Универзијада: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава uk:Універсіада
с r2.7.1) (Робот: Додава fa:یونیورسیاد
Ред 152: Ред 152:
[[es:Universiadas]]
[[es:Universiadas]]
[[eo:Universiado]]
[[eo:Universiado]]
[[fa:یونیورسیاد]]
[[fr:Universiade]]
[[fr:Universiade]]
[[ko:유니버시아드]]
[[ko:유니버시아드]]

Преработка од 18:16, 24 февруари 2013

Официјално лого на Универзијадите

Универзитетските игри се повеќеспортски меѓународен настан кој се одржува за универзитетските спортисти од страна на Меѓународната универзитетска спортска федерација (МУСФ). Зборот „Универзијада“ е комбинација од зборовите „универзитет“ и „Олимпијада“. Денес наместо терминот Универзијда, често се употребуваат и термините „Светски универзитетски игри“ и „Светски студентски игри“, иако полследниот може да има значење и на некои подуниверзитетски натпреварувања.

Светски студентски игри (пред првата Универзијада)

Меѓународно универзитетско натпреварување за прв пат било одржано во 1923 година, а било организирано од Националната унија на студенти на Франција. Официјално, „Летни студентски светски пвенства“ биле одржани во 1924, а организирани од Меѓународната судентска конфедерација, а истите биле преименувани во „Светски студенстки игри во 1930. Од 1949 била организирана „Летна меѓународна универзитетска спортска седмица“, а од 1957 „Светски универзитетски игри“. Алтернативни првенства биле организирани во 1939 и од Меѓународната студентска унија од 1947 - 1962. Натпреварите во женска конкуренција за прфв пат биле одржани на игрите во 1930.

Светски студентски игри (Меѓународна студентска унија)

Првите официјални Светски студентски игри биле одржануи во 1924, а од Меѓународната универзитетска спортска фдерација (МУСФ) во 1949. Алтернативен настан бил организиран од Меѓународната студентска унија во периодот од 1947-1962.

Места на одржување на Универзијадите

Во табелата се дадени годинити и местата нан одржување на Летните и Зимските Универзијади.

Година Игри Летна Униврзијада Игри Зимска Универзијада
1959 I Торино,  Италија
1960 I Шамони,  Франција
1961 II Софија,  Бугарија
1962 II Вилар,  Швајцарија
1963 III Порто Алегре,  Бразил
1964 III Шпиндлеров Млин, Чешка Чехословачка
1965 IV Будимпешта,  Унгарија
1966 IV Сестриере,  Италија
1967 V Токио, Јапонија
1968 V Инсбрук,  Австрија
1970 VI Торино,  Италија VI Рованиеми,  Финска
1972 VII Лејк Плесид,  САД
1973 VII Москва, СССР СССР
1975 VIII Рим,  Италија VIII Ливињо,  Италија
1977 IX Софија,  Бугарија
1978 IX Шпиндлерув Млин, Чешка Чехословачка
1979 X Мексико Сити,  Мексико
1981 XI Букурешт, Романија X Хака,  Шпанија
1983 XII Едмонтон, Алберта,  Канада XI Софија,  Бугарија
1985 XIII Кобе, Јапонија XII Белуно,  Италија
1987 XIV Загреб, СФРЈ СФР Југославија XIII Штрбске Плесо, Чешка Чехословачка
1989 XV Дуизбурд,  Германија XIV Софија,  Бугарија
1991 XVI Шефилд, Предлошка:ОБК XV Сапоро, Јапонија
1993 XVII Бафало,  САД XVI Закопане,  Полска
1995 XVIII Фукуока, Јапонија XVII Хака,  Шпанија
1997 XIX Сицилија,  Италија XVIII Муџу, Јужна Кореја Република Кореја
1999 XX Палма де Мајорка,  Шпанија XIX Попрад Татри,  Словачка
2001 XXI Пекинг, Народна Република Кина НР Кина XX Закопане,  Полска
2003 XXII Даегу, Јужна Кореја Република Кореја XXI Тарвизио,  Италија
2005 XXIII Измир,  Турција XXII Инсбрук / Зеефелд,  Австрија
2007 XXIV Бангкок, Тајланд Тајланд XXIII Торино,  Италија
2009 XXV Белград,  Србија XXIV Харбин, Народна Република Кина НР Кина
2011 XXVI Шенџен, Народна Република Кина НР Кина XXV Ерзурум,  Турција
2013 XXVII Казањ,  Русија XXVI Марибор,  Словенија

Спортови

Спортови на Летните Универзијади (кои беа во програмата на Летната Универзијада - 2007)

Спортови на Зимските Универзијади:

Надворешни врски

Гимнастикаспорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со разчки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнувањње од коњ и циркуски вештини.

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од миноската култура многу мажи и жени започнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух. Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот цар Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.

Прочитајте повеќе...