Сарбрикен: Разлика помеѓу преработките

Координати: 49°14′0″N 7°0′0″E / 49.23333° СГШ; 7.00000° ИГД / 49.23333; 7.00000
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава stq:Saarbrücken
с r2.6.6) (Робот: Додава gl:Saarbrücken
Ред 237: Ред 237:
[[fr:Sarrebruck]]
[[fr:Sarrebruck]]
[[gd:Saarbrücken]]
[[gd:Saarbrücken]]
[[gl:Saarbrücken]]
[[ko:자르브뤼켄]]
[[ko:자르브뤼켄]]
[[hsb:Saarbrücken]]
[[hsb:Saarbrücken]]

Преработка од 16:20, 3 март 2013

Сарбрикен
Грб на Сарбрикен
Сарбрикен во рамките на Германија
Сарбрикен
Управа
Земја Германија
Покраина Сар
Округ Сарбрикен
Градски единици 20
Градоначалник Шарлот Бриц (СДП)
Основни податоци
Површина 167 км2
Надм. височина 230 м
Население 179.349 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.074 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SB
Пошт. бр. 66001–66133
Повик. бр. 0681, 06893, 06897, 06898, 06805
Портал www.saarbruecken.de
Местоположба на град Сарбрикен во рамките на округот Сарбрикен
Карта
Карта
Координати 49°14′0″N 7°0′0″E / 49.23333° СГШ; 7.00000° ИГД / 49.23333; 7.00000
Грофство Сарбрикен
Grafschaft Saarbrücken (de)
Comté de Sarrebruck (fr)
Grofschaft Saarbrécken (lb)
вазален
Бискупија Мец
околу 1120–1797


Грб

Главен град Сарбрикен
Јазици Рајнско-франкониски дијалекти; видете јазици на Сар
Уредување Кнежество
Историски период Среден век
 -  Се приклучува на Светото
    римско царство

925
 -  Добива царска непосредност околу 1120 12-ти век
 -  Кон Насау-Вајлбург 1353
 -  Окупирано од Франција 1793
 -  Анектирано од Франција 1797
 -  Припаднало на пруското
    големо војводство Долна Рајна

9 јуни 1815


Сарбрикен (германски: Saarbrücken; француски: Sarrebruck; луксембуршки: Saarbrécken) е главен град на покраината Сар во Германија. Градот се наоѓа во срцето на метрополитенската област, која се граничи на запад со Дилинген и на североисток со Нојнкирхен, каде што повеќето луѓе во Сар живеат.

Сарбрикен претставува индустриски и сообраќаен центар во големиот јагленски басен. Производството вклучува железо и челик, шеќер, пиво, керамика, оптички инструменти, машини и градежни материјали. Меѓутоа, во текот на последните декади, индустриската важност на Сар опаѓа, како што рударската индустрија станала непрофитабилна.

Историските знаменитости на градот се камениот мост преку реката Сар (1546), готската црква Свети Арнуал, замокот Сарбрикер од 18-от век и стариот дел на градот, Маркт Свети Јоханер. Во 1815, Сарбрикен бил под пруска контрола и на двапати во 20-от век (1919–35 и 1945–57) територијата на Сар била под француска администрација. Поради оваа причина, заедно со неговата близина до француската граница, задржал одредено француско влијание.

На денешниот германски Сарбрикен (Saarbrücken) буквално означува мостови над Сар и навистина има околу дузина мостови над реката Сар. Меѓутоа, името всушност претходи на секој мост на ова место најмалку 500 години претходно. Историското име на градот е всушност Sarabrucca, што доаѓа од стариот високогермански збор Brucca, што доаѓа од Brocken во високогерманските јазици (камен или карпа).

Историја

Римска империја

Областа Сар била припоена кон Римската империја во првиот век п.н.е. и подоцна била под контрола на Франките. Во 925, станала дел од Светото римско царство.

Среден век до 18-от век

Од 1381 до 1793, грофовите од Насау-Сарбрикен биле главните локални владетели. Често се бореле за нивните посилни соседи; областа дошла под француска доминација во 16-от век и била припоена кон Франција во 1680-тите. Франција била принудена да се откаже од Сар во 1697, но од 1793 до 1815 година повторно ја стекнала контролата над областа.

19-ти век

По 1815, поголемиот дел од областа бил дел од пруската Рајнска Провинција. Во текот на 19-от век, ресурсите на јаглен и железо во регионот биле развиени. На почетокот на Француско-пруската војна областа била првата цел на француските инвазиски сили и ја окупирале помеѓу 2 и 4 август 1870, во текот на оваа војна.

20-ти век

Според Версајскиот договор (1919), рудниците за јаглен во Сар станале ексклузивна сопственост на Франција за период од 15 години, како компензација за уништувањето на француските рудници во текот на Првата светска војна. Договорот, исто така, предвидувал плебисцит, на крајот на 15-годишниот период, за да се утврди идниот статус на областа и во 1935 година повеќе од 90% од електоратот гласал за повторно обединување со Германија, додека само 0,8% гласале за обединување со Франција. Останатите сакале да се приклучат на Германија, но не додека нацистите биле на власт. Оваа статус кво група гласала за задржување на администрација на Друшвото на народите. Сар, потоа се вратил на Германија.

Втора светска војна

Тешко бомбардиран во Втората светска војна и станал дел од француската окупациска зона во 1945, но од областа била направена посебна зона во 1946. Во 1947, Франција ја создала номинално политички независниот протекторат Сар и бил споен економски со Франција со цел да се искористат огромните резерви на јаглен во областа. Политичкиот притисок на Франција од Западна Германија и другите, како и отфрлањето на граѓаните на Сар за компромисното решение за европеизација на областа, довело до политичко обединување со Сојузна Република Германија на 1 јануари 1957 година. Економската реинтеграција, меѓутоа, потрајала извесно време.

Инфраструктура

Градот е опслужен од аеродромот Сарбрикен (SCN) почнувајќи од јуни 2007 ICE брзите возови по линијата LGV Est обезбедуваат брзи врски до Париз од главната железничка станица Сарбрикен. Уникатно, „Saarbahn“ на Сарбрикен (направен според Модел Карлсруе за лесен шински систем) ја поминува француско-германската граница, поврзувајќи го француски град Саргемин.

Образование

Сарбрикен, исто така, е дом на главниот кампус на универзитетот Сар (Universität des Saarlandes). Заедно со универзитетот функционираат и неколку истражувачки центри, меѓу кои се:

Географија

Клима

Сарбрикен
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&1000000000000005400000054
 
&100000000000000030000003
&09999999999999998999999−1
 
 
&1000000000000004200000042
 
&100000000000000040000004
&09999999999999998999999−1
 
 
&1000000000000003800000038
 
&100000000000000090000009
&09999999999999997999999−2
 
 
&1000000000000003800000038
 
&1000000000000001300000013
&100000000000000040000004
 
 
&1000000000000004600000046
 
&1000000000000001800000018
&100000000000000080000008
 
 
&1000000000000004900000049
 
&1000000000000002100000021
&1000000000000001100000011
 
 
&1000000000000005000000050
 
&1000000000000002300000023
&1000000000000001300000013
 
 
&1000000000000004000000040
 
&1000000000000002300000023
&1000000000000001300000013
 
 
&1000000000000003900000039
 
&1000000000000001900000019
&1000000000000001000000010
 
 
&1000000000000005200000052
 
&1000000000000001400000014
&100000000000000070000007
 
 
&1000000000000005900000059
 
&100000000000000070000007
&100000000000000020000002
 
 
&1000000000000006100000061
 
&100000000000000040000004
&100000000000000000000000
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм
Извор: worldweather.org 2007-12-01


Регион

Некои од најблиските големи градови се Трир, Луксембург, Нанси, Мец, Кајзерслаутерн, Карлсруе и Mанхајм. Сарбрикен е, исто така, поврзан со градскиот јавен превоз со градот Саргемин во Франција, дозволувајќи лесно поминување на границата помеѓу двете земји. Исто така, е поврзан и со сателитскиот град Фелклинген, каде што фабриката за стар челик била прогласена за првиот индустриски споменик што се како светско културно наследство на УНЕСКО во 1994 — Völklinger Hütte.

Меѓународни односи

Сарбрикен е збратимен со Тбилиси, Грузија

Сарбрикен е член на унијата на градови QuattroPole, заедно со Луксембург, Мец и Трир (соседните држави: Луксембург и Франција).

Збратимени градови

Сарбрикен е збратимен со:

Познати луѓе

Почесни граѓани

Галерија

Наводи

  1. „Површина и население на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Сар. јуни 2021. (германски)
  2. Предлошка:Цитирана веб страница

Надворешни врски