Татарстан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
HRoestBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Ја менувам nl:Tatarije во nl:Tatarstan
с r2.7.1) (Робот: Ја менувам nl:Tatarstan во nl:Tatarije
Ред 329: Ред 329:
[[mdf:Татармастор]]
[[mdf:Татармастор]]
[[mn:Татарстан]]
[[mn:Татарстан]]
[[nl:Tatarstan]]
[[nl:Tatarije]]
[[ja:タタールスタン共和国]]
[[ja:タタールスタン共和国]]
[[no:Tatarstan]]
[[no:Tatarstan]]

Преработка од 17:53, 7 февруари 2013

Република Татарстан
Республика Татарстан (руски)
Татарстан Республикасы (татарски)
Знаме на Татарстан
Знаме на Татарстан
Грб на Татарстан
Грб на Татарстан
Знаме Грб
Местоположба во рамките на Русија
Местоположба во рамките на Русија
Држава: Русија
Федерален округ: Приволшки
Површина: 68.000 km²
Население: 3.779.265 (2006.)
Главен град: Казањ
Густина на население: 55,6 жит./km²

Република Татарстан (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски: Татарстан Республикасы / Tatarstan Respublikası), а поретко Татарија[1] , е федерална единица на Руската Федерација, со главен град Казањ. Се наоѓа во Волшкиот федерален округ и има површина од 68.000 km² како и население од околу 3.800.000 жители. Мнозинството од населението се Татари, а официјални јазици се рускиот и татарскиот. Неофицијалното мото на Татарстан е Buldırabız! (македонски: Можеме!).[2]


Етимологија

Републиката е позната и под името „Татарстан Җөмһүрияте“ / „Tatarstan Cömhüriäte“ (македонски: Република Татарстан), но тоа име не е официјално. Општо-прифатеното име на државата е според руската латинична транскрипција. Покрај овие две имиња, постои и името Тата́рия (македонски: Татарија), но тоа е застарено бидејќи се користелo за време на Советскиот Сојуз.

Историја

Основна статија Историја на Татарстан

Среден век

Малото Минаре во Болгар е зачувано уште од средновековието

Најстарата позната организирана држава на територијата на денешниот Татарстан била Волшка Бугарија (околу 700-1238). Бугарите имале напредна трговска држава со трговски врски низ Европа и Азија. Со ова тие можеле да ја одржат својата независност, и покрај големите притисоци од страната на Хазарите, Киевска Рус и Кипчаците. Исламот бил наметнат од мисионерите од Багдад, во 922 година.

Волшка Бугарија била освоено од војската на монголскиот хан Бату во доцните 1230-ти години. Жителите, мешајќи се со Турко-Монголите од Златната Орда, со војниците кои го зборувале кипчачкиот јазик и доселениците, се наречени „Волшки Татари“. Во 1430-тите регионот пак се осамостојува како база на Казањското ханство, при што Казањ е основан близу до разурнатата престолнина на Прабугарите.

Татарстан е повторно освоен од војските на рускиот цар Иван Грозни, во 1550-тите, а Казањ паѓа во 1552. Некои Татари присилно се преобратени во христијани и тогаш се подигнати црквите во Казањ; до 1593 сите локални џамии се разурнати. Руската влада забранила да се градат џамии, а ваквата забрана била поништена во 18-тиот век од страната на руската царица Катерина II. Првото обновувае на џамија се случува под покровителство на царицата од 1766 до 1770 година.

Ново време

Црната Одаја, значајна градба во Болгар

Во 19 век Татарстан станал центар на џадидизмот, исламска секта што проповедала толеранција кон останатите религии. Под влијание на локалните џадидистички теолози, татарите биле познати по нивните пријателски односи со останати народи во рамките на Руската Империја. Како и да е, по Октомвриската Револуција, религијата почнала да се отфрла и локалните свештеници биле прогонувани и репресирани.

За време на Граѓанската Војна од 1918 до 1920, татарските националисти се обиделе да основаат независна република, позната како Идел-Урал. Тие набрзо биле оборени од Болшевиците и се основала Татарската Советска Социјалистичка Република на 27 мај 1920 година. Границите на републиката не ги опфаќала поглемиот број на Волшки Татари.

Татарстан денес

На 30 август 1990 Татарстан ја прогласи својата независнот и во 1992 Татарстан одржа референдум за независнот и отцепување од Русија. 62 проценти од населението се изјасниле за независноста. На 15 февруари 1994 година се потпишал договор помеѓу официјалните власти на Русија и официјалните власти на Татарстан . Овој договор се сметаат за поново признание за татарската независност од страна на Руската Федерација, бидејќи во самиот договор се споменува Декларацијата за државна независност на Република Татарстан.

Географија

Татарстан на картата на светот

Републиката е сместена во средиштето на Источната европска низина, приближно 800 км источно од Москва, на рекитеВолга и Кама (притока на Волга), и се протега источно од планината Урал.

Временска зона

Татарстан се наоѓа во Московската временска зона (MSK/MSD). Разликата со КУВ е +0300 (MSK)/+0400 (MSD).

Реки

Меѓу поважните реки се вбројуваат (татарските имиња се дадени во загради):

Поглед кон реката Волга

Езера

Меѓу главните водни резервоари (вештачки езера) се вбројуваат (татарските имиња се дадени во загради):

Најголемото езеро е Кабан.

Врвови

Природни богатства

Меѓу најголемите природни богатства на Татарстан се вклучуваат нафта, природен гас и гипс. Се претпоставува дека Татарстан има преку една милијарда тони нафтени резерви.

Клима

  • Просечна температура во јануари: -16 °C
  • Просечна температура во јули: +19 °C
  • Просечни врнежи: до 500 mm

Политика

Податотека:Dmitry Medvedev 7 август 2008-1.jpg
Претседателот на Татарстан- Минтимер Шајмијев, претседателот на Русија Димитриј Медведев и Григориј Ропота

На чело на Татарстан е претседателот. Од 2008 година претседател на Татарстан е Минтимер Шајмијев. Татарскиот Државен Совет има 100 пратенички места: педесет се за партиските претставници и останатите педесет се за претставниците на локалните власти. Претседател на Советот е Ферит Мухаметшин.

Според татарскиот устав, претседателот може да биде избран само од татарскиот народ, но поради рускиот федерален закон ова било суспендирано на неодредено време. Рускиот закон за избор на владата вели дека таа мора да биде избрана од локалните парламенти и дека кандидатот може да биде кандидиран само од претседателот.

На 25 март 2005, Шајмијев беше повторно избран по четврти пат од Државниот совет. Овие избори биле одржани после промените на законот за избори и не е во спротивност со татарските или руските закони.

Политички статус

Република Татарстан е уставна република во склоп на Руската Федерација. Повеќето од руските федерални единици се во тесни односи со руската федерална влада според федералниот договор, но односите помеѓу владите на Татарстан и Русија се многу посложени и се попрецизно дефинирани во уставот.

Договори за Татарстан

  1. Устав на Република Татарстан
  2. Договор помеѓу Руската федерација и Република Татарстан
  3. Декларација за државниот суверинитет на Татарската Советска Социјалистичка Република
  4. Список на меѓувладини договори помеѓу Руската Федерација Република Татарстан

Административна поделба

Татарстан се наоѓа во Источноевропската Рамнина, помеѓу реките Волга и Кама, источно од планината Урал. За време на советската ера, Татарстан бил поделен на три дела- области: Бугулма, Чистопол и Казањ. Денес, кога Татарстан има статус на република е административно поделен на подруг начин.

Градови и области

Административн поделба на Татарстан
Казањ, главен град на Татарстан

Население

Татарстан го населуваат околу 70  народи. Најбројни етнички групи се: Татари (52.9%), Руси (39.5%), Чуваши (околу 3%), Мордвини, Удмурти, Мари и Башкири.

Официјални јазици се татарски и руски. Според рускиот федерален закон 2002 (За јазиците на народите на Руската федерација), официјалното писмо е кирилицата. Владата на Татарстан, исто како и организациите за човекови права и некои руски интелектуалци силно се противат на ваквиот закон.

  • Население: 3,779,256 (2002)
    • Градско: 2,790,661 (73.8%)
    • Селско: 988,604 (26.2%)
    • Мажи: 1,749,050 (46.3%)
    • Жени: 2,030,215 (53.7%)
  • Жени наспроти 1000 мажи: 1,161
  • Просечна возраст: 36.5 години
    • Градско: 35.7 години
    • Селско: 38.7 години
    • Мажи: 33.8 години
    • Жени: 38.8 години
  • Број на домаќинства: 1,305,360 (со 3,747,267 луѓе)
    • Градски: 970,540 (with 2,762,818 people)
    • Селски: 334,820 (with 984,449 people)

Етнички групи

Во Татарстан има околу два милиони татари и преку еден милион етнички руси, со помал број на чуваши, марици и удмурти. Покрај нив има и мал број на украинци, мордвинци и башкири. Повеќето од татарите се сунитски муслимани, но мал број на татари познати како керашени се православни и самите тврдат дека се различни од татарите иако дијалектот што го зборуваат е дел од татарскиот јазик. Националноста не е толку значајна во Татарстан за самоопределување туку во последно време религијата и јазикот имаат силно влијание врз тој процес. Противењето на керашените наишло на бурни реакции бидејќи тататрите се и тежнеат да бидат хомогена нација. [3] Иако се подолу листани посебно, сепак тие се дел од татарскиот народ.

Според пописот во 2002 населнието се состоело од: Татари 52.92% , Руси 39.49% , Чуваши 3.35%, Удмурти 0.64%, Украинци 0.64%, Мордвини 0.63%, Маријци 0.50%, Керашени 0.50%, Башкири 0.39%, Азери 0.26%, Белоруси 0.16%, Ерменци 0.16%, Узбеци 0.13%, Таџици 0.10%, Евреи 0.09%, Германци 0.08%, Казаци 0.05% , Грузијци 0.05%, Молдавци 0.03%, Роми 0.02%, Лезгини 0.02% и различни други етнички групи што бројат под 100 луѓе[4]. Историски статистиката била:

попис 1926 попис 1939 попис 1959 попис 1970 попис 1979 попис 1989 попис 2002
Татари 1,263,383 (48.7%) 1,421,514 (48.8%) 1,345,195 (47.2%) 1,536,430 (49.1%) 1,641,603 (47.6%) 1,765,404 (48.5%) 2,000,116 (52.9%)
Руси 1,118,834 (43.1%) 1,250,667 (42.9%) 1,252,413 (43.9%) 1,382,738 (42.4%) 1,516,023 (44.0%) 1,575,361 (43.3%) 1,492,602 (39.5%)
Чуваши 127,330 (4.9%) 138,935 (4.8%) 143,552 (5.0%) 153,496 (4.9%) 147,088 (4.3%) 134,221 (3.7%) 126,532 (3.3%)
Други 84,485 (3.3%) 104,161 (3.6%) 109,257 (3.8%) 112,574 (3.6%) 140,698 (4.1%) 166,756 (4.6%) 160,015 (4.2%)

Официјалните јазици во Татарстан се татарски јазик и руски јазик. Според рускиот федерален закон од 2002, официјално писмо е кирилицата. Според невладини организации, руски интелектуалци и татарската влада овој закон е неприфатлив[5][6].

Татари или Бугари (односно Прабугари)

Корица на книгата „Што сме ние: Бугари или Татари“ од А.Х. Халиков

Жителите на Татарстан, независно од нивното етничко потекло, се нарекуваат Татари.

Името Татарстан потекнува од „Татар“ и персискиот збор „стан“ (суфикс за градење имиња на земји, паралела на латинскиот суфикс „-ија“ употребуван во Европа). Другите форми на името на Татарстан се руското Татарија (поранешно официјално руско име) и турското Татаристан.

Во Татарстан меѓу самите Татари постои силно национално движење кое се стреми нивната земја да биде преименувана во Булгаристан, тврдејќи дека до 1922 регионот бил нарекуван Булгаристан. Тие исто така сметаат дека вистинското име на Татарите е „Булгари“, отфрлајќи го татарското име како со сила наметнато.

Во борбата за национално осознавање, татарстанскиот научник од светски глас Алфред Халиков ја објави книгата „Што сме ние: Булгари или Татари“ во која преку научна расправа го докажува потеклото на денешните Татари од Волшките Булгари.

Стопанство

Татарстан е меѓу стопански најразвиените членки на Руската Федерација, и втор по индустријализација, веднаш по областа Самара. Индустриското производство учествува со 45% во вкупниот општествен производ. Најразвиени гранки се хемиската и петрохемиската индустрија, машиноградбата и дрводелството.

Сообраќај

Метрото во Казањ

Татарстан има развиена патна мрежа. Воглавно се автопати, железнички линии, четири пловни реки- Волга, Кама, Вјатка и Белаја и нафтени линии и аеродроми. На територијата на Татарстан поминува транспортна цевка за гас од Уренгој и Јамбург кон запад.

Култура

Научната библиотека на Казањскиот државен универзитет и Националната библиотека на Република Татарстан се двете најголеми библиотеки со национално значење. Постојат два национални и околу 90 локални музеи. Во Татарстан дејствуваат два театри.

Образование

Најважните образовни установи се Казањскиот државен универзитет, Казањскиот медицински универзитет, Казањскиот државен технички универзитет и Рускиот исламски универзитет. Сите се наоѓаат во престолнината Казањ.

Религија

Џамија во Менделејевск

Најзастапени се сунитскиот ислам, и православното христијанство. Во 2004 година имало 1 208 згради наменети за верски потреби, од кои 1 014 се муслимански, и 176 христијански.

Видете исто така

Надворешни врски

Наводи

Статијата „Татарстан“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).