Каријатида: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
с r2.7.2) (Робот: Додава ar, bg, ca, cs, de, el, en, es, eu, fa, fi, fr, gl, he, hr, hu, io, it, ja, ka, nl, pl, pt, ro, ru, sh, sk, sl, sr, sv, uk, vls |
||
Ред 33: | Ред 33: | ||
* [[Коринтски ред]] |
* [[Коринтски ред]] |
||
* [[Сложен ред]] |
* [[Сложен ред]] |
||
[[ar:تماثيل عذراى كارواي]] |
|||
[[bg:Кариатида]] |
|||
[[ca:Cariàtide]] |
|||
[[cs:Karyatida]] |
|||
[[de:Karyatide]] |
|||
[[el:Καρυάτιδες]] |
|||
[[en:Caryatid]] |
|||
[[es:Cariátide]] |
|||
[[eu:Kariatide]] |
|||
[[fa:ستون زنپیکر]] |
|||
[[fr:Cariatide]] |
|||
[[gl:Cariátide]] |
|||
[[hr:Karijatida]] |
|||
[[io:Kariatido]] |
|||
[[it:Cariatide]] |
|||
[[he:קריאטידה]] |
|||
[[ka:კარიატიდები]] |
|||
[[hu:Kariatida]] |
|||
[[nl:Kariatide]] |
|||
[[ja:カリアティード]] |
|||
[[pl:Kariatyda]] |
|||
[[pt:Cariátide]] |
|||
[[ro:Cariatidă]] |
|||
[[ru:Кариатида]] |
|||
[[sk:Karyatída]] |
|||
[[sl:Kariatide]] |
|||
[[sr:Каријатиде]] |
|||
[[sh:Karijatida]] |
|||
[[fi:Karyatidi]] |
|||
[[sv:Karyatid]] |
|||
[[uk:Каріатида]] |
|||
[[vls:Karyatide]] |
Преработка од 09:09, 21 февруари 2013
Каријатида (грчки: Καρυάτις) е скулптура со форма на жена, која во архитектурата се користи како столб, при што над главата на женската фигура се наоѓа первазот. Грчкиот Καρυάτις, во превод значи „девојка од Карјаи[а]“. Во Карјаи се наоѓал познатиот храм, посветен на божицата Артемида, познат како Артемида Карјатија:
„Како Карјатија, таа се радувала на танците од оревово дрво во селото Карјаи, на каријатидите, кои во своите среќни танци, носеле кошници со живи трски над главите, како да се разиграни дрвја.“[1]
Според Витрувиј, каријатидите биле жени од Карјаи, кои биле осудени на тешка работа за време на персиската инвазија на Грција, околу 480 г.п.н.е.
За прв пат каријатидите се појавиле во три мали градби во Делфи од 6 век п.н.е., но нивната примена била карактеристична за многу архитектонски стилови во подоцнежниот развој на архитектурата.
Историја
Антика
Најраните примери на каријатиди се пронајдени во градби во три градби во Делфи, кои потекнуваат од средината на 6 век п.н.е. Сепак, употребата на држачи во облик на жена постоеле и порано, а такви примери се обредните садови, држачите за огледала од слонова коска од Феникија и корнизите од Античка Грција. Најпознати и најповторувани примери се шесте каријатиди од предворјето на храмот Ехтереј во Акрополот во Атина.
Пет од овие каријатиди, денес се наоѓаат во Акрополскиот музеј, а на почетокот на 19. век, лордот Елгин пренел една во Британскиот музеј во Лондон.
Римјаните, по примерот на каријатидите во Ерехтеј, го употребиле овој архитектонски елемент во Августовиот форум, Пантеонот во Рим и во Адријановата вила во Тиволи. Друг приемр на употреба на каријатиди во римската архитектура е Тонлиевата каријатида, пронајдена на Виа Апиа.
Ренесанса и постренесансни стилови
На почетокот од доцниот среден век, вметнувањето на каријатиди во градбите повторно било оживеано. Новина било тоа што, каријатидите биле вметнувани во внатрешноста на градбите, односно во огништето, што не било случај со нивната примена во антиката. Примери за оваа новина се фигурите на Херкулес и Јола, изрезбани на столбовите од огништето на Сала дела Јоле од Дуждовата палата во Венеција околу 1450 година.[б] Во истиот век, скулпторот и архитект, Јакопо Сансовино, изрезбал неколку женски фигури, како држачи на кровот од мермерното огниште на Вила Гарцони, во близина на Падова.[2] Сè до 1615 година, немало архитект кој го споменал овој архитектонски елемент, кога Винченцо Скамоци во своето дело, Идејата на универзалната архитектура (италијански:Idea della archittura universale) посветил посебен дел на огништата. Тој, запишал дека е доста добро доколку огништата имаат каријтиди како држачи, слични како онаа во Сала дел Антиколеџо, којашто ја посочува.[2]
Во 16. век, од примерите во расправата за архитектурата на Себастијан Срлио, каријатидите станале задолжителни елементи во декоративниот северен Маниризам, изразен преку школата Фонтенбло и резбарите од Антверпен.
На пчетокот на 17. век, употребата на каријатидите се појавува и во јакобиевите ентериери во Англија. Пример е и поратат при влезот во замокот Мучалс во Шкотска.
Каријатидите останале дел од германскиот барок и повторно биле оживеани од страна на неокласичните архитекти. Карактеристични примери се четирите каријатиди од теракота, кои се наоѓаат на влезот од црквата Свети оанкрас во Лондон. Каријатиди, исто така има и на фасадата на музејот на науките и индустријата во Чикаго, изграден во 1893 година.