Guns N' Roses: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Менува bg:Гънс Ен Роузис
с r2.7.2) (Робот: Ја менувам ka:განზ-ენ-როუზიზი во ka:Guns N' Roses
Ред 198: Ред 198:
[[he:Guns N' Roses]]
[[he:Guns N' Roses]]
[[jv:Guns N' Roses]]
[[jv:Guns N' Roses]]
[[ka:Guns N' Roses]]
[[ka:განზ-ენ-როუზიზი]]
[[la:Guns n' Roses]]
[[la:Guns n' Roses]]
[[lv:Guns N' Roses]]
[[lv:Guns N' Roses]]

Преработка од 08:27, 4 март 2013

Guns N' Roses
Guns N' Roses во 2006
Животописни податоци
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
ЖанровиХард рок, хеви метал [1][2][3][4][5]
Период на активност1985–денес
ИздавачиGeffen, UZI Suicide
СоработнициHollywood Rose
L.A. Guns
Michael Monroe
Slash's Snakepit
Velvet Revolver
Loaded
Мреж. местоwww.gunsnroses.com
Членови
Аксл Роуз
Рон „Бамблфут“ Тал
Диџеј Ашба
Ричард Фортус
Томи Стинсон
Дизи Рид
Крис Питман
Френк Ферер

Guns N Roses (понекогаш познати само по кратенката GN’R) се амеркански хард-рок бенд, формиран во Лос Анџелес, Калифорнија, во 1985 година. Класичната постава, која што потпиша договор со „Гефен Рекордс“ во 1986 се состои од вокалистот Ексл Роуз, соло-гитаристот Слеш, ритам-гитаристот Изи Страдлин, басистот Даф Мекеган и тапанарот Стивен Адлер. Денес, Ексл Роуз е единствениот оригинален член на групата, во која членуваат Дизи Рид, клавијатуристот од времето на „Искористи ја твојата илузија“ (Use Your Illusion), соло-гитаристите Ди Џеј Ашба и Рон „Бамблфут“ Тал, соло и ритам-гитаристот Ричард Фортус, басистот Томи Стинсон, тапанарот Френк Ферер и клавијатуристот Крис Питмен. Бендот има издадено шест студиски албуми, кои имаат достигнато продажба од повеќе од 100 милиони ширум светот, вклучувајќи продажба од 45 милиони во САД. Една година по издавањето, деби-албумот на Ганс ен роузес „Апетит за уништување“ (Appetite for Destruction) (1987) достигна до првото место на „Билборд 200“ по заслуга на нивниот хит „Sweet Child o’ Mine“, нивниот единствен сингл кој се искачи на првото место на „Билборд Хот 100“. Албумот се има продадено во успешни 28 милиони копии ширум светот, вклучувајќи 18 милиони продадени во САД, што го направи најдобро продаван деби-албум на сите времиња во САД. Успехот на нивното деби беше проследен со албумот со осум песни ГНР лаги (GN’R Lies) (1988). Дуплиот албум „Искористи ја твојата илузија 1“ (Use Your Illusion I) и „Искористи ја твојата илузија 2“ (Use Your Illusion II) (1991) се искачија на второ и прво место на „Билборд 200“ со продажба од вкупно 35 милиони копии ширум светот од кои 14 милиони само во САД. Албумот со преработки „Шпагети-инцидентот?“ „The Spaghetti Incident?“ (1993) беше последниот студиски албум со Слеш и Мекеган. После повеќе од една деценија со работа и повеќе промени во поставата, Ганс ен роузес го издадоа долго чеканиот албум „Кинеска Демократија“ (Chinese Democracy) (2008), кој е проценет на четиринаесет милиони долари за продукција и тоа го направи најскапиот продуциран албум во музичката индустрија. Достигна до трето место на „Билборд 200“, но ги разочара индустриските очекувања и покрај бројни позитивни критики. Ганс ен розес ја имаат добиено заслугата за оживување на мејнстрим популарноста на рок ен ролот, во време кога во популарната музика доминираа денс музиката и поп-металот. Нивните доцни осумдесетти и деведесетти се опишани како период во кој тие потсеќаат на раните „хедонистички бунтовнички“ Ролинг Стоунс. Класичниот состав на бендот, заедно со подоцнежните членови Рид и тапанарот Мет Сорум, за прв пат беа внесени во Рок ен рол Салата на славните во 2012 година.


Историја

Формирање (1985-1986)

Ганс ен роузес беа формирани во март 1985 година од пејачот Ексл Роуз и ритам-гитаристот Изи Страдлин од Холивудска роза, заедно со соло-гитаристот Трејси Ганс, басистот Оле Бајх и тапанрот Роб Гарднер од Л.А. Пиштоли. Бендот дојде до името со комбинирање на имињата на двајца членови од групата. После кратко време, само после неколку свирки, Бајх беше заменет со Даф Мекеган, како и отсуството на пробите на Ганс доведе до негово заменување со Слеш. Наскоро се откажа и Гарднер и го заменија со Стивен Адлер. Страдлин претходно имаше свирено со Слеш во „Холивудска роза“ (Hollywood Rose), додека Слеш имаше свирено со Мекеган и Адлер во „Патна екипа“ (Road Crew). Во јуни 1985 година, само по четири дена откатко составот беше комплетиран, бендот тргна на кратка, неорганизирана турнеја на западниот брег од Сакраменто, Калифорнија, до родниот град на Мекеган Сиетл, Вашингтон. Таканаречената „Пеколна турнеја“ ја цементира првата стабилна постава на бендот и Мекеган подоцна искоментира: „Патувањето ни даде јасна слика за што сме способни, низ што можеме и во што ќе се впуштиме за да ги постигниме нашите цели како бенд“. Со нивното зголемено присуство и свирки на холивудската клупска сцена, во прочуени барови како „Трубадур“ (The Troubadour) и „Рокси“ (The Roxy), Ганс ен роузес го привлекоа вниманието на големи продуцентски куќи. Потпишаа договор со Гефен Рекордс во март 1986 година и добиле 75 000 долари однапред. Во декември истата година тие го издадоа дискот „Живо ?!*@ како самоубиство“ (Live ?!*@ Like a Suicide ) кое содржи четири песни, за да го задржат интересот за живи настапи на бендот, а во меѓувреме се повлекоа од клупската сцена за да работат во студио. ЕП ги содржеше преработките „Nice Boys“од Розева тетоважа и „Mama Kin“ од Аеросмит, заедно со две оригинални композиции – панк-Химната „Reckless Life“ и инспирирана од класичниот рок „Move to the City“. Иако тој е направен како жив албум, четирите песни беа земени од демо-снимки на бендот и врз нив беше снимена врева од публика. „Живо ?!*@ како самоубиство“ (Live ?!*@ Like a Suicide ) беше издаден во филијалата на „Гефен“ „Узи самоубиство“, со ограничена продукција до 10 000 винил копии.

Апетит за уништување и ГНР лаги (1987-1989)

Деби-албумот на Ганс ен роузес „Апетит за уништување“ беше издаден во јули 1987 година. Омотот на албумот беше сменет откако оригиналниот дизајн од Роберт Вилијамс, кој претставуваше нереалистична сцена во која чудовиште со ножеви наместо заби нападнува робот-силувач, беше оценет како преконтроверзен. Новиот омот беше дизајниран од Бил Вајт, тетовирач, кој оригинално ја дизајнира тетоважата која Роуз ја направил минатата година. Сликата ги содржеше черепите на сите членови од бендот на крст. Роуз подоцна инсистирал златната и платинумската плоча да го содржат оригиналниот омот, кој можат да се најдат во внатрешниот дел на дискот. Во САД, „Welcome to the Jungle“ беше издадена како прв сингл на албуми, со видео запис. Отпрвин, албумот и синглот се одолговлекуваа скоро една година без никаков успех, но кога основачот на Гефен, Дејвид Гефен, го замолија за поддршка на бендот, тој ги убеди уредниците на ЕмТиВи да го пуштат спотот за „Welcome to the Jungle“ на паузата меѓу емисиите. Иако спотот беше пуштен еднаш во 4 часот наутро во недела, хард рок и хеви-метал фановите го погледнаа и почнаа да го бараат се почесто. Песната беше земена во филмот со Валканиот Хери „The Dead Pool“во 1988 година, во кој глумеше Клинт Иствуд и членовите на бендот исто така учествуваа во една сцена на филмот. „Sweet Child o’ Mine“ беше втор американски сингл на бендот. Тоа е љубовна песна препеана од поема која Роуз ја напишал за неговата тогашната девојка Ерин Еверли, ќерка на Дон Еверли од Браќата Еверли. Со оглед на големиот успех на бендот, нежната "Sweet Child o' Mine" и видео записот за неа беа многу емитувани на радио и на ЕмТиВи, песната стана голем хит за летото 1988 година и се искачуваше на врвот на топ-листите во САД. Слеш подоцна изјавил: „Всушност таа беше песната што најмалку ја сакав од сите што ги напишавме... Ја мразам, но сепак се чини дека таа е најдобрата наша песна од сите“. Песната беше издадена во Јапонија како дел од дискот „Во живо од џунглата“ (Live from the Jungle). Исто така се најде и на некои живи снимки од настапи на бендот во јуни во 1987 година во „Марки“ (The Marquee) во Лондон, кои беа први настапи на бендот надвор од САД. По успехот на "Sweet Child o' Mine", "Welcome to the Jungle" беше повторно издадена како сингл и достигна до седмото место во САД. Кога „Paradise City“ и нејзиниот видео спот почна да се емитува, стигна на петтото место во САД, „Апетит за уништување“ се искачи на првото место на „Билборд 200“. Досега, албумот се има продадено во над 28 милиони копии ширум светот, од кои 18 милиони во САД, и со тоа тој е најпродаваниот деби-албум на сите времиња во САД. Ганс ен роузес почнаа се почесто да одат на турнеи со нивниот деби-албум, со турнејата „Апетит за уништување“ долга 16 месеци. Освен концертите на кои беа ѕвезди на вечерта, бендот беше и предгрупа на „Култ“ (The Cult), Мотли Кру (Motley Crue) и Алис Купер (Alice Cooper) во Северна Америка во втората половина од 1987 година. Следната година тие беа ѕвезди на вечерта на турнеите во САД, Јапонија и Австралија, и свиреа како предгрупа за „Железната девица“ (Iron Maiden) и „Аеросмит“ (Aerosmith). Тогашниот менаџер на Аеросмит, Тим Колинс, изјави: „До крајот на турнејата, Ганс ен роузес беа огромни. Едноставно експлодираа. Сите ние бевме изнервирани дека „Ролинг Стоун“ одлучи да пишува статија за „Аеросмит“, а Ганс ен роузес завршија на насловната страна на списанието. Одеднаш, предгрупата беше попозната од нас“. Наредниот албум на Ганс ен роузес, „ГНР лаги“, беше издаден во ноември 1988 година. Ги содржи четирите снимки од нивниот диск „Живо ?!*@ како самоубиство“ (Live ?!*@ Like a Suicide ) од 1986 година, како и четири нови акустични песни. „Трпение“ (Patience), едниствениот сингл од „ГНР лаги“, кој достигна до 4 место во САД, додека самиот албум стигна до 2 место на „Билборд 200“. „Една во милион“ (One in a Million) предизвика обвинувања за расизам и хомофобија. Роуз одрече дека е расист и неговата употреба на расистичка клевета со изјавата дека „тоа е збор да опишиш некој кој те нервира е проблем. Зборот „црнец“ (nigger) не мора да значи навреда за црните луѓе“, иако тој подоцна призна дека го користел зборот како навреда за црните луѓе кои се обидуваче да го ограбат. А како одговор за обвиненијата за хомофобија, Роуз изјавил дека се смета себеси за „про-хетеросексуалец“ и за овој став го обвинувал „лошото искуство“ со геј мажи. Концертите во доцните 80ти години не беа само за настапот на бендот. Во текот на еден настап во ноември 1987 година во Атланта, Роуз нападнал некој од обезбедувањето и беше задржан зад сцената од полицијата, додека останатиот дел од групата продолжиле да свират а некој придружник на турнејата пеел. Во текот на два настапи во август 1988 година во државата Њу Јорк, скоро избувнале бунтови. На фестивалот „Чудовиштата на рокот“ (Monsters of Rock) во Англија, истиот месец, два обожаватели беа прегазени до смрт во шутките во публиката. На првата од четирите концерти во октомври 1989 година кога бендот беше предгрупа на „Ролинг Стоунс“ во Колосеумот во Лос Анџелес, Роуз изјавил дека ова ќе бидат нивни последни настапи ако одредени членови од бендот не престанат да „танцуваат со г-дин Браунстоун“, го употребил тоа со името на нивна песна а се однесува за хероин. Ваквите настани му го дадоја прекарот „Најопасниот бенд на светот“ на Ганс ен роузес.

Искористи ја твојата илузија и Шпагети инцидентот (1990-1993)

Искористи ја твојата илузија 1 и 2

Во 1990 година Ганс ен роузес се вратија во студио за да почнат со најамбициозното снимање дотогаш. За време на снимањето на сесиите на „Граѓанска војна“ (Civil War), тапанарот Стивен Адлер не беше во состојба да свири добро поради борбата против зависноста од кокаин и хероин – неговите тешкотии во студио го натераа бендот да направи околу 30 снимки. Како резултат на тоа, Адлер беше отпушен на 11 јули 1990 година а го замени тапанарот Мет Сорум, кој кратко време свиреше со „Култ“ (The Cult), и за кој Ексл рече дека го спаси бендот. Еден интервјуер сугерираше на тоа дека замената на Адлер со Сорум ги претвори Ганс ен роузес од рок ен рол во хеви метал бенд. На тоа Страдлин одговорил: „Да, голема музичка разлика. Првиот пат кога разбрав што Стив направи за бендот беше кога си ја скрши раката во Мичиген. Проба да го скрши ѕидот и си ја скрши раката. И го заменавме со Фред Кори од „Синдерела“(Cinderella) за свирката во Хјустон. Фред отсвири технички добро и смирено, но песните звучеа ужасно. Тие беа напишани со свирењето на Стив и негов стил беше „туркање и влечење“ што им даваше на песните уникатно чувство. Кога тоа ќе го немаше, беше едноставно... неверојатно, чудно. Ништо не беше како што треба. Јас сакав да продолжиме со Стив, но тој немаше свирено веќе две години и не можевме да чекаме повеќе. Не можеше Слеш да го разубеди Стив. Тој не беше подготвен да се исчисти.“ Неколку месеци претходно, Дизи Рид стана шест член на групата кога им се придружи како стален член. Бендот го отпушти нивниот менаџер, Алан Нивен, заменувајќи го со Даг Голдстајн во мај 1991 година. Според статија од списанието „Ролинг стоун“ во 1991 година, Роуз го засили отпуштањето на Нивен (наспроти волјата на некои од неговите другари од групата) со тоа што не ги заврши албумите додека тој не беше заменет. Со доволно музика за два албуми, бендот ги издаде „Искористи ја твојата илузија 1“ и „Искористи ја твојата илузија 2“ на 17 септември 1991 година. Тактиката се исплати кога албумите дебитираа на 2 и 1 место почитувачки на листата на „Билборд“, поставувајќи рекорд кога тие станаа првата и единствената група која го достигна тоа се додека хип-хоп артистот Нели го постигна истото со неговите симултано издадени албуми „Пот“ и „Костум“, кои го срушија рекордот на добро продаваните „Искористи ја твојата илузија 1 и 2“. Албумите беа 108 недели на топ-листата. Ганс ен розес снимија многу видео записи за албумите „Искористи ја твојата илузија“, меѓу кои „Не плачи“ (Don’t Cry), „Ноемвриски дожд“ (November Rain) и „Отуѓена“ (Estranged) – некоу од најскапите видеа на сите времиња. Хит-баладата „Ноемвриски дожд“ (November Rain) (број 3 во САД) стана најбараното видео на ЕмТиВи, за на крајот да ја добие музичката награда ЕмТиВи видео за најдобра кинематографија. Тоа е исто така и најдолгата песна (трае 8:57) во историјата на топ-листите која има достигнато до топ десет. На доделувањето на наградите бендот ја изведе песната со Елтон Џон, кој ги придружуваше на пијано. И пред и после издавањето на албумите Ганс ен роузес тргнаа на 28-месечната турнеја „Искористи ја твојата илузија“. Таа стана позната и по финансискиот успех и многуте контроверзни инциденти што се случија на концертите, и е сеуште најдолгата турнеја во рок историјата.

Турнејата „Искористи ја твојата илузија“

Светската турнеја „Искористи ја твојата илузија“ вклучуваше гитарско соло на Слеш базирано на темата од „Кум“ (The Godfather), пијано преработка од „Во ред е“ (It’s Alright) од „Блек Сабат“ (Black Sabbath) и продолжена импровизација на „Move to the City“, инспирирана од класичниот рок, каде учествуваа ансамбл музичари само за турнејата. Многу од успешните настапи во текот на турнејата беа еднакви, и често ставени во сенка, со зачестени бунтови, задоцнети настапи, со провокативни говори од Роуз. Додека поранешните проблеми со дрога и алкохол на бендот надвор од контрола, Ексл беше многу несигурен, имаше проблеми со звукот и несакано видео и аудио-снимање на настапите. Тој исто така го користеше времето помеѓу песните за да кажува политички изјави против музичките критичари или за познати ривали. На 2 јули 1991 година, во Амфитеатарот Риверпорт во Мериленд Хајтс, Мисури, блиску до Сент Луис, кога ја свиреја песната „Ракетна кралица“ (Rocket Queen), Роуз забележа дека еден обожавател го снима настапот со камера. Тој го замоли обезбедувањето на салата да ја одземи камерата и по неколку секунди одлучи да ја одземи самиот, скокна во публиката и го нападна обожавателот. Жестоко се караше со обожавателот пред физички да го нападен. Од кога го членови од неговата екипа го повекоја од публиката, Роуз рече: „Па, благорение на очајното обезбедување, си одам дома!“, го фрли микрофонот на земја и ја напушти сцената. Разлутената публика почна да се буни и дузина луѓе беа повредени. Роберт Џон, кој ја снимаше цела турнеја, има направено некои снимки. Роуз беше баран од полицијата за почнување на бунтот, но полицијата не можеше да го уапси речиси една година, кога бендот отпатува во прекуокеанските земји за да ја продолжи турнејата. Ексл беше тужен, но судијата наведе дека тој не го започна бунтот директно. Ексл, во негова одбрана, изјави дека обезбедувањето на Ганс ен роузес четири пати го замоли обезбедувањето на салата да ја одземе камерата, и дека сите беа игнорирани, и дека другите членови од бендот пријвија дека беа удирани од шишиња, со кои фрлаше публиката, бидејќи обезбедувањето одби да спроведи ограничено конзумирање на алкохол. После тоа, омотот на „Искористи ја твојата илузија“ содржеше скриена порака насреде секцијата „Благодариме“ која гласеше „Еби се Сент Луис“! На 7 ноември 1991 година, после повторување на инидентот од Сент Луис на еден концерт во Германија, ритам-гитаристот Изи Страдлин неочекувано го напушти бендот. Страдлин цитираше комбинација од личното однесување на Роуз (кој постојано го одложуваше почетокот на концертите со часови) и неговото лошо предводење на беднот и тешкотиите да биде покрај Слеш, Сорум и Мекеган, како последица на неговата нова трезност и нивното продолжување со пиење на алкохол и зависност од супстанци. Ексл Роуз првично сакаше Страдлин да го замени гитаристот од „Jane’s Addiction“, Дејв Наваро, но на крајот тој го замени гитаристот од Лос Анџелес, Гилби Кларк, на кој Слеш му призна дека го спаси бендот. На многу концерти од турнејата Роуз го претставуваше Кларк на публиката и тогаш Слеш и Кларк ја свиреја „Диви коњи“ (Wild Horses), преработка од „Ролинг стоунс“. На крајот од 1991 година, Роуз додаде ансамбл на бендот што вклучуваше дувачка сесија и неколку пратечки вокалисти без оглед на тоа што бендот не сакаше. Изи Страдлин оттогаш има продуцирано единаесет соло-албуми, повеќе отколку што имаат продуцирано сите членови на Ганс ен роузес. Во 1992 година бендот настапи на концертот во чест на Фреди Меркјур и изведе три песни. Слеш подоцна ја изведе „Tie Your Mother Down“ со останатите членови од „Queen“ и вокалистот на „Def Leppard“, Џо Елиот, додека Ексл Роуз ја отпеа „We Will Rock You“ и во дует со Елтон Џон ја отпеа „Bohemian Rhapsody“. Нивната лична листа ги содржеше „Paradise City“ и „Knockin’ on Heaven’s Door“. Кога се вратија во САД за вториот дел од турнејата „Искористи ја твојата илузија“, гитаристот на Queen, Брајан Меј ги отвораше настапите со бенд во кој свиреше и Кози Пауел на тапани. Ексл првично сакаше гранџ бендот „Нирвана“ да ја отвора цела турнеја „Искористи ја твојата илузија“, но фронтменот Курт Кобејн одби. Кобејн исто така имаше негативни коментари за Ганс ен розуес, кои го разлутија Роуз, и започнаа една од неговите најголеми караници, покрај таа со неговите другари од бендот. Подоцна таа година, тие тргнаа на турнејата „Ганс ен роузес/Металика Стадиум“, со американскиот бенд Металика. На еден настап во август 1992 година на стадионот Олимпик во Монтреал, фронтменот на Металика Џејмс Хетфилд претрпи неколку изгореници откако премногу се доближи до експлозија од пиротехниката. Металика беа присилени да го откажат вториот час од шоутом но ветија дека ќе се вратат во градот за уште еден настап. После долго одложување, за време на кое публиката стана многу нетрпелива, Ганс ен роузес ја презедоа сцената. Меѓутоа, скратеното време помеѓу групите не овозможи да се донесат монитори на сцената, со што членовите на ГНР не можеа да се слушнат себеси. Згора на тоа, Роуз рече дека го боли грлото, со што го натера бендот да ја напушти сцената порано. Откажувањето доведе до уште еден бунт од луѓето во публиката, што потсетуваше на бунтот во Сент Луис, кој се случи една година порано. Бунтовниците превртуваа автомобили, кршеа прозорци и локални продавници и палеа огнови. Локалните власти едвај успејаа да ја доведат толпата под контрола. Ова може да се види на видео запис во „Една и пол година во животот на Металика“. На „рокументарецот“ на ЕмТиВи за Металика, бендот зборуваше за оваа турнеја и како тие научија од Ганс ен роузес што да не прават. Историската турнеја заврши во Буенос Аирес, Агрентина, на 17 јули 1993 година. Турнејата траеше 28 месеци во кои се исвирија 194 концерти. Шоуто во Буенос Аирес го означи последниот пат кога Слеш, како и новодојдените Сорум и Кларк, ќе свират во живо со Ексл. На завршетокот на турнејата, Роуз ќе го отпушти Кларк без да се консултира со никого, тврдејќи дека тој беше само „изнајмен“.

“Шпагети инцидентот”

На 23 ноември, 1993 година, Ганс ен роузес издадоа колекција на панк и глем рок преработки со наслов „Шпагети инцидентот“. И покрај протестите на некои од другарите од бендот на Роуз, некомерцијална преработка од песната "Look at Your Game Girl" на Чарлс Менсон беше вклучена на албумот, по негово барање. Години подоцна, Роуз изјави дека ќе ја отстрани песната за новите копии од албумот, тврдејќи дека критичарите и медиумите погрешно го протолкуваа неговиот интерес за Менсон. Ексл може да се види каде што носи црна маичка од Менсон во видео записот за "Estranged" од „Искорости ја твојата илузија 2“. Исто така, во 1993 година на еден настап во Милтон Кејнс во Англија, тој носи црвена маичка од Менсон, со текст од назад "Charlie Don't Surf". Песната "Look at Your Game Girl" не беше отстранета и сеуште се наоѓа на албумот. Покрај почетниот успех, „Шпагети инцидентот“ не достигна толку голема продажба како претходните албуми и неговото издавање директно доведе до зголемени тензии во бендот. Во 1994 година, сите членови на бендот гостуваа во деби-албумот “Pawnshop Guitars” на Гилби Кларк.


Пауза (1994-1998)

Интервјуата со членовите на Ганс ен роузес покажаа дека помеѓу 1994 и 1996 година, и покрај несогласувањата бендот почна да пишува и да снима нов материјал, и според Слеш, поголемиот дел беше напишан од Роуз. Роуз го изјави спротивното во отвореното писмо на официјалната веб страна на Ганс ен Роузес дека тоа беше претежно „албум на Слеш“ и Роуз имал многу мал удел во албумот. Во тоа време, бендот имаше намера да издаде албум со 10 или 12 песни. Што се однесува до нефункционирањето на снимањето на бендот во тоа време, Роуз изјавил „Сеуште ни треба соработка на бендот како едно цело за да се напишат најдобрите песни. Но бидејќи ништо од тоа не се случи материјалот пропадна во вода.“ Во декември 1994 година, Ганс ен роузес издадоа преработка од песната “Sympathy for the devil” од Ролинг Стоунс. Песната се појави во филмот „Интервју со вампирот“, како и „Fallen“, на музиката во филмот и исто така беше издадена повеќе пати како сингл. Тоа беше последниот сингл на Ганс ен роузес со Слеш на соло-гитара, Даф Мекеган на бас, и Мет Сорум на тапани. Исто така свиреше и Пол Хјуџ на ритам-гитара. Гостувањето на Хјуџ ма песната и во бендот создаде голема тензија меѓу Роуз и Слеш, бидејќи Слеш не го сакаше Хјуџ и чувствуваше дека тој нема место во ГНР. Снимката на “Sympathy for the devil”, како и тензијата помеѓу него и Роуз, го наведе Слеш официјално да се откаже од бендот во октомври 1996 година. Него го замени гитаристот за турнеи од „Nine Inch Nails“ во јануари 1997 година, кој потпиша двегодишен договор со бендот во август 1997 година, што го направи официјален член. По заминувањето на Слеш си замина и Мет Сорум, кој беше отпуштен во април 1997 година, потоа басистот Даф Мекеган, кој си замина од бендот во август 1997 година. Така, сите членови кои го снимија „Апетит за уништување“ (без Роуз) си заминаа од бендот. 1994 година беше последната година кога што Роуз одржа прес-конференција и настапи се до 2001 година со неговата нова постава. Единствениот настап на Роуз во 1994 година, беше дует со Брус Спрингстин за песната „Come together“ од Битлси. Официјално растурање на Ганс ен роузес никогаш не се случи, само нови членови доаѓаа по заминувањето на старите. Мекеган беше последниот од поставата на „Апетит“ кој си замина во август 1997 година, и беше заменет една година подоцна од Томи Стинсон (од “The Replacements”.) Крис Врена го замени Сорум само накратко од април до мај 1997 година, по него Под , за на крајот да дојде Џош Фриз во летото 1997 година. До крајот на 1998 година, се појави нова верзија на Ганс ен роузес: многу музичари дојдоа и си заминаа од бендот, но јадрото на групата беше составено од Роуз, Стинсон, клавијатуристот Дизи Рид и мулти-инструменталистот Крис Питмен. Гефен ја издадоа колекцијата од живи настапи од повеќе концерти во текот на турнеите „Апетит за уништување“ и „Искористи ја твојата илузија“. Бендот им должел албум во живо на „Universal/Interscope“ кој што беше првично составен од Даф, кој што во тоа време сеуште беше партнер во бендот.

Новите „Ганс ен роузес“ и „Кинеска демократија“ (1999-2011)

Во 1999 година, бендот издаде нова песна „Oh My God“, која се најде на музиката на филмот „End of Days.“ На песната гостуваше Дејв Наваро и Гери Саншајн, личниот наставник по гитара на Роуз. Песната требаше да биде како вовед за нивниот нов албум, под наслов „Кинеска демократија“. Исто така во 1999 година, на интервју за ЕмТиВи, Ексел изјави дека го има преснимено „Апетит за уништување“ со новата постава, освен две песни кои ги замени со „Patience“ и „You Could Be Mine“. На албумот „Кинеска демократија“ постојано се работело од 1994 година, со Роуз како единствениот оригинален член на бендот. Според еден извештај на „The New York Times“, објавен во 2005 година, Роуз дотогаш веќе потрошил 13 милиони долари во студио. Во 1999 година, гитаристот Робин Финк го напупти бендот за повторно да се приклучи на поранешниот бенд, „Nine Inch Nails“, на турнеја. Во 2000 година, авандгардниот гитарист Бакетхед им се придружи на Ганс ен роузес како замена за Гинк. Тапанарот Џош Фрис беше заменет со Брајант Мантија (од бендот Primus). Робин Гинк се врати во 2000, како засилување на соло-гитара заедно со Бакетхед. Бендот јавно се појави во јануари 2001 година, по девет години од последниот концерт на Ганс ен роузес, со два добро прифатени концерти, од кои едниот во Лас Вегас, а другиот на фестивалот „Rock in Rio“ во Рио де Жанеиро. Бендот отсвири мешавина на песни од претходните албуми како и од тогаш неиздадениот албум „Кинеска демократија“. На концертот во Рио, Роуз го изјави следниот коментар за поранешните членови на бендот: „Знам дека многу од вас се разочарани дека некои од луѓето што ги сакате не можеа да бидат со нас вечерва. Без оглед на тоа што имате слушнато или прочитано, луѓето работеа многу напорно (мислам на моите поранешни пријатели) за да направат се што можат за и јас да не бидам тука денес. Јас сум исто повреден како и вас што за разлика од „Oasis“, ние не можеме да најдеме начин да се сложеме“. Тие настапија на уште два настапи во Лас Вегас на крајот од 2001 година. Во 2002 година, ритам-гитаристот Пол Тобиас го напушти бендот поради негови фрустрации од животот на турнеја и беше заменет од Ричард Фортус (од The Psychedelic Furs и Love Spit Love). Бендот тогаш отсвири неколку настапи во август 2002, како ѕвезди на фестивали и концерти во Азија и Европа. Во септември, тие настапија како изненадување во Њу Јорк на „Видео музичките награди на ЕмТиВи“ . Во 2002 година, првата турнеја на бендот од 1993 година беше организирана за албумот „Кинеска демократија“, со предгрупите CKY и Mix Master Mike. Меѓутоа, првиот концерт во Ванкувер беше откажан од клубот кога Роуз не успеа да се појави (остана во Лос Анџелес), и тогаш избувна бунт. Оваа турнеја имаше и позитивни и негативни резултати. Некои од концертите не се распродадоа добро, додека настапи во поголеми градови како Њу Јорк се распродадоа за само неколку минути. Поради втор бунт од обожаватели во Филаделфија, кога бендот повторно не се појави, промотерот на турнејата Clear Channel го откажа другиот дел од турнејата. Бендот паузираше се додека договорија да свират на Rock in Rio IV во мај 2004 година. Меѓутоа Бакетхед го напушти бендот во март таа година, што го наведе бендот да го откаже концертот. Истиот месец Гефен издаде „Greatest Hits“ од Ганс ен роузес, бидејќи Роуз не успеа да сними нов студиски албум во повеќе од десет години. Роуз го изјасни неговото незадоволство за овој албум бидејќи листата на песни беше објавена без неговиот концерт и даде се од себе за да го спрече неговото издавање со тоа што ги тужеше Гефен. Ова се разбира не успеа, и албумот се продаде во трикратен платинумски тираж во САД. Во февруари 2006 година, демата за песните „Better“, „Catcher in the Rye“, „I.R.S.“, и „There Was a Time“ беа ставени на интернет на страната на Ганс ен роузес од обожавателите. Менаџментот на бендот побара сите линкови на МП3 фалјовите и сите текстови од песните да бидат отстранети од форумите и веб-страните. Без оглед на тоа, радио станиците почнаа да ја ставаат „I.R.S.“ на плејлистите, и песната достигна до 49 место на листата Radio & Records Active Rock National Airplay во последната седмица од февруари – прв пат кога се случи такво нешто благодарение на интернетот. Пред турнејата во Северна Америка беа одржани пет настапи за загревање во септември 2006 година. Турнејата официјално започна на 24 октомври во Мајами. Тапанарот Франк Ферер го замени Брајан Мантија, кој беше отсутен за да биде со неговата сопруга и новороденото дете. Освен на турнејата, песната „Better“ беше на една реклама за Harley-Davidson на интернет, започнувајќи во октомври 2006 година. Истиот месец, Ролинг Стоунс објавија текст откривајќи дека Енди Валас ќе го микса последниот албум. Во декември 2006 година, Ексл Роуз објави отворено писмо до обожавателите, изјавувајќи дека Мерк Меркјуриадис е отпуштен како менаџер на бендот. Тој откри дека последните четири концерти од северноамериканската турнеја ќе бидат скратени за бендот да може да работи на пост-продукцијата за „Кинеска демократија“. Тој исто така објави пробна дата за издавање на албумот за прв пат од најавата за албумот: 6 март 2007 година. На 23 февруари, 2007 година, Дел Џејмс најави дека снимањето за „Кинеска демократија“ е завршено, и дека бендот тогаш започна со миксање. Меѓутоа, ова докажа дека албумот нема да биде издаден на 6 март и албумот немаше уште една дата за издавање. На 10 јануари, 2008 година, личниот менаџер на Ексл, Бета Лебајс, објави дека „Кинеска демократија“ е готов и дека секој го знае тоа. На 4 мај, 2007 година, уште три песни се појавија од „Кинеска демократија“; надоградена верзија од „I.R.S.“, „The Blues“ и насловната песна. Сите три песни беа претходно свирени во живо. Ганс ен роузес тргнаа на светската турнеја за „Кинеска демократија“ во Мексико во јуни, проследена со концерти во Австралија и Јапонија. Песните „Nice Boys“ и соло-верзија од Бамблфут за „Don’t Cry“ беа отсвирени за прв пат од турнејата „Искористи ја твојата илузија“. Турнејата заврши на денот на дваесетгодишнината од издавањето на „Апетит за уништување“, во Осака. Во текот на турнејата, бендот беше составен од Ексл Роуз, Робин Финк, Рон Тал и гитаристот Ричард Фортус, Томи Стинсон на бас, Дизи Рид и Крис Питмен на клавијатури и Франк Ферер на тапани. На 26 март, 2008 година, Dr. Pepper објави план да им даде на сите во Америка – освен на поранешните гитаристи Слеш и Бакетхед – бесплатна лименка од Dr. Pepper доколку бендот го издаде „Кинеска демократија“ пред крајот на 2008 година. Роуз додаде, „Бидејќи на некои песни од албумот свири Бакетхед јас ќе го поделам мојот Dr Pepper со него“. Со новата најава за датата од Ганс ен роузес за издавање на албумот во ноември, Тони Џејкобс, потпретседателот за рекламирањето на Dr Pepper, направија купони за бесплатен сок кои ќе важат 24 часа во недела, 23 ноември, 2008 година. Поради „преоптовареноста“ на серверот, цел ден беше невозможно да се аплицира за бесплатен купон. Наредниот ден, на 27 март 2008 година, бендот најави дека најдоја нов менаџерски тим, предводен од Ирвинг Азоф и Енди Гуд. На 19 јуни, 2008 година, девет песни, наменети за „Кинеска демократија“ беа ставени на една веб-страница и набрзо отстранети поради писмо од продуцентската куќа на бендот. Шест од нив беа стари, додека три беа нови. На 14 јули, 2008 година, „Хармоникс“ заедно со „ЕмТиВи игри“, официјално го објавија издавањето на нова песна од албумот што следуваше „Кинеска демократија“, под името „Shackler’s Revenge“, на нивната нова игра „Rock Band 2“. Исто така, новата песна „Кинеска демократија“ е пуштена на веб-страницата на бендот. На крајот на август, повторно имаше шпекулации за одолговлекувањето за издавање на албумот, од кои подоцна и извештаи во списанието Ролинг Стоун и Билборд дека 25 ноември е екслузивен ден за Best Buy. Ова конечно беше потврдено на 22 октомври кога менаџментот на бендот, Best Buy и Интерскоп Гефен АиМ рекордс официјално издаде конференција на која потврдија дека издавањето на албумот во САД ќе биде на 23 ноември ексклузивно за Best Buy. „Кинеска демократија“ беше издаден на 22 ноември, 2998 година во Европа и Австралија, на 23 ноември во Северна Америка и на 24 ноември 2008 година во Велика Британија, и тогаш албумот стана шести студиски албум и прв албум после „Шпагети инцидентот“ од 1993 година. На 6 февруари, 2009 година, Ексл го даде неговото прво интервју во девет години кога седна заедно со Џонатан Коен од Билборд. Роуз рече дека нема шанси да се согласи повторно да свири со Слеш. „Јасно е дека еден од нас побрзо ќе умре отколку да има повторно обединување на бендот, и како и да е тоа, тажно, грдо или жално, така е како што е. Тие одлуки се направени одамна и повторно кажани година за година од еден човек“. Меѓутоа Роуз е отворен за повторно да работи со Страдлин и Мекеган: „Можам да замислам да направам песна со Изи или да го земам (на турнеја) повторно. Можеби нешто со Даф, но тоа е тоа, и ништо за што ќе мора многу да правам, бидејќи ќе го оставам започнато и недовршено и после ќе се каам. Затоа не, јас не“. Во март, 2009 година, веб-страницата на бендот објави дека ДиЏеј Ашба ќе го замени Робин Финк на „турнејата што следува“, иако изјавата подоцна беше отсранета. Ова доведе до гласини за турнеја, која подоцна ќе биде светската турнеја за „Кинеска демократија“ во 2009/2010 година. Во мај 2010 година, Ексл го тужеше поранешниот менаџер Ирвинг Азоф со 5 милиони долари, изјавувајќи дека Азоф ја саботира продажбата на „камбек“-албумот на Ганс ен роузес и лажеше за потенцијална „супер-турнеја“ со Ван Хален (на кои Азоф им е менаџер) како план за да го присили Роуз повторно да се обедини со неговите отуѓени поранешни членови на бендот. Во неговата тужба, Ексл рече дека Азоф не успеа да го промовира неговиот албум „Кинеска демократија“ и намерно ги откажа концертите, „присилувајќи го Роуз во позиција во која тој ќе нема друг избор освен повторно да се обедини со оригиналните членови на Ганс ен роузес и да оди на турнеја“. Ганс ен роузес беа ѕвезди на вечерта во петок навечер на „Фестивалот Ридинг“ во 2010 година и го затворија фестивалот во Лидс два дена подоцна. Ганс ен роузес доцнеа 58 минути на сцената и поради тоа мораа да го завршат концертот до полноќ. Ова значеше дека тие не можеа да ја завршат листата на песни, кулминирајќи во обид да ја свират „Paradise City“ без појачала и со пеење од публиката. Ексл Роуз оркестрира фрустрација кај обожавателите дека нема да свират на фестивалот во Лидс. Но два дена подоцна тие свиреја на последната вечер од фестивалот во Лидс, со доаѓање на сцена само 30 минути подоцна. На 1 септември, 2010 година во Даблин, бендот доцнеше 90 минути. Ексл ненадејно го запре бендот на средина од втората песна, „Welcome to the Jungle“, и ја предупреди публиката дека ако продолжат со фрлање на шишиња со вода на сцена, бендот ќе си замине. После четвртата песна повторно беше фрлено шише на сцена. Бендот ја напушти сцената. Мајсторот на озвучувањето изјави дека се соочија со технички проблеми, што предизвика повеќе викање. После 15 минути светлата се пуштија, а многумина си отидоа. Неочекувано Ексл го заврши концертот, седејќи или стоејќи, но одби да зборува со публиката освен што им го претстави бендот. На 14 октомври, 2010 година, Даф Мекеган им се придружи на Ганс ен роузес за да изведе четири песни, „You Could Be Mine“, „Nice Boys“, „Knockin’ On Heaven’s Door“ и „Patience“ (на тамбурина), во О2 арената во Лондон, Англија. Врв на тоа беше тоа што тој и Роуз престојуваа во истиот хотел.


Следниот албум, влегувањето во Рок ен рол салата на славните и турнејата во 2012 (2011-досега)

На едно интервју по телефон со Курт Лодер во 1999 година, Роуз рече дека тој и тогашниот нов бенд имаат снимено доволно материјал за дупли албум. Во февруару 2006 година, на еден информативен разговор со списанието Ролинг Стоун, Роуз изјави дека бендот работи на 32 песни. Додека се појавуваа на повеќе пароли од обожавателите во декември 2008 година (после издавањето на „Кинеска демократија“, кој беше издаден во ноември, истата година), тој изјави повеќе наслови на песни на кои тие работеле за можен иден албум. Меѓу насловите ги спомна: „Elvis Presley and the Monster of Soul“ ("Soul Monster", позната под името "Leave Me Alone"), "Atlas Shrugged", "Seven", "The General", "Thyme", "Ides of March", "Berlin" (претходно "Oklahoma"), "Zodiac", "Quick Song", и "Down by the Ocean" (заедно со оригиналниот член Изи Страдлин). Во текот на разговорот, тој го спомна мостот на „Soul Monster“ како најголемиот „Блек Сабат“ момент на бендот и го нарече „најзлобната секција од сите што досега ги имам отпеано“. Во едно интервју од 2007 година, блискиот пријател на Ексл Роуз, Себастијан Бах, изјави дека „Генералот“ има „тешки“ проблеми со „високите вокали“. Исто така рече дека тоа е последица на класичната балада од 1991 година, „Estranged“, од албумот „Искористи ја твојата илузија 2“. Бах исто така напомена дека „Кинеска демократија“ ќе биде првиот од трите нови албуми, и дека Роуз му има кажано дека третиот, уште без наслов, албум ќе биде издаден во 2012 година. Гитаристот ДиЏеј Ашба има изјавено дека се дискутира за следниот албум, напоменувајќи дека бендот „има нафрлано многу идеи“ и се пошегува дека на следниот албум „нема да му треба толку долго време“ за да се издаде. На 20 април, 2011 година, Ашба во интервју на наградите Revolver Golden Gods рече дека Ганс ен роузес „работат на нови песни секој ден“. Гитаристот на ГНР вели дека новиот албум на Ганс ен роузес е на пат и дека песните што Ексл Роуз ги има напишано се генијални. Ова му го кажа на музичкиот репортер Нуи Те Коха на „Triple M Melbourne’s Hot Brekafast“: „Ексл има многу песни во ракавот. Тој веројатно има снимено работи вредни три албуми“. Тоа имам слушнато... Многу ноќи имам седено во неговата хотелска соба и тој само седи на пијаното и свири. И јас му велам „ова е неверојатно, луѓето мора да ја слушнат оваа песна“ и тој вика „а, ова е нешто на што работам“. На еден настап на Ганси на Rock in Rio 4 на 2 октомври, тие ја отсвирија „Estranged“ за прв пат од 1993 година. Повторно на 8 декември, на еден настап во Јангстаун, „Civil War“ беше исто така отсвирена после отсуство од осумнаесет години. На 10 ноември Ексл го даде неговото прво телевизиско интервју, после многу години, на Еди Транк, Дон Џејмисон и Џим Флорентин од „That Metal Show“, дискутирајќи за целата негова кариера и за иднината на бендот. После седумнаесет години на сцената, Даф Мекеган им се придужи на Ганс ен роузес на дел од нивната турнеја за два настапи во Сиетл на 16 и 17 декември 2010 година, како и настапи како предгрупа со неговиот бенд „Loaded“. На 7 декември, 2011 година, беше најавено дека поставата на Ганс ен роузес ќе влезе во Рок ен рол салата на славните, заедно со други бендови како Red Hot Chili Peppers и The Faces. На неговиот Twitter, Ексл искоментира „Сакам да им се заблагодарам на Рок ен рол салата на славните и на нашите обожаватели. Ова е ваша победа“. Во неговото интервју за That Metal Show за влезот искоментира „не знам дали тоа се однесува на мене со стариот бенд и старата постава“,... „Ако ние бевме поканети, не знам што би барале од мене“. Слеш исто искоментира „Благодарение на коментарите на Рок ен рол салата на славните, голема чест е да се влезе. Поздрав! Iii|; ) (sic)“, тој рече „Немам поим како тоа треба да се изведе. Ако Ексл, (басистот) Даф, (гитаристот) Изи и јас почнеме да комуницираме, може да одиме по еден пат. Ако не, Господ знае“. На 20 јануари, 2012 година, Бамблфут зборуваше за можна театарска турнеја што ќе се случи во февруари. Засега непознато е дали тие ќе одат на турнеја со нов албум. Ганс ен роузес најави настапи во САД и Европа. Во едно интервју со Metal Hammer, Дизи Рид ја поддржа хипотезата за повторното обединување на оригиналната постава за влез во Салата на славните: „Знам дека сите членови ќе бидат таму. Не знам што точно ќе се случи, но сигурен сум дека тоа ќе биде многу добро. (...) Искрено, немам зборувано за тоа. Не знам кога, како или зошто, но сигурен сум дека тој ден ќе дојде, кога сите ние ќе мора да зборуваме за тоа“. На 11 април, 2012 година, Ексл Роуз објави официјална изјава на страната на Фејсбук за Ганс ен роузес дека нема да присуствува на влезот на бендот во Салата на славните. На 14 април , 2012 година, поранешните членови на Ганс ен роузес Слеш, Даф Мекеган, Гилби Кларк, Стивен Адлер и Мет Сорум, сите повторно се обединија во Рок ен рол салата на славните. Тие ја изведоа „Mr. Brownstone“, „Sweet Child o’Mine“ и „Paradise City“ со вокалистот на Alter Bridge, Мајлс Кенеди, во отсуство на Роуз.

Музички стил

Музиката на Ганс ен роузес е фузија од панк-рок, блуз-рок, хеви метал и хард рок. Во деведесеттите години, бендот воведе клавијатури (свирени од Роуз или Рид и придружени од Теди Андреадис, на турнеја), и на половина од турнејата „Искористи ја твојата илузија“ додаде дувачка секција на сцената. Додека Рид остана на некои од демата на „Кинеска демократија“, турнеите после 2000 година немаат дувачки инструменти, иако бендот има воведено дувачки инструменти, отсвирени на синтисајзер, на некои од нивните нови песни. Големо влијание на имиџот и звукот на бендот има финскиот бенд Hanoi Rocks (пејачпт Мајкл Монро и Роуз имаат соработувано во повеќе прилики). Роуз има изјавено дека бендот беше главно инспириран од групи како Queen, AC/DC, The Rolling Stones и Rose Tattoo и дека на звукот на „Апетит за уништување“ влијаеја AC/DC, Led Zeppelin, Aerosmith, Black Sabbath, The New York Dolls и Hanoi Rocks. Ганс ен роузес исто така имаат влијаено на многу модерни мејнстрим рок бендови како што се Avenged Sevenfold, Mother Love Bone (кои на крајот ќе станат Pearl Jam), Buckcherry, Dir En Grey, X Japan, Nashville Pussy, Hinder, The Darkness, и Limp Bizkit, помеѓу други.


Членови

Current members

Дискографија

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA