Планинарство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава bn:পর্বতারোহণ
с r2.7.3) (Робот: Додава min:Panjek gunuang; менува pt:Alpinismo
Ред 71: Ред 71:
[[hu:Hegymászás]]
[[hu:Hegymászás]]
[[xmf:ალპინიზმი]]
[[xmf:ალპინიზმი]]
[[min:Panjek gunuang]]
[[my:‌တောင်တက်ခြင်း]]
[[my:‌တောင်တက်ခြင်း]]
[[nl:Alpinisme]]
[[nl:Alpinisme]]
Ред 76: Ред 77:
[[no:Alpinklatring]]
[[no:Alpinklatring]]
[[pl:Alpinizm]]
[[pl:Alpinizm]]
[[pt:Montanhismo]]
[[pt:Alpinismo]]
[[ro:Alpinism]]
[[ro:Alpinism]]
[[qu:Urqu wichay]]
[[qu:Urqu wichay]]

Преработка од 00:07, 10 февруари 2013

Планинарството за човекот во денешно време е најздрава физичка активност која се одвива во природа. Терминот планинарство е само поширок поим за бројни активности и спортски дисциплини кои потпаѓаат под планинарство, а тоа се: разни излети, и посети на лесно пристапни планини, високогорство, спелеологија (пештерничарство), горски служби за спасување, водечка служба (водачи), спортска ориентација, скијање, планинарски трансверзали, алпинизам и спортско качување. Поимот планинарство денес има широко значење. Тој во себе опфаќа три спорта:

  • Алпинизам
  • Ориентационо трчање
  • Спортско качување

На овие спортови можат да се додадат уште неколку кои произлегуваат од планинарски активности:

На сите овие активности заедничко им е планината. Со која од овие активности ќе се бави некој зависи од неговите околности, физичките способности, материјални можности и од местото на живеење.

Планинарењето претставува релаксација од психичките напори што човекот ги доживува на работното место и градските бучави предизвикани со брзото темпо на животот. Да се бави со планинарење, значи да се запознаат убавините на татковината, да се збогатуваат чувствата. Тоа бара од човекот и одредени напори, кои не претставуваат опасност за организмот ако се во разумни граници.

Излетничко планинарење

Да се планинари може на повеќе начини. Тоа може да биде планинарење во поблиската околина, како рекреација и без поголеми амбиции, односно уште како се вика излетничо планинарење. Излетничкото планинарење не бара големи подготовки и е достапно за секој човек и секоја возраст. Тоа се излети во близина на градот, обично некои излетнички места каде што постојат прифатилишта, одмаралишта или хотели. Овој начин на планинарење не бара некои искуства. Важни се само облеката и обувките кои треба да овозможуваат слободни движења. Излетниците се движат по планинарски патеки кои обично се обележани (обележани) и означени со патокази. Пожелно е излетниците да ги познаваат основите на планинарството, особено ориентацијата, правилниот начин на исхрана, ноќевање под ведро небо, опасностите во планина, прва помош и др., бидејќи тоа ќе им овозможи да се чувствуваат подобро и посигурно и да ги избегнат евентуалните опасности.

Планинарење во права смисла на зборот

Повисок степен на планинарење е посетувањето на планините со одредена подготовка и по некој систем. Тоа е планинарење во права смисла на зборот. Таква активност покажуваат луѓето кои не се задоволуваат со блискта околина, туку систематски или повремено ги посетуваат планините, почнувајќи од питомите шумовити предели, па до импозантните врвови на Алпите. Таквата рекреација бара одредена физичка кондиција, соодветна опрема и познавање на основните планинарски вештини. Да планинари по високи и непознати планини, може само искусен планинар кој добро ја познава ориентацијата, опасностите, планинарските објекти, прва помош, опремата, скијање, како и основите на алпинизмот и спасувањето во планина. Оние кои немаат искуство а сакаат да одат во непознати и високи планини, треба да го користат искуството на постарите планинари т.н. планинарски водичи.

Алпинизам

Најголема вредност на алпинизмот е во синтезата на физичката сила и духовните вредности. Совладувајќи ги тешкотиите и опасностите, планинарот го потиснува стравот за да ја почувствува слободата и радоста на животот. Во таа сурова борба најдобро ги запознава вредностите на животот.

Дали некој ќе се бави со излетничко планинарење, планинарење во правата смисла на зборот, или со алпинизам, зависи од неговите афинитети, здравјето, материјалните можности и расположливото слободно време. Човек што ги сака планините ќе го одбере она што му причинува најголемо задоволство.

Предлошка:Link GA