Давид Трезеге: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Makecat-bot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава ka:დავიდ ტრეზეგე
HRoestBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Додава tk:Dawid Trezege
Ред 95: Ред 95:
[[sv:David Trezeguet]]
[[sv:David Trezeguet]]
[[tr:David Trezeguet]]
[[tr:David Trezeguet]]
[[tk:Dawid Trezege]]
[[uk:Давід Трезеге]]
[[uk:Давід Трезеге]]
[[vi:David Trezeguet]]
[[vi:David Trezeguet]]

Преработка од 08:26, 13 февруари 2013

Давид Трезеге
David Trezeguet
Лични податоци
Роден на 15 октомври 1977(1977-10-15)(46 г.)
Роден во Руен, Франција
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ривер Плата
Број 17
Младинска кариера
Платенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1995 Платенсе 5 (0)
1995-2000 Монако 93 (52)
2000–2010 Јувентус 245 (135)
2010-2011 Херкулес 31 (12)
2011 Банијас 3 (0)
2012- ФК Ривер Плата 19 (13)
Репрезентација
1998-2008 Франција 71 (34)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Дaвид Серхио Трезеге ((роден на 15 октомври, 1977 година) е Француско - Аргентински фудбалер освојувач на светско првенство кој во овој момент игра за екипата на Ривер Плата во Аргентнската Примера.

Трезеге ја започна својата кариера во ФК Атлетико Платенсе на возраст од 8 години, напредувајќи преку нивните младински системи до првиот тим, каде што тој го направи своето деби во Примера дивизион во 1994 година. Тој ја заврши својата кариера со клубот со 5 лигашки настапи пред да се пресели во француската Лига 1 во тимот на Монако, каде што ќе формира впечатливо партнерство со својот пријател и колега од репрезентативниот тим-Тиери Анри. Монако ја освои Француската лига во 1996-97 и се квалификуваа за УЕФА Лига на шампиони каде што Трезеге постигна 4 гола во 9 настапи. Трезеге постигна 18 гола во 27 настапи во Лига 1 во сезоната 1997-98, завршувајќи како втор голгетер во лигата. Трезеге го напушти клубот во 2000 година, откако постигна 52 гола во 93 настапи во Лига 1 и закитувајќи се со титулата шампион на Франција.

Во 2000 година, Трезеге потпиша за Серија А клубот Јувентус за трансфер од £ 20милиони, каде што постигна 14 гола во 25 настапи во лигата за време на неговата прва сезона. Тој му помогна на Јувентус да триумфира во Серија А во сезоната 2001-02, постигнувајќи 24 лигашки голови. Тој беше награден и со capocannonieri наградата, како најдобар стрелец во сезоната 2001-02 во Серија А, заедно со Дарио Хубнер. Трезеге постигна 8 гола во 10 настапи во Лигата на Шампионите откако Јувентус на крајот загуби со 2-3 на пенали од Милан во финалето. Јувентус ја освои титулата и во сезоната 2002-03 во Серија А, како и Суперкупот во 2002 и 2003. Кога Јувентус беше исфрлен во Серија Б во сезоната 2006-07, Трезеге постигна 15 гола во 31 настап во лигата за да му помогне на клубот за да се здобие со промоција назад кво Серија А. Трезеге постигна 135 гола во 245 настапи во лигата за Јувентус пред да се пресели во Ла Лига во тимот на ФК Херкулес во сезоната 2010-11, каде што постигна 12 гола во 31 настап и успешно соработува со Нелсон Хаедо Валдез во предни позиции. На 30 август 2011 година, Трезегесе пресели во арапскиот Банијас на една година договор. По само три лигашки настапи, неговиот договор беше прекинат со взаемна согласност на 21 ноември 2011 поради повреда која го оддалечи во поголемиот дел од сезоната. Набргу потоа, во декември 2011 година, Трезеге потпиша три-годишен договор со Примера Б Национал тимот Ривер Плата. Тој постигна 13 голови во 19 настапи во Лигата, помагајќи им да добијат промоција назад во Примера. Тој, исто така учествуваше во Копа Аргентина, каде што Ривер беа елиминирани во полу-финалната фаза.

Трезеге постигна 34 гола во 71 настап за Францускиот национален тим во периодот помеѓу 1997 и 2004 година. Трезеге ја претставуваше Франција на 1998 ФИФА Светско Првенство, УЕФА Евро 2000, на 2002 ФИФА Светско Првенство, УЕФА Евро 2004 и 2006 ФИФА Светско Првенство. И покрај освојувањето на Светското првенство со Франција 1998, Трезеге е можеби најпознат по постигнувањето на златен гол во финалето на УЕФА Евро 2000 против Италија кој на Франција и ја донесе Европската титула со 2-1 победа во продолженијата.


Титули

Италија Јувентус


Надворешни врски