Цаде (буква): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава fa:زادی (حرف عبری)
с r2.7.3) (Робот: Додава bar:Tsade, it:Tsade
Ред 42: Ред 42:
[[am:ጸደይ]]
[[am:ጸደይ]]
[[arc:ܨܕܐ]]
[[arc:ܨܕܐ]]
[[bar:Tsade]]
[[br:Tsade]]
[[br:Tsade]]
[[ceb:Tsadi]]
[[ceb:Tsadi]]
Ред 49: Ред 50:
[[fa:زادی (حرف عبری)]]
[[fa:زادی (حرف عبری)]]
[[fr:Tsadi (lettre)]]
[[fr:Tsadi (lettre)]]
[[it:Tsade]]
[[he:צ]]
[[he:צ]]
[[ht:צ]]
[[ht:צ]]

Преработка од 02:36, 25 февруари 2013

Цаде
Арапски Сириски Хебрејски Арамејски Феникиски
ﺻ,ﺹ ܨ צ,ץ Цаде Цаде
Фонемска репрезентација (МФА):
Позиција во азбуката: 18
Гематрија/Абџадска вредност: 90

Цаде (исто така Цади, Саде или Сад) е осумнаесеттата буква во многу семитски писма, како феникискиот, арамејскиот, хебрејскиот צ‎ и арапскиот . Нејзината најстара звучна вредност веројатно била МФА: [sˁ], иако постојат разни изговори кај разните денешни семитски јазици и нивните дијалекти. Таа претставува соединеније на три протосемитскиемфатични согласки“ на хананејски јазици. Арапскиот, кој ги задржал фонемите како посебни, има воведено варијанти за изразување на трите. На арамејски, овие емфатични согласки се соединуваат во буквите ајин односно тет, и така хебрејскиот збор ерец ארץ (земја, почва) е араа ארעא на арамејски.

Феникиската буква била претворена во грчката буква сампи Ϡ и сан Ϻ на етрурски 𐌑 Ś. Истата е и веројатен извор на инспирација за создавањето на буквата Ц во глаголицата, а потоа и во кирилицата.

Соодветната буква во угаритската азбука е 𐎕.

Потекло

Потеклото на буквата цаде е нејасно. Можеби дошла од писмата од средното бронзено доба, базирана на пиктографот за тастение, можеби папирус, или пак јадица („цајад“ = лов на денешен хребрејски , или на арапски „сад“ = рибарење или лов).

Хебрејското цаде

Арабица
هـ
Историја · Кирилизација
Дијакритици · хамза ء
Бројки · Нумерација

Име

Буквата ги носи имињата цаде, цади, саде и др. Видете хебрејска азбука за листа на разни транслитерации и изговори.

Изговор

На денешен хебрејски, буквата цаде претставува безвучен алвеоларен африкат (МФА: [ʦ]). Ова важи и за јидиш. Историски, веројатно преставувала фарингијализирано /sˤ/; јеменските евреи и ден денес ја изговараат така.

Варијации

Цаде, како и каф, мем, пе и нун, има финална форма која се користи на крајот на зборовите. Обликот му се менува од: צ на: ץ. Изговорот не се менува.

Значење

Во гематрија, цаде го означува бројот 90. Финалната форма на буквата преставува 900, но ретко се користи - наместо ова се користат тав, тав и коф (400+400+100).

По цаде може да се стави и Гереш ('צ), давајќи му МФА-звучност /ʧ/. Ова најчесто го наоѓаме во хебрејскиот збор צ'יפּסים = деланки, чипс. Стручњаците го користат ова обликување на буквата за недвосмислено претставување на арапската и протосемитската буква дад.

Како кратенка буквата го преставува зборот цафон=север.

Цаде е една од седумте букви која добива посебна круна (наречена тагин) кога е напишана во Сефер тора. Видете шин, ајин, тет, нун, зајин и гимел.

Видете исто така