Кил: Разлика помеѓу преработките

Координати: 54°19′31″N 10°8′26″E / 54.32528° СГШ; 10.14056° ИГД / 54.32528; 10.14056
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава ay:Kiel
с r2.6.6) (Робот: Додава gl:Kiel
Ред 288: Ред 288:
[[ga:Kiel]]
[[ga:Kiel]]
[[gd:Kiel]]
[[gd:Kiel]]
[[gl:Kiel]]
[[ko:킬]]
[[ko:킬]]
[[hy:Քիլ]]
[[hy:Քիլ]]

Преработка од 16:25, 3 март 2013

Кил
Поглед од небо на градот
Поглед од небо на градот
Поглед од небо на градот
Грб на Кил
Кил во рамките на Германија
Кил
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ урбан округ
Градски единици 18 окрузи
Градоначалник Торстен Албиг (СПД)
Владејачки партии СПД / Зелени
Основни податоци
Површина 119 км2
Надм. височина 5 м
Население 246.601 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 2.072 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KI
Пошт. бр. 24103–24159
Повик. бр. 0431
Портал www.kiel.de
Координати 54°19′31″N 10°8′26″E / 54.32528° СГШ; 10.14056° ИГД / 54.32528; 10.14056

Кил (германски: Kiel) е главен град и најнаселен град во северната германската покраина Шлезвиг-Холштајн, со население од 238.049 (2010).

Кил е приближно 90 километри северно од Хамбург. Поради неговата географска локација во северниот дел на Германија, во југоисточниот дел на полуостровот Јитланд и на југозападниот брег на Балтичкото Море, Кил станал еден од главните поморски центри на Германија. На пример, градот е познат по големиот број настани во меѓународното едрење, вклучувајќи ја и годишната Килска недела, што е најголемиот настан во едрење во светот. Олимписките натпревари во едрење на Летните олимписки игри во 1936 и во 1972 биле одржани во Кил.[2]

Кил, исто така, е еден од традиционалните домови на балтичката флота на германската морнарица и продолжува да биде голем технолошки бродоградбен центар. Лоциран во Кил е институтот за поморски науки Лајбниц (IFM-GEOMAR) на универзитетот во Кил. Кил е важен поморски сообраќаен центар, благодарејќи на неговата локација на килскиот фјорд (Kieler Förde) и на најпрометниот вештачки воден пат во светот, Килскиот Канал (Nord-Ostsee-Kanal). Голем број на патнички фериботи сообраќаат до Шведска, Норвешка и други земји оттука. Покрај тоа, денес пристаништето Кил е важно пристаниште за тругнување на бродовите за крстарење низ Балтичкото Море.

Во 2005, БДП-то по глава на жител во Кил бил 35.618 , над германскиот национален просек и 159% од просекот на Европската Унија.[3]

Во рамките на Германија и делови од Европа, градот е познат по неговиот водечки ракометен клуб, THW Kiel. Градот е дом на универзитетот во Кил (основан во 1665).

Историја

Среден век

Црквата Свети Никола била изградена во 13-от век. Била уништена во Втората светска војна и обновена во 1950-тите.

Килскиот фјорд бил првпат населен од Норманите или Викинзите, кои сакале да ја колонизираат земјата, која тие ја ограбиле и и по многу години се населиле во германските села. Ова е евидентирано од географијата и архитектурата на фјордот. Кил, првично бил основан во 1233 како Holstenstadt tom Kyle од грофот Адолф IV, а ги добил градските права Либек во 1242 од постариот син на Адолф, Јохан I фон Шауенбург.[4]

Кил, главниот град на Шлезвиг-Холштајн, бил член на Ханза од 1284, додека не бил протеран во 1518 година поради сместување на пирати. Во 1431, Kieler Umschlag (саем) бил првпат одржан, кој станал централен пазар на добра и пари во Шлезвиг-Холшајн, додека не почнал да ја губи значајноста од 1850 па натаму, поради тоа бил одржан за последен пат во 1900, додека неодамна повторно не бил обновен.

Современи времиња

Универзитетот Кил бил основан на 29 септември 1665, од Кристијан Алберт, војвода на Холшајн-Готорп. Голем број на важни научници, меѓу нив Теодор Момзен и Макс Планк, студирале или предавале тука.

Пристаништето и килскиот фјорд.
Ботаничката градиона во текот на зимата.
Оперска куќа Кил

Од 1773 до 1864, градот припаѓал на кралот на Данска. Меѓутоа, бидејќи кралот владеел со Холштајн како феуд на Светото римско царство само преку личен сојуз, градот не бил припоен како дел од Данска соодветно. Така, Кил припаѓач на Германија, но бил управуван од данскиот крал. Дури и кога Царството бил распуштено во 1806, данскиот крал продолжил да владее со Кил, само преку неговата позиција како Војвода од Холштајн. Кога Шлезвиг и Холштајн се спротивставиле против Данска во 1848 (Прва шлезвишка војна), Кил станал главен град на Шлезвиг-Холштајн до данската победа во 1852.

Во текот на Втората шлезвишка војна во 1864, Кил и остатокот од Шлезвиг и Холштајн бил освоен од Германската Конфедерација сојузник на Австриското царство и Кралството Прусија. По војната, Кил бил кратко администриран од Австријците и Прусите, но Австро-пруската војна во 1866 довела до припојување на Кил кон Прусија во 1867. На 24 март 1865, кралот Вилхелм I Германски ја основал пруската флота на Балтичкото Море во Кил, наместо во Данцих (Гдањск).

Кога Вилхелм I Пруски станал император Вилхелм I на Германското царство во 1871, ги одредил Кил и Вилхелмсхафен како Reichskrieghäfen, или „Царски воени пристаништа“. Престижниот Килски јахт-клуб бил основан во 1887 со принцот Хајнрих Пруски како негов патрон. Императорот Вилхелм II станал негов комодор во 1891.

Порати неговата нова улога како главна германска поморска база, Кил брзо се зголемил по површина во следниве години, од 18.770 во 1864 на околу 200.000 во 1910. Многу од стариот градски центар и другата околина биле изедначени и повторно развиени за да обезбедат за поголем град.

Кил бил местото на бунтот на морнарите, што бил предизвикан од Германската револуција на крајот на 1918. Непосредно пред крајот на Првата светска војна, на германската флота стационирана во Кил ѝ било наредено да се испрати во последната голема битка со британската кралска морнарица. Морнарите, кои го сметале тоа како самоубиствена мисија и која нема да има влијание врз исходот од војната, одлучиле дека нема што да загубат и одбиле да го напуштат пристаништето. Дејствијата на морнарите и недостигот на одговор од владата за нив, поткрепени со зголемените критички ставови за царот, предизвикале револуција, која, пак, довела со напуштање на монархијата и основање на Вајмарската Република.

Во текот на Втората светска војна, Кил останал една од најголемите поморски бази и бродоградбени центри на Германскиот Рајх. Исто така, постоеле и кампови за принудна работна сила за локалната индустрија.[5] Поради неговиот статус ккао морско пристаниште и производството на подморница, Кил бил тешко бомбардиран од сојузниците во текот на Втората светска војна. Бомбардирањето уништило 80% од преостанатиот стар град, 72% од централните станбени области и 83% од индустриската област.[6] Во текот на РАФ-бомбардирањето на 23/24 јули 1944, бомбардерите на Луфтвафе се обиделе да интервенираат со измислена (т.н. патка) сила, наместо главните сили да го напаѓаат Кил,[7] и така немало вода три дена, возовите и автобусите не возеле осум дена и немало достапно гас за готвење три недели.[8] Градот, неговото пристаниште, Каналот и неговите научници, биле запленети од британските Т-сили под водство на Тони Хиберт непосредно по германското предавање на западните Сојузници; ги запреле и пристапиле до Данска не паѓајќи под советска власт, и покрај тоа што биле надвор од стоп-линијата, која била договорена.

Како сите други тешко бомбардирани германски градови, градот бил обновен по војната. Во 1946 година, Кил бил именуван за седиште на владата на Шлезвиг-Холштајн и официјално станал покраинска главен град во 1972.

Кил е повторно важен поморски центар на Германија, со бродоградбата, изградбата на подморници и дом на една од трите водечки институции на полето на морски науки во Европа IFM-GEOMAR. Редовните траекти до Скандинавија и Русија, како и најголемиот настан за едрење во светот познат како Килска недела (Kieler Woche) и Килска Регата. Kieler Umschlag е друг фестивал, кој се одвива од 1975 година. Кил, исто така, е дом на големиот услужен сектор и голем број на истражувачки институции, меѓу нив и универзитетот во Кил, кој е најстариот, најголемиот и најпрестижниот универзитет во покраината.

Главни знаменитости

Geistkämpfer пред дворот на Nikolaikirche, од Ернст Барлах
Оперска куќа Кил (Opernhaus Kiel) и градското собрание (Kieler Rathaus).
Историските бродови се делови од годишниот Килска недела, која е најголемиот настан за едрење во светот.

Најстарата зграда во градот е 13-вековната Nikolaikirche (Црква Свети Никола'), која има скулптура од Ернст Барлах пред нејзе, наречена Geistkämpfer.

Кил е најголемиот град во Шлезвиг-Холштајн и затоа шопинг-областа во Кил е главната атракција; се планираат подобрувања и обновувања во следните години. Улицата Holstenstrasse во Кил (Улици Холстен) е една од најдолгите шопинг-улици во Германија. Rathaus (градското собрание), кое е изградено во 1911, има оперативен лифт со отворени кабини, а дизајнот на неговата кула била врз основа на една од Венеција. Плоштадот пред градското собрание се граничи со езерото и Оперската куќа. Има голем број на езера и паркови во градските центар, н.п. Schrevenpark (Парк Шревен). Постојат две ботанички градини, Стара ботаничка градина и Нова ботаничка градина.

Бидејќи, Кил се наоѓа во близина на морето, плажите на север од Кил, како што се Кил-Штранде, Кил-Шилкзе, Мелтенорт и Лабо се исто така популарни места за посета во пролет и лето.

Килската недела, исто така позната и како Килска регата, е најголемиот настан во едрење во светот и се одржува во последната недела секој јуни. Многу илјадници бродови од сите видови земаат дел од парадата. Килската недела е, исто така, и фестивал, Volksfest и саем како и поморски настан.

Постојат голем број на спортски сали во Кил, особено Арена Шпаркасен (порано позната како Сала Балтичко Море или Ostseehalle), која е дом на еден од најуспешните ракометни клубови во светот и повеќекратен германски првак, ТХВ Кил. Моментално не постои фудбалски клуб во Бундеслигата од Кил, но Холштајн Кил игра на стадионот Холштајн. Има голем број на клубови за едрење и пловење во живописни места.

Кил, исто така, има голем број на музеи, вклучувајќи и зоолошки, геолошки, историски, на современа уметност, индустриски и воен музеј. Познат е Stadtmuseum (Градски музеј) во Варлебергер Хоф, кој е во зачувана архитектура од 16-от век и историски соби со насликани штуко-тавани, покажува урбани и културни експонати од 19-от и 20-от век.[9] Особено интересна е историјата на карневалите во Кил.[9] Лабо е дом на Морски споменик Лабо, како и на подморницата од Втората светска војна У 995, кои се популарни туристички локации.

Економија

Holstenstraße (Холстенштрасе) е една од најдолгите шопинг-улици во Германија - Кил е најголемиот град во покраината Шлезвиг-Холштајн.

Економијата во Кил, главно е застапена со услужниот сектор, сообраќајната и поморската индустрија. Кил, исто ака, е и едно од главните пристаништа на германската морнарица и е водечки центар на германската воена и цивилна бродоградба. Кил е дом на HDW Howaldtswerke Deutsche Werft GmbH, бродоградилиште основано во 1838, познато по неговата изградба на подморници. HDW ја изградил првата германска подморница Brandtaucher во 1850 и денес е дел од ThyssenKrupp Морски системи, водечката група на бродоградилишта.

Во 2005, БДП по глава на жител бил 35.618 евра, што е далеку над националниот просек на Германија и 159% од просекот на Европската Унија.[3]

2005 EUROSTAT[10] Номинален БДП
по глава на жител
Кил 35.618 ~49.866 $
 Шлезвиг-Холштајн 24.250 € ~33.950 $
 Германија 27.219 € ~38.107 $
 Европска Унија 22.400 € ~31.360 $

Окрузи

Schreventeich (Езеро Шревен), кое е опкружено од парк и е блиску до центарот, давајќи му го неговото име на една населба во Кил.

Градските окрузи Дистернброк, Шревентајх, Равенсберг и Блихерплац се популарни места за живеење со многу згради од 19-от век, вили и сообраќајници со три ленти. Владините канцеларии, министерствата и парламентот на покраината Шлезвиг-Холштајн се исто така сместени во овие окрузи, особено во Дистернброк. За разлика од штетите во централните делови на градот од тешките бомбардирања во текот на Втората светска војна, многу од станбените области не беа сериозно оштетени. Оттука, помодерниот централен дел на Кил и повеќе историскиот станбен дел на Кил стојат во архитектонски контраст еден со друг.

Постојат планови за големо подобрување и напори за градење на центарот, овозможувајќи подобри тротоари, подобар пристап и поглед на водат и генерално попривлечно да стане местото. Меѓутоа, овие планови сè уште треба да се спроведат во следните години.

Сообраќај

Кил се наоѓа во близина на важниот паневропски автопат, А 7, кој ја поврзува северна Европа со централна и јужна Европа.

Кил има главна железничка станица со возови до Хамбург, Либек, Флензбург и до Хузум.

Кил е важно пристаниште за патничкиот и товарниот сообраќај од Германија до Скандинавија, Балтичките држави и Русија. Патнички фериботи сообраќаат од и до Гетеборг во Шведска (Stena Line, 13½ часови, дневно), Осло во Норвешка (Color Line, 19½ часови, дневно) и Клаипеда во Литванија (DFDS Lisco, 21 час, 6 пати неделно). Товарните бродови сообраќаат од и до Санкт Петербург во Русија (DFDS Lisco, двапати неделно) и Калининград во Русија (NSA, еднаш неделно).

Најблискиот меѓународен аеродром е аеродромот во Хамбург, кој се наоѓа приближно 90 километри јужно од Кил.

Познати личности

Петар III (Русија) (1728–1762)
Макс Планк (1858–1947), физичар
Карл Фридрих фон Вајцзекер (1912–2007), физичар и филозоф

Меѓународни односи

Кил е збратимен со:[11]

Поврзано

Наводи

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. 3,0 3,1 БДП по глава на жители во евра 2005
  4. Предлошка:Цитирана веб страница
  5. Предлошка:Цитирана веб страница
  6. Предлошка:Цитирана веб страница
  7. Џонс, Р. В. (1978). Најтајната војна: Британската научна интелигенција 1939-1945. Лондон: Хамиш Хамилтон. стр. 466. ISBN 0 241 89746 7.
  8. Дневник на кампањата: јули 44, Кралските воздушни сили 60-та команда. Accessed 4 мај 2007
  9. 9,0 9,1 „Килски Градски музеј Варлебергер Хоф“, веб страница на Кил, на германски
  10. Предлошка:Цитирана веб страница
  11. www.kiel.de Збратимени градови на Кил (на германски)

Надворешни врски