Дирк Новицки: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава uk:Дірк Новіцкі
Ред 65: Ред 65:
[[ta:டெர்க் நொவிட்ச்கி]]
[[ta:டெர்க் நொவிட்ச்கி]]
[[tr:Dirk Nowitzki]]
[[tr:Dirk Nowitzki]]
[[uk:Дірк Новіцкі]]
[[bat-smg:Dirk Nowitzki]]
[[bat-smg:Dirk Nowitzki]]
[[zh:德克·诺维茨基]]
[[zh:德克·诺维茨基]]

Преработка од 17:04, 28 февруари 2013

Дирк Новицки

Дирк Вернер Новицки (роден на 19 јуни 1978 Вирцбург, Германија) е германски професионален кошаркар кој настапува за тимот на Далас Маверикс во НБА лигата. Висок е 213 цм и тежи 111 кг. Кариерата ја започнува играјќи во локалниот кошаркарски клуб ДЈК Вирцбург. Новицки е селектиран како 9 пик од страна на тимот на Милвоки Бакс во 1998 НБА Драфтот. Истиот ден беше трејдуван во тимот на Далас Маверикс каде игра и до денешен ден.[1]

Новицки е единаесеткратен учесник на Ол-стар натпреварите и четири пати е избран во првиот тим на НБА. Тој е единствениот Европеец кој ја има освоено МВП наградата за најкорисен играч во сезоната 2006-2007. Негов најголем дострел со тимот на Далас Маверикс се случил во сезоната 2010/2011, кога ја освоил шампионската титула во големото НБА Финале каде Мавси триумфираа над екипата на Мајами Хит со 4-2 во серијата. Новицки беше прогласен за најкорисен играч на финалната серија.

Забележителни успеси има постигнато и со репрезентацијата на Германија. На Светското кошаркарско првенство во 2002, Германија го освоила третото место, а Новицки беше прогласен за МВП на турнирот. Три години подоцна во 2005 на Европското кошаркарско првенство со Германија беше поразен во финалето од Грција, a како утешна награда го доби МВП трофејот и на ова натпреварување.

Наводи

  1. Дирк Новицки – Биографија, nba.com, accessed January 6, 2008

Надворешни врски