Сасанидско Царство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rubinbot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам ckb:ساسانییەکان во ckb:ئیمپراتۆری ساسانی
Ред 81: Ред 81:
[[sk:Sásánovci]]
[[sk:Sásánovci]]
[[sl:Sasanidi]]
[[sl:Sasanidi]]
[[ckb:ئیمپراتۆری ساسانی]]
[[ckb:ساسانییەکان]]
[[sr:Сасанидско царство]]
[[sr:Сасанидско царство]]
[[sh:Sasanidi]]
[[sh:Sasanidi]]

Преработка од 13:33, 4 март 2013

Сасанидското царство во 610.

Сасанидското Царство (226 - 651) (персиски: ساسانیان) било основано од Ардашир I по победата над Партијскиот крал Артабанус IV. Тој повел востание против Партија во обид да ја возобнови славата на Персија и да ја озакони хеленизираната форма на зороастриската религија која се практикувала во Југозападен Иран. По победата, се прогласил за шах на новото Персиско Царство.

Сасанидските цареви се гледало себеси како наследници на Персија од времето на Дариј и Цирус. Тие презеле агресивни експанзионистички политики и ги повратиле источните земји кои Кушаните ги имале освоено во времето на Партија. Сасанидите продолжиле да војуваат со Рим, дури и го заробиле римскиот император Валеријан во 260. год.

За разлика од Партија, новото царство било мошне централизирано. Народот бил цврсто организиран во кастински систем: свештеници, војници, писари и обични луѓе. Зороастризмот станал официјална државна религија и се раширил надвор од Персија кон провинциите. Повремено имало и прогони на верници од други религии. Источната православна црква била особено прогонувана, но ова било делумно и поради нејзината поврзаност со Источното римско царство. Несторијанските христијани биле толерирани, а понекогаш и фаворизирани во Царството.

Војните и верската контрола кои првобитно го поттикнале развојот на царството, подоцна придонеле за негов пад. Источните региони биле освоени од Белите Хуни во доцниот 5 век. Приврзаниците на некои секти се побуниле во истото време. Царот Косрау I подоцна успеал да ја консолидира Персија и ги освоил Антиохија и Јемен. Помеѓу 605 и 629 Сасанидите го анектирале и Левант и Египет, а потоа се рашириле и во Анадолија.

Сепак, следната војна со Римјаните конечно го уништила царството. Во текот на долгиот конфликт, сасинидските војски стигнале до Константинопол, но не успеале да ги победат Византијците. Во меѓувреме Византискиот император Хераклиј ги заобиколил персиските главнини во Мала Азија и ја нападнал заднината во Северна Месопотамија. Сасанидите биле принудени да ги предадат освоените земји и да се повлечат.

Поради ширењето на Исламот и падот на Сасанидското царство, Персијците потпаднале под власт на арапски владетели во тек на скоро 2 века, пред да можат повторно да се ослободат. Во овој период извесен број мали и бројно послаби арапски племиња мигрирале во Иран.[1] Исто и некои турски племиња се населиле во Персија во периодот од 9-12 век.[2]

Видете исто така

Извори

  1. Заринкооб, стр. 355-357
  2. Заринкооб, стр. 461, 519