Ова е редок пример, кога една анализа на партија направена од Боби Фишер е доведена во знак прашање. Меѓу победите, се издвојуваат: неговата првата победа над советски велемајстор (против Паул Керес во Цирих) во 1959 и победата во 21 потег со црни фигури против Роберт Б'рн на првенството на САД во 1963/64. Во книгата се анализирани и седум партии од негопвиот прв турнир на кандидатите во 1959, но само две од вториот Курасао во 1962. Сите партии биле одиграни на турнири, освен домашната пријателска против Рубен Фајн во 1963 и победата на Фишер, играјќи симултанка во 1964 на турнеја низ САД.

Фишер направил неколку набљудувања за навиките и реакциите на противниците по одигрувањето на неговите потези. Во воведната партија пишува дека „Шервин го лигзгал топот со малиот прст, со што би можел да забележи некој повешт и мистериозен потег со својот топ.“ Во друга партија, тој пишува дека „ и на Петросјан и на Таљ им се има случено да станат и да се шетаат покрај таблата. Петросјан правел искривени гримаси, кои на Фипшер му го давале мислењето: „Може ли црниот да го направи ова и да живее““.

Тој исто така дава мислење и за отворањата, нагласувајќи дека „во принцип никогаш нема да се отвори со даминиот пешак“ и дека отворањето со кралскиот пешак било „најдобро на вкус“.

Прифаќање

Делото Моите 60 незаборавни партии било прифатено од страна на пошироката шаховска заедница со огромен ентузијазам и веднаш постигнало успех.[4]Еден преглед во Британскиот шаховски магазин од декември 1969 го нарекол делото „големо дело без сомневање, кое може да оди напред пред Алехин и Тараш и не се плаши од споредби.“ По поновото издание во 1995, истиот магаазин објавил дека тоа е најубавата шаховска книга којашто некогаш била напишана.[7] Фишер бил пофален за неговата непристрасност, обемност и пшрецизност во неговите анализи. Тоа иамло големо влијание на денешните врвни шахисти. Питер Бајасас станал интернационален мајстор проучувајќи само две книги: Завршници со топови од Левенфиш и Смислов и Моите 60 незаборавни партии.[2] Ова дело било и првата проучена книга на велемајсторот Бу Сјангџи. Тој изјавил дека „партиите биле фантастични“.

Неавторизираната руска верзија

Изданието на книгата на руски јазик се појавило во 1972, без дозвола од авторот. Преведувачот изјавил дека неколку од анализите на Фишер содржат анти-советска содржина.[2] Изданието вклучува додатен дел, напишан од страна на велемајсторот Игор Зајцев, во кој е оценет стилот на игра на Фишер. На една од прес-конференциите за време на неговиот меч против Борис Спаски во 1992, Фишер изјавил дека 50.000 копии од книгата биле отпечатени во Советскиот Сојуз и дека тој „немал ниту пени“ од нив. На шпекулациите за евентуален меч против тогаш актуелниот светски првак Гари Каспаров, тој одговорил дека ништо не може да биде позначајно пред руските автори да му платат за сите ројалити, којшто чувствувал дека се непокриени.[8] Ова издание била една од првите книги на Гари Каспаров.[9]

Контроверзата Batsford

Британската издавачка куќа, Batsford, издала издание на книгата Моите 60 незаборавни партии во 1995 година. Шаховскиот автор и велемајстор Џон Нан ја претворил оригиналната дескриптивна шаховска нотација во современа алгебарска нотација. Пред јавноста во Буенос Аирес во јуни 1996, Фишер го објавил нововто издание, обвинувајќи ја издавачката куќа Batsford за како што тој вели:

„промена на сè во мојата книга, нотацијата, формата, страниците, анализите... и без платени ројалити.„[7]

На ова, издавачката куќа одговорила дека за правата ѝ платиле на издавачката куќа Faber and Faber и изјавила дека тие дури извршиле и поправки на многу нејасни дескриптивни нотации на потезите. И покрај тоа, излегува дека тие додале погрешна анализа во0 една партија, погрешно верувајќи дека Фишер направил превид на мат во четири потези.[7] Шаховскиот историчар Едвард Винтер открил дека имало над 570 текстуални измени.[7] Во CHESS magazine, тој запишал:

... целосни оознаки на Фишер биле отфрлени, поединечни зборови биле избришани, а други зброви биле додадени“ и „изразувањето на Фишер било променето без оправвдување.[7][10]

Велемајсторот Ханс Рее изјавил дека:

во Холандија ваквите промени сочинуваат криминален напад и теоретски водат до затворска казна. ... Фишер имал право да се лути.“[11]

Ова издание сегае надвор од печатење, а во 2008, издавачката куќа Batsford повторно ја издаде книгата со Фишеровите оригинални зборови. Издавачот тврди дека единствената измена е промената во алгебарска нотација, иако прегледот на изданието од 2008 покажува неколку типографски грешки, а поправени биле и неколку грешки во нотацијата.[7]

Измамата за „Мојата 61 незаборавна партија“

Во декември 2007, на Интернет страната eBay се појави пиратско издание насловено Мојата 61 незаборавна партија . Книгата наводно соржи понови записи на Фишер, но неговата вмеаност е нејасна, а eBay веќе стапи кон крајот на лицитацијата.[12] Лари Еванс мислел дека е можно тоа да била пиратска верзија на „гениозниот“ ракопис на Фишер,[13] но во април 2008 заклучил дека тоа било само измама.[14]

Изданија

Изданието од 2008
  • Првото издание на книгата било издадено во јануари 1969 од издавачката куќа Simon & Schuster во 384 страници. Подоцна биле издадени и неколку книги со меки корици. Сега повеќе не се печатат.
  • Изданието со меки корици во Обединетото Кралство за прв пат било издадено на 4 април 1972 од издавачката куќа Faber and Faber, ISBN 0-571-09987-4. Сега пиовеќе не се печати.
  • Неавторисиранота руска верзија од 1972 (прочитајте погоре).
  • Силнокритикуваното алгебарско издание на издавачката куќа Batsford (прочитајте погоре) во 240 страници, ISBN 0-7134-7812-8, ISBN 978-0-7134-7812-9. Во продажба било пушртено на 5 февруари 1995 и сега повеќе не се печати.
  • Поновот издание од издавачката куќа Batsford беше издадено во 2008 со меки корици во 384 страници, ISBN 978-1-906388-30-0. Текстот во ова издание е идентичен како и оној во оригиналното, освен замената на алгебарската шаховска нотација со дескриптивната и поправката на некоку типографски грешки и грешки во нотацијата. Разпоредот е сличен како оригиналниот.[15][7] Текстот е со авторското право на Фишер од 1969, 1972, 1995 и 2008.

Наводи

  1. Предлошка:Цитирана книга
  2. 2,0 2,1 2,2 Предлошка:Цитирана книга
  3. Предлошка:Цитирана книга
  4. 4,0 4,1 Предлошка:Цитирана книга Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „brady“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Chess Life, април 2009, стр. 10.
  6. Предлошка:Цитирана книга
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 Предлошка:Цитирана веб страница
  8. Предлошка:Цитирана книга
  9. The Chessman, TIME, 26 јануари 2008
  10. CHESS magazine, јануари 1997, стр. 45-48.
  11. New in Chess magazine, issue 3/1999, page 95
  12. New York Times on 61 Memorable games
  13. Предлошка:Цитирана веб страница
  14. 61 Memorable Games: A Hoax, Лари Еванс, мрежно место на Американската шаховска федерација, 10 април 2008
  15. Batsford