Преспанско Езеро: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Li4kata (разговор | придонеси)
+ категории
с Бот Додаје: sq:Liqeni i Prespës
Ред 50: Ред 50:
[[pt:Lago Prespa]]
[[pt:Lago Prespa]]
[[ru:Преспа (озеро)]]
[[ru:Преспа (озеро)]]
[[sq:Liqeni i Prespës]]
[[sr:Преспанско језеро]]
[[sr:Преспанско језеро]]
[[sv:Prespasjön]]
[[sv:Prespasjön]]

Преработка од 20:39, 26 април 2008

Преспанско Езеро, Сателитска снимка

Преспанското Езеро е езеро кое го делат три држави - Република Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа југозападно.

Географски Одлики

Во Преспанската котлина се наоѓаат Големото и Малото Преспанско езеро.Малото Преспанско езеро и припаѓа на Република Грција,а Големото Преспанско езеро е поделено помеѓу Р.Македонија,Грција и Албанија и тоа 65% на Р.Македонија,18% на Албанија и 17% на Грција.

Преспанско езеро се наоѓа помеѓу 41о,27" и 40о41"северна географска ширина,на југозападниот дел од Република Македонија.

Преспанското езеро се наоѓа на надморска висина од 853 м. Тоа зафаќа површина од 273 км². Вкупната должина на оската (север-југ) изнесува околу 34 км,а широчината на езерото е од 2,7-10 км. Вкупната должина на крајбрежната линија изнесува 107 км. Најголема длабочина езерото има пред Нивичкиот залив, во месноста Глубина 54м, кај месноста Казан длабочината изнесува 34м. Нивото на водата постојано осцилира. Минимално регистрирано ниво (1995 год.) е 844 м надморска височина. Но сигурно не било и најниско за што зборуваат постоењето на стари населби, кои се забележуваат при низок водостој во езерската вода на повеќе места.

Хидролошки податоци

Водата езерото ја добива од подводни извори и неколкуте реки кои се вливаат во езерото. Тоа се: Голема река што се влива во северниот дел на езерото во месноста Нисија, Брајчинска река, со постојан водотек (се влива близу селото Наколец), Кранска река и реки од северното сливно подрачје со непостојан водотек, Источка река, Болнска река, Преторска река и реката Стара река во република Грција.

Но Преспанското езеро и ја губи својата вода заради варовничкиот карактер на Галичица и истекува Во Охридското езеро преку изворите кај Свети Наум, но извира и на други места во Албанија. Забележани се повеќе подземну истеци-понори: Понорот „Завир“ од кој водата понира во Охридското езеро, понорот „Врагодупка“ и други на терироријата на Албанија.

Геологија на Преспанското езеро

Податотека:Ostrov-Golem-Grad.jpg
Преспанско Езеро, Остров Голем Град

Во Големото Преспанско езери има два острови: Голем град или Св. Петар и Мал град. Островот Голем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот Голем град е долг 750 м,а широк 450 м,со највисок дел 50 м над езерото. Островот Св.Павле е помал - долг е 300м,а широк 150м со 25-30м највисок дел на езерото. На Голем град секоја година се вршат археолошки испитувања, постојат археолошки наоѓалишта од ранохристијанскиот период и базилика од словенскиот период. Островот е ненаселен.

Флора и Фауна

Преспанското езеро не е многу богато со риби. Најзастапена е нивичката или белвица, потоа крапот, црвеноперката, скобустот, мренката, кленот и др. Кон крајот на педесетите години езерото порибено е и со охридска пастрмка, која се задржала во подлабоките води, Нивичкиот залив, Казан и Коњско.

На Преспанското езеро богат е и птичјиот свет. Присутни се ендемски птици, како и птици преселници кои престојуваат во пролетно-летниот период и птици преселници кои на кратко престојуваат во околните блата како попатна станицаза одмор и исхрана. Атрактивен во водите на Преспанското езеро е белиот пеликан, кој лови риби заедно со црниот гавран. Во плитките води присутни се повеќе видови чапји, норки, галеби и други птици.

Растителниот свет е доста богат,како во самото езеро така и во околните блата.На островот Голем град,како ендемично растение се среќава Фојова шума.(Juniperius Foeditissimа)

Туризам

Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, немање на магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа, кој за жал и покрај компаративните предности не е во доволна мера застапен.