Историја на Јапонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
DragonBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава gu:જાપાનનો ઇતિહાસ
Ред 349: Ред 349:
[[gl:Historia do Xapón]]
[[gl:Historia do Xapón]]
[[gan:日本嗰歷史]]
[[gan:日本嗰歷史]]
[[gu:જાપાનનો ઇતિહાસ]]
[[ko:일본의 역사]]
[[ko:일본의 역사]]
[[hy:Ճապոնիայի պատմություն]]
[[hy:Ճապոնիայի պատմություն]]

Преработка од 07:35, 4 февруари 2013

Историјата на Јапонија ја опфаќа историјата на островите на Јапонија и јапонскиот народ, која се протега од античката историја на регионот до модерната историја на Јапонија како држава. По последното ледено доба, околу 12.000 год. п.н.е., богатиот екосистем на Јапонскиот архипелаг создаl услови за човечкиот развој. Најраните познати керамички предмети припаѓаат на периодот Џомон. Првиот познат запис за Јапонија е кратка информација дадена во Дваесет и четири истории во 1 век од н.е. Главните културни и религиозни влијанија дошле од Кина. Првиот постојан главен град е основан во Нара во 710 од н.е., кој станал центар на будистичка уметност, религија и култура. Денешното кралското семејство се појави во околу 700 год. од н.е., но до 1868 год. (со неколку исклучоци) имало висок углед, но малку моќ. До околу 1550 год. политичката моќ била поделена на неколку стотици локални единици, или "домени" контролирана од страна на локалните господари (дамјо), секој со своја војска од воини-самураи. Токугава Иејасу дошол на власт во 1600 год., го дал земјиштето на неговите приврзаници, поставил своја воената власт (бакуфу) на Едо (денешно Токио). Периодот Токугава бил просперитетен и мирен, но Јапонија намерно ги прекинала христијанските мисии и ги прекинала речиси сите контакти со надворешниот свет. Во 1860 год. започнал периодот Меиџи и новото национално раководство систематски ставило крај на феудализмот и ја трансформирало изолираната, неразвиена островска земја во светска сила што ги внимателно ги следеше западните модели. Демократијата била проблематична, бидејќи моќната армија на Јапонија била полунезависна и отфрлала или убивала цивили во 20-тите и 30-тите години од минатиот век. Војската се премести во Кина на почеток од 1931 год., но беше поразена во Војната на Пацификот од страна на САД и Велика Британија. Окупирана од страна на САД по војната и лишена од своите освојувања, Јапонија беше трансформиран во мирна и демократска нација. По 1950 год. таа ужива многу високи стапки на економски раст и стана светски економски центар, особено во полето на автомобили и електроника. Од 90-тите години на минатиот век економска стагнација стана голем проблем, со земјотрес и цунами во 2011 год. што предизвикаа големи економски дислокации.

Јапонска праисторија

Палеолит

Полирани камени секири, ископани во Хинатабајаши локација Б, градот Шинано, префектурата Нагано. Пред Период Џомон, 30.000 год. п.н.е. Националниот музеј на Токио.

Јапонскиот палеолит опфаќа подолг период почнувајќи уште од 50.000 п.н.е., а завршува некаде околу 12.000 п.н.е., на крајот на последното ледено доба. Артефакти за кои се тврди дека се постари од околу 38.000 год. п.н.е. не се општо прифатени, а повеќето историчари затоа веруваат дека Јапонскиот палеолит започнал по 38.000 год. п.н.е.

Јапонскиот архипелаг се одделил од континентот по последното ледено доба, во околу 11.000 год. п.н.е.. По откривањето на измамата на аматерот-истражувач, Шиничи Фуџимура, доказите од раниот и средниот палеолит пријавени од страна на Фуџимура и неговите соработници се одбиени по темелно преиспитување.

Како резултат на измамата, сега само некои докази од доцниот палеолит (кои не се поврзани со Фуџимура) може да се смета дека се основани.

Древна Јапонија

Периодот Џомон

Сад од срединта на Периодот Џомон (3000–2000 п.н.е.)

Периодот Џомон траел од околу 14.000 до 300 год. п.н.е. Првите знаци на цивилизација и стабилни животни модели се појавиле околу 14.000 год. п.н.е. со културата на Џомон, карактеризирана со мезолитски до неолитски полуседентарен начин на живот на ловење и собирање со дрвени наколни куќи и живеалишта во јами и примитивна форма на земјоделството.

Ткаењето сеуште не било познато во тоа време и облеката често се изработувала од крзно. Луѓето од периодот Џомон почнале да прават глинени садови, украсени со шари направени со втиснување во влажната глина на исплетени и неисплетени врвки и стапчиња. Со радиојаглеродно датирање се покажало дека некои од најстарите зачувани примери од керамика во светот може да се најдат во Јапонија заедно со ками, жад, чешли направени од школки и разни други предмети за домаќинството кои датираат од 11-ти милениум пред нашата ера.

Воедно, во Перидичната табела на историјата на уметноста на Музејот за уметност Метрополитан стои дека „тестирање со јаглерод-14 на најраните познати парчиња дадоа датумот на изработка околу 10.500 год. п.н.е., но затоа што овој датум е надвор од познатата хронологија на развој на керамика на други места во светот, толку ран датум не е општо прифатен.

Калибрирани радиојаглеродни мерења на карбонизиран материјал од керамички артефакти: во пештерата Фукуи материјалот е датиран пред 12500 ± 350 и пред 12500 ± 500 (Камаки и Серизава, 1967), во каменото засолниште Камикуроива, Шикоку материјалот е датиран пред 12 165 ± 350 год., иако специфичното датирање е спорно. Глинените фигури познати како “догу“ биле исто така ископани. Предметите за домаќинство укажуваат дека трговски патишта постоеле до места оддалечени колку Окинава. ДНК анализа укажува на тоа дека Аину, автохтон народ кој живее на Хокаидо и северниот дел на Хоншу, потекнуваат од периодот Џомон и на тој начин претставуваат потомци на првите жители на Јапонија.

Периодот Јајои

Дотаку (Dōtaku, јапонско ѕвоно) од периодот Јајои, 3. век од н.е.

Периодот Јајои траел од околу 400 или 300 год. п.н.е. до 250 од од н.е. Овој период следел по Периодот Џомон и целосно го заменил. Именуван е по градот Јајои, кој се наоѓа во Бункјо, Токио, каде што археолошките истражувања довеле до првите признати траги за периодот.

Почетокот на Периодот Јајои го означил појавувањето на нови активности, како што се ткаењето, одгледувањето ориз, шаманизмот и изработка на железо и бронза. Бронзата и железото се појавиле истовремено во Јајои Јапонија. Железото главно се користело за земјоделски и други алатки, додека пак ритуални и церемонијални артефакти главно биле изработени од бронза. Леење на бронза и железо до одредна мера, започнало во Јапонија од околу 100 год. п.н.е., но суровини и за двата метали дошле од азискиот континент.

Јапонија прв пат се појавила во писмената евиденција во 57 год. од н.е. со следново спомененување во кинеската Книга за подоцнежниот народ Хан: "Преку океанот од Леланг (историска кинеска командерија или префектура) е народот Ва. Формиран од повеќе од сто племиња, тие доаѓаат и често ни оддаваат почит." Книгата исто така споменува дека Суишо, кралот на Ва, подарил робови на императорот Ан од Хан во 107 год. Сангуо Џи (Записите за трите кралства), напишан уште во 3. век, истакнува дека земјата е создадена со обединување на околу 30 мали племиња или држави и е управувана од страна на кралица-шаман по име Химико од Јаматаикоку.

За време на династиите Хан и Веи, кинески патниците кои оделе во Кјушу пишувале за неговите жители и тврделе дека тие се потомци на Големиот гроф (Tàibó) на Ву. Жителите исто така, покажувале особини на леѓето Ву пред кинеското влијание, како што се тетовирање, вадење заби и носење на бебињата. Во Сангуо Џи евидентирани се физички описи кои се слични на оние на “ханива“ статуите, како што се мажи со коса во плетенка и со тетоважи и жени кои носат широка едноделна облека.

Локацијата Јошиногари во Кјушу е најпознатиот археолошкиот локалитет од периодот Јајои и открива голем населба која била населена неколку стотици години. Археолошките ископувања покажаа дека најстарите делови се од околу 400 год. п.н.е. Се чини дека жителите често комуницирале со континентот со кој имале трговки односи. Денес, некои реконструирани градби се во паркот на археолошкиот локалитет.

Периодот Кофун

Кофун Даисенрјо, Осака, 5. век.

Периодот Кофун започнал околу 250 год од н.е. и името го добил според големите могили (kofun) кои почнале да се појавуваат во тоа време.

Периодот Кофун ("Кофун-Џидаи") забележал воспоставувањето на силни воени држави, секоја од нив центрирана околу моќни кланови (или зоку). Формирањето на доминантна Јамато политика било фокусирано во провинциите Јамато и Кавачи од 3. век од н.е. до 7. век за создавање на потеклото на јапонската царска лоза. Така државата, со потиснување на клановите и со здобивање со земјоделско земјиште, вршела силно влијание во западниот дел на Јапонија.

Јапонија почнала да праќа дарови за Кинеската империја во 5. век. Во записите на кинеската историја, дравата била наречена Ва и нејзините пет цареви биле запишани. Врз основа на кинескиот модел, тие развиле централната администрација и систем на царски двор, а општеството се организирало во различни групи според занимањето. Блиски односи помеѓу трите кралства на Кореја и Јапонија се развиле на средината на овој период, кон крајот на 4. век.


Класична Јапонија

Периодот Асука

Феска во гробницата Такамацука, во Асука, Нара, 8. век

Во периодот Асука (538-710 год.), протојапонската Јамато држава постепено станала видливо централизирана и дефинирала и применувала законик, како на пример Реформите Таика и Законикот Таихо. Исто така, во текот на истиот период, Јапонците развивиле силни економски врски со народот Пекче или Бекџе, кои живееле на југозападниот брег на Корејскиот Полуостров. Добрите односи со народот Бекџе започнале во 391 год., кога јапонска експедиција го спасила Кралот на Бекџе и народот од нивниот традиционален непријател, народот Когурјо, што живеел во северниот дел на Корејскиот Полуостров.

Всушност, будизмот навлегол во Јапонија во 538 год. со народот Бекџе, на кој Јапонија продолжила да му дава воена поддршка. Во Јапонија, владеачката класа во голема мера го промовирала будимот за свои цели. Така, во почетните фази, будизмот како религија не бил популарен меѓу обичните луѓе во Јапонија. Сепак, воведувањето на будизмот доведло до укинување на практиката на погребување починати лица во големи могили (кофуни).

Принцот Шотоку дошол на власт во Јапонија како регент на императорката Суико во 594 год. Императорката Суико дошла на престолот како внука на претходниот император, Суџин (588-593 год.), кој бил убиен во 593 год. Императорката Суико, исто така, била во брак со претходен император Бидацу (572-585 год.), но таа била првата жена-владетел на Јапонија уште од матријархатот. Како регент на Императорката Суико, принцот Шотоку се посветил на ширење на будизмот и кинеската култура во Јапонија. Тој е исто така заслужен за релативниот мир во Јапонија, преку прогласувањето на Уставот со Седумнаесет члена, документ во конфучијански стил чиј главен интерес биле видовите на морал и доблестите што се очекувало да ги поседуваат владините претставници и поданиците на царот. Будизмот ќе стане постојан дел од јапонската култура.

Писмо до Императорот на Кина однесено од емисари од Јапонија во 607 год. вели "Императорот од земјата каде изгрева сонце (Јапонија) испраќа писмо до императорот на земјата каде што заоѓа сонцето (Кина)", навестувајќи исто рамниште со Кина што го налутило кинескиот император.

Периодот Нара

Големот Буда во Нара, 752 год.

Периодот Нара во 8. век ја одбележал првата појава на силна јапонски држава и често се смета како златно доба. Во 710 год., главниот град на Јапонија бил преместен од градот Асука во градот Нара. Хол (Hall) (1966) заклучува дека „Јапонија се трансформирала од лабава федерација на уџи (големи независни кланови со моќни лидери) во петтиот век во империјата каква што била кинеската империја во осмиот век. Нова теорија на државата и новата структура на владата го поддржале јапонскиот владетел како апсолутен монарх“. Традиционалните политички и економски практики сега биле организирани преку рационално структуриран владин апарат кој законско дефинирал функции и преседани. Земјиштето било контролирано и регистрирано на државата. Се појавила нова моќна аристократија која ја контролирала државата, и се издржувала од даноците кои биле ефикасно собрани. Владата изградила големи јавни објекти, вклучувајќи владини канцеларии, храмови, патишта и системите за наводнување. Бил воведен нови систем за закуп на земјиште и оданочување кој бил осмислен за да ја рашири сопственоста на земјиштето меѓу руралното население. Ваквото доделување на земјата најчесто изнесувало околу 1 акр (0,4 хектари). Сепак, тие можеле да бидат и само една десетина акр (0,04 хекари или 400 м2). Парцелите за робови биле околу две третини од големината на доделеното земјиште на слободните луѓе. Распределбата на земјиштето се разгледувала на секои пет години, кога се спроведувал и пописот.

Во текот на овој период бил забележан културен напредок. Нови драматични културни манифестации го карактеризирале периодот Нара, кој траел околу четири века.

По императорски декрет од императорката Гемеи, главниот град бил префрлен во Хеиџо-Кјо, денешна Нара, во 710 год. Градот бил направен според градот Чанган (денешен Сијан), главниот град на кинеската династија Танг.

Во периодот Нара, политичкиот развој бил обележан со борбата меѓу империјалното семејство и будистичките свештеници, како и меѓу на империјалното семејство и регентите – кланот Фуџивара. Јапонија уживала мирољубиви односи со нејзините традиционални непријатели – народот Шила кој живеел на југоисточниот брег на Корејскиот Полуостров. Јапонија исто така воспоставила формални односи со кинеската династијата Танг.

Во 784 год., главниот град бил повторно преместен во Нагаока-Kyo за да се избегнат будистичките свештеници, а потоа во 794 год. во Хеијан-Кјо, денешен Кјото. Кјото бил главен град до 1868 год. Во религиозниот град Кјото, будизмот и шинтоизам почнале да формираат синкретички систем.

Историските записи во Јапонија кулминирале на почетокот од 8. век, со големите хроники, Коџики (Записникот за древни работи од 712 год.) и Нихон Шоки (Хрониките за Јапонија од 720 год.). Овие хроники даваат легендарен опис на почетоците на Јапонија, денес познат како јапонска митологија. Според митовите кои се содржат во овие хроники, Јапонија е основана во 660 год. п.н.е. од предокот-император Џиму, директен потомок на шинто божеството Аматерасу или Божицата на сонцето. Митовите споменуваат дека Џиму започнал императорска лоза што останала до денес. Историчарите претпоставуваат дека митовите делумно опишуваат историски факти, но првиот император кој всушност постоел бил императорот Оџин, иако датумот на неговото владеење е неизвесно. Од периодот Нара, вистинската политичка моќ не е во рацете на императорот, туку во дадени периоди е во рацете на дворското благородништвото, воените водачи, војската и денес премиерот на Јапонија.

Периодот Хеан

Минијатурен модел на Хеан-кјо

Периодот Хеан траел од 794 год. до 1185 год. и е последниот период на класичната јапонска историја. Тој се смета за врв на јапонскиот царски двор и е познат по уметноста, а особено поезија и литература. Во почетокот на 11. век, дамата Шикибу Мурасаки го напиша најстариот зачуван роман на Јапонија (и еден од најстарите во светот), Приказната за Генџи. Најстарите збирки јапонса поезија Манјосху и Кокин вакашу биле составени во текот на овој период.

Се појавиле силни разлики со културите од азиското копно (како што е автохтониот систем за пишување, Кана). Поради падот на династијата Танг, кинеското влијание го достигнало својот врв, а потоа дефинитивно завршило, со последната империјално дозволената мисија во Танг, Кина во 838 год., иако трговските експедиции и будистичкиот аџилак во Кина продолжил.

Цртеж на свиток кој датира од околу 1130 год., на кој е илустрирана сцена од четивото „Река од бамбуси“ од Приказната за Генџи (јапонски: 源氏物語 Genji Monogatari, англиски: The Tale of Genji)

Политичката моќ во царскиот дворец била во рацете на моќни аристократски семејства (kuge), особено кланот Фуџивара, кој владеел под титулите Сешо (титула на регент имануван да му помогне на дете-цар или царица) и Кампаку (во теорија, главен советник на царот, но и титула за првиот секретар и регент кој му помага на царот). Кланот Фуџивара добил речиси целосна контрола врз царското семејство. Сепак, регентите Фуџивара кои го советувале царскиот двор биле задоволни со нивниот авторитет преку царот. Ова значело дека авторитетот на кланот Фуџивара можел да биде оспорен од страна на енергичен цар во секое време. Доминацијата на Фуџивара на дворот во периодот од 858 год. до околу 1160 год. довел до тоа овој период да се нарекува „периодот Фуџивара“. Кланот Фуџивара ја добил оваа надмоќ, поради брачни врски со царското семејство. Всушност, поради бројот на цареви чии мајки биле од кланот, регентите Фуџивара биле лесно идентификувани со царското семејство, и луѓето не гледале разлика меѓу „директно владеење“ од страна на царското семејство и на владеењето на регентите Фуџивара. Според тоа, кога настанало незадоволство од владата што резултирало со буната Хоген (1156-1158 год.), буната Хеџи (1160 год.) и војната Гемпе (1180-1185 год.), цел на незадоволството биле регентите Фуџивара, како и царското семејство. Војната завршила во 1185 год. со поморска битка на Ден-но-ура во која кланот Минамото го победил кланот Таира. (Битката на Ден-но-ура и војната Гемпе се споменуваат во приказна раскажана од покојниот Карл Саган во втората епизода од телевизиската минисерија од 1980 год. „Космос“.) Во 1192 год., дворот го назначил Јоримото од кланот Минамото на голем број високи позиции во владата. Овие позиции биле консолидирани и Јоримото станал првиот човек кој бил именуван како сеи таи шогун или шогун. Јоримото тогаш го победил кланот Фуџивара во воениот поход во северниот дел на Јапонија. Ова го означило крајот на периодот Фуџивара и крајот на нивното влијанието врз владата.

На крајот од овој период бил забележан подем на разни воени кланови. Четирите најмоќни кланови биле кланот Минамото, кланот Таира, кланот Фуџивара и кланот Тачибана. Кон крајот на 12. век, конфликтите меѓу овие кланови прераснале во граѓанска војна, како што била Хоген (1156-1158 год.). Буната Хоген била од големо значење за Јапонија, бидејќи била пресвртната точка што довела до првите фази на развојот на феудализмот во Јапонија. Буната Хеџи од 1160 год., исто така избувнала во текот на овој период и востанието било проследено со војната Генпе, од која произлегло општество предводено од кланови на самураи под политичка власт на шогунот, што се всушност почетоците на феудализмот во Јапонија.

Бјудо-ин (1053 год.) е амидистички храм (амидизам е гранка на махајанскиот будизам наречен исто така удизам на чиста земја). Регистриран е како светско наследство на УНЕСКО.

Будизмот почнал да се шири за време на периодот Хеиан. Сепак, будизмот бил поделен меѓу две секти: сектата Тендаи која била донесена во Јапонија од Кина од страна на Саичо (767-822 год.) и сектата Шигон која беа донесена од Кина од страна на Кукаи (774-835 год.). Додека сектата Тендаи била монашка форма на будизам која формирала изолирани манастири или храмови на врвовите на планините, варијација Шигон била помалку философска, а попрактична и попопуларна верзија на религијата. Амидизмот (Будизам на чиста земја) е форма на будизам која е многу поедноставна отколку верзиите Тендаи или Шигон. Амидизмот станал многу популарен во Јапонија во времето на влошување и проблеми во втората половина на 11. век.

Феудална Јапонија (1185–1868)

Во феудалниот период на јапонската историја, доминирале моќните регионални семејства (даимјо) и воената власт на воени водачи (шогуни). Овој период се протега од 1185 год. до 1868 год. Царот останал на власт, но главно неговата владејачката позиција била de jure, а трговците имале малку моќ. Овој период обично е дели на помали периоди според семејството на шогунот кое владеело.

Периодот Камакура

Периодот Камакура (1185-1333 год.) е период што го означило владеење на шогунатот Камакура и транзиција во јапонската „средновековна“ ера, што е речиси период од 700 години во кој на царот, дворот, и традиционалните централната власт останале непроменети, но биле потиснати во голема мера извршувајќи церемонијални функции. Граѓанските, воените и судските спорови биле контролирани од класата на буши (самураите), а најмоќниот од нив бил де факто државниот владетел, шогунот. Овој период во Јапонија се разликувал од стариот шоен систем во силниот акцент на војската.

Во 1185 год., Јоримото од кланот Мирамото и неговиот помлад брат Јошицуне го поразиле ривалскиот клан Таира во поморска битка на Дан-но-ура. Исходот од битката на Дан-но-ура значел пораст на класат на воини или самураи. Со феудалната структура која произлегла во Јапонија, самураите биле должни да извршуваат воена служба и да бидат лојалност на царот. Самураите пак, барале лојалност и работа од селаните кои изнајмувале земјиште од нив и им служеле. Понекогаш самураите воделе битки еден против друг, што предизвикало нарушување во општеството. Во 1192 год., Јоримото бил назначен за Сеи таи шогун од страна на царот. Од шогунот се очекувало да ги води секојдневните работи на владата во име на царот и да го контролира самураите. Во ова време царскиот двор останал во главниот град Кјото. Општество во Кјото се сметало за попрефинето и покултурно од остатокот на земјата. Сепак, Јоримото ја основал својата база на моќ наречена Бакуфу во приморскиот град Камакура. Јоримото станал првиот од ред шогуни кој владеел од Камакура. Така, период од 1185 год. до 1334 год. станал познат како периодот на шогунатот Камакура. Општество во воениот или самурајскиот главен град Камакура се сметало за грубо и неуко во споредба со префинетото општеството во Кјото. Сепак, Јоримото сакал да ја ослободи својата влада од влијанието на штетната бирократијата во Кјото, и останал во Камакура . Шогунатот Камакура се засновал на интересите на оваа растечка класа наместо на бирократијата во Кјото. Според тоа, изборот на Камакура како главен град на шогунатот одговарал на новата класа на воини.

Yoritomo бил оженет со Хоџо Масако од кланот Хоџо, која и самата била сенсе (мајстор) во кјудо (стрелање) и кендо (мечување), и таа придонела многу за неговиот подем и организирање на бакуфу. Меѓутоа, по смртта на Јоримото, друг клан на воини, кланот Хоџо, дошол на власт како шикен (регенти) за шогунот.

Јапонски самурајски како се качуваат на монголски бродови во 1281 год.

Во оној период монголската инвазија на Јапонија во 1274 год и 1281 год била трауматичен настан. Големите монголски сили со супериорна поморска технологија и оружје се обиделе да извршат целосна инвазија на јапонските острови и во 1274 год. и во 1281 год. Сепак, познат тајфун под името камиказе (во превод од јапонски: божествена ветер) бил заслужен за уништувањето и на цилите на монголската инвазија и спасувањето на Јапонија. Иако Јапонците успешно ги запреле Монголите, обидот за инвазијата имал катастрофални внатрешни последици, што довело до исчезнување на шогунатот Камакура. Две децении по вториот неуспешен обид на монголската инвазија ан Јапонија , Јапонците продолжиле да стравуваат од тет монголски напад. (Всушност, Јапонија не можела да биде сигурна во мир сè до смртта на Кублај Кан во 1294 год.) Како резултат на ова, шогун барал од самураите да трошат многу пари на вооружени сили, со цел да останат во состојба на готовност за третиот напад од страна на на Монголите кој се очекувал. Ова огромно трошење пари имало разурнувачки ефект врз економијата на Јапонија. Можеби шогунатот Камакура ќе го преживеел притисокот на постојана воена подготвеност и лошата економија што произлегла од тоа доколку ова бил единствениот проблем. Сепак, по смртта на царот Го Сага во 1272 год. настаналa жестока расправијa околу наследство на престолот во рамките на царското семејство.

Реставрацијата Кему

Во 1333 год., шогунатот Камакура бил симнат од власт со државен удар удар познат како Реставрацијата Кему, предводена од царот Го Даиго и неговите следбеници (Ашикага Такауџи, Нита Јошисада и Кусуноки Масашиге). Царот Го Даиго дошол на престолот во 1318 год. Од самиот почеток, јасно било дека Го Даиго нема да абдицира и да биде „затворен цар“, и дека има намера да владее со Јапонија од неговата палата во Кјото независно од шогунатот Камакура. Го Даиго и неговите приврзаници војувале против шогунатот Камакура. На царот му било вратено политичкото влијание. Владата кја се формирала не се состоела од цивили, туку била владата од шогунатот Камакура предводена од војска. Сепак, ова не траело долго. Настанало безредие во класата на воини низ Јапонија. Исто така, Го Даиго не бил роден лидер. Всушност, негиов карактер имал тенденција да ги отуѓува луѓето. Еден од оние што бил отуѓен од Го Даиго, бил неговиот поранешен следбеник, Ашикага Такауџи. Ашикага Такауџи дознал дека има поддршка од другите регионални воени водачи во Јапонија. На почетокот од 1335 год., Ашикага заминал од Кјото и се преселил во Камакура. Ашикага тогаш почнал да презема функции кои не му биле доделени од царот. Ова до довело Ашикага Такауџи во директен конфликт со владините претставници во Кјото, вклучувајќи ги и неговата стари сојузници, Нита Јошисада и Кусуноки Масашиге. Сепак, преземајќи овластувања какви што имал шогунот, се чинело дека Ашикага се застапувал за класата на воини во борбата против цивилните власти кои се чинело дека се решени да ја уништата можта на воините. Според тоа, на Ашикага му се придруѓиле многу регионални воени водачи во Камакура. На 17. Ноември, 1335 год. Ашикага Тадајоши, братот на Такауџи, ги повикал воините низ земјата (во име на својот брат Такауџи) „соберете ги мажите од вашиор клан и побрзајте да ни ми се придружите“. Незадоволството од Го Даиго било силно што повеќето од воините во Јапонија одговориле на овој повик.

По првичниот пораз на главниот остров Хоншу, Ашикага и неговите трупи се повлекле во јужниот дел на островот Кјушу, каде што веднаш ги продобил најголем дел од регионалните воени водачи на негова страна и ги поразил неколкуте кои останаа лојални на Го Даиго. Штом целиот островот Кјушу бил во негови раце, Ашикага Такауџи повторно извршил инвазија на главниот остров Хоншу, и во 1336 год., во решавачката Битка на Минатогава, или Битката на реката Минато, ги поразил вооружените сили на Нита Јошисада и Кусуноки Масанори и другите лојалистички сили на Го Даиго. Силите на победничката класа на воини се собрале околу градот Камакура кој станал познат како „Северниот царски двор“. Лојалистичките сили можеби биле победени, но преживеале да ја продолжат борбата. Тие го формирале „Јужниот царски двор“, а по смртта на Го Даиго на крајот на летото од 1339 год., се собрале околу принцот Казухито кој бил устоличен како царот Когон. Принцот Казухито бил од помлада лоза на потомци на царското семејство и на тој начин, неговите приврзаници биле приврзаници на на „помладата лоза“. На 20. септември 1336 год., коалицијата на самураи на Ашикага се спротивставила на Го Даиго и устолишивањето на Принцот Го како царот Комјо. Принцот Јутахито билод „постарата лоза“на потомци на царското семејство. Според тоа, граѓанската војна меѓу воините предводени од клан Ашикага – Северниот царски двор од една страна и „Јужниот царски двор“ на лојалистите од друга страна, беше граѓанска војна за тронот меѓу приврзаниците на „старата“ и „младата“ лоза на наследници на царкото семејство. Воините и кланот Ашикага го освоиле Кјото и почнале да ги преместуваат воени силе од Камакура во Кјото. Во меѓувреме, Јужниот двор го напуштил главниот град Кјото и се етаблирал во Јошино.

Шогунатот Ашикага никогаш не можел да ја контролира и централизира власта низ целата земја. Кланот владеел поради мало мнозинствона воени водачи кое се менувало и кое го поддржувало. Секогаш имало воени водачи кои делувале самостојно и од Севернит двор и од Јужниот двор. Подоцна, за време на војната за престолот, овие независни воени водачи на власт го поставиле третиот цар, царот Суко. Значи граѓанска војна за тронот станала проблем меѓу три страни. Како што продолжувала граѓанската војна така и престижот на престолот се намалувал. Ова влијаело врз зацврстувањето на идејата дека царското семејство треба да се отстрани од политиката и ја зајакнало потребата да се назначи шогун за да ја води владата.

Во 1338 год., Ашикага Такауџи бил официјално назначен за шогун од новиот цар. Тој бил првиот од шогуните Ашикага. Обидот за враќање на независна моќ на престолот - Ресторацијата Кему, бил при крај, по што започнал периодот на шогунатот Ашикага. Граѓанската војна за престолот конечно била решена. Како дел од решението, сите три „цареви“ абдицирале на 6. април 1352 год. Ашикага починал во 1358 год. и Ашикага Јошиакира го наследил како шогун. Сепак, до 1368 год. моќта на шогунатот Ашикага била дефинирана што што Ашикага Јошимицу можел да владее во Јапонија без оглед на царот. Во 1392 год., на Јужниот двор и Северниот двор конечно се споиле со договор кој го ставил царот Коген, од Јужниот двор и помладата лоза на престолот и завет дека на престолот отсега наизменично ќе доаѓаат кандидати од Северниот двор и Јужниот двор. Меѓутоа, овој договор никогаш не бил спроведен.

Периодот Муромачи

Кинкакуџи (Златниот павилјон), Кјото, 1397 год., во периодот Китајама

За време на периодот Муромачи, шогунатот Ашикага владеел 237 години, од 1336 год. до 1573 год. Бил основан од Ашикага Такауџи кој ја презел политичката моќ од царот Го Даиго. Мнозинството од класата воини го поддржале кланот Ашикага во војната за престолот. По одземањето на Кјото од царот Го Даиго, клант Ашикага го направил Кјото главен град на шогунатот Ашикага кон крајот на 1336 год. Тој станал нов главен град на Северниот двор. После тоа, Го Даиго се преелил во Јошино и таму го основал новиот главен град на Јужниот Двор. Со ова завршил обидот за реставрација на моќта на престолот - Реставрацијата Кему. Почетокот (1336-1392 год.) од периодот Муромачи период е познат како Нанбоку чо (период на Северниот и Јужниот двор), бидејќи царскиот двор бил поделена на два дела. Во 1392 год., Северниот двор и Јужниот двор конечно биле споени и царот Коген бил ставен на престолот. Имало договор со кој, наследувањето на престолот наизменично ќе се менува меѓу кандидатите на Северниот двор и кандидатите на Јужниот двор. И покрај тоа, овој договор никогаш не бил спроведен.

Владеењето на кланот Ашикага било многу слично на владеењето на кланот Камакура, бидејќи кланот Ашикага направил неколку промени во позициите и советите и на претходна влада. Сепак, шогунатот Ашикага доминирал со царскит престол повеќе отколку што можел кланот Камакура. Шогунатот Ашикага никогаш не можел да ја централизира својата власт над регионалните воени водачи како претходно влада на Камакура. Шогунатаот Ашикага се основал на коалиција на лабаво мнозинство од различни регионални воени водачи низ целата земја. Како последица на тоа, шогунатот Ашикага не можел да се направи ништо во врска со проблемот на пиратите кои делувале на нивните брегови, и покрај многуте барања од Кореа и кинеската династија Минг. Клановите на воените водачи, како кланот Коцуна и филијалата Кијомори од кланот Таира, кои живееле крај брегот на Бнатрешното Јапонско Море, заработувале од пиратите и ги поддржувале.

Во 1368 год., династијата Минг ја заменила династијата Јуан на Монголите во Кина. Трговијата на Кина со Јапонија замрела после вториот и последен обид на монголска Кина да изврши инвазија на Јапонија во 1281 год. Сега започнал нов трговски однос со новите владетели Минг во Кина. Дел од новата трговијата со Кина било доаѓањето во Јапонија на зен будистички монаси. Во текот на шогунатот Ашикага се зголемило влијанието на Зен будизмот меѓу владеачката класа во Јапонија.

Периодот Муромачи завршил во 1573 год. кога 15-от и последен шогун, Ашикага Јошиаки, бил избркан од главниот град Кјото од Ода Нобунага.

Од аспект на културната историја, во периодот Муромачи се периодот Китајама (крајот на 14. век - првата половина на 15. век) и периодот Хигашијама (втората половина на 15. век – прва половина на 16. век).

Периодот Сенгоку

Замокот во Осака
Цуненага Хасекура и јапонскиот воен брод „Сан Хуан Баутиста“

Подоцнежните години од периодот Муромачи ( 1467-1573 год.), исто така се познати како период Сенгоку (периодот на завојувани кралства), време на интензивна внатрешна војна кое кореспондира со периодот од првите контакти со западот - доаѓањето на португалските "нанбан" трговци.

Во 1543 год., португалски брод, кој бил одвеан и го изгубил својот курс на пловидбата до Кина, стигнал до островот Танегашима. Огнено оружје донесено од Португалците ќе донесе големи иновации во периодот Сенгоку, кои кулминирале во Битката на Нагашино каде наводно 3000 аркебузи (се верува дека вистинскиот број е околу 2000) ги намалило ангажирањето на самураи. Во текот на следните години, доаѓале трговци од Португалија, Холандија, Англија и Шпанија, како и језуитски, доминикански и францискански мисионери.

Периодот Азучи-Момојама

Периодот Азучи-Момојама траел од околу 1568 год. до 1603 год. Периодот, кој се смета како доцниот Период на завојуваните кралства, го означува военото обединување и стабилизацијата на земјата под еден политички владетел, прво со воените походи на Ода Нобунага (1534-1582) кој речиси ја обедини Јапонија. Нобунага одлучил да ја намали моќта на будистичките свештеници, и го штител христијанството. Тој вршел масовни убиства на будистички свештеници и ги освојувал нивните утврдени храмови. Бил убиен во бунт во 1582 год.

Цртеж на католички калуѓери погубени на 5. февруари 1597 год.

Обединување конечно го остварил еден од генералите на Нобунага, Тојотоми Хидејоши.

Откако ја обединил Јапонија, Хидејоши ја нападнал Кореја во обид да ја освои, како и територијата пошироко. Сепак, по два неуспешни походи против сојузните сили на Кореја и Кина и неговата смрт, неговата војска се вратила во Јапонија во 1598 год. По неговата смрт, Јапонија доживеала краток период на конфликт околу тоа кој ќе го наследи. Токугава Иејасу, еден од регентите на младиот наследник на Хидејоши, излегол како победник од Битката кај Секигахара и се здобил со политичка моќ.

Христијански мисии

Католички језуитски мисионери предводени од Франциско Ксавиер (1506-1552) пристигнале во 1549 година и биле пречекани во Кјото. Нивниот преобратување било најуспешно во Кјушу, со околу 100.000 до 200.000 преобратени верници, вклучувајќи и многу даимјо. Во 1587 година, Хидејоши се премислил и одлучил дека христијанското присуство било предизвикува раздор и може да им овозможи на Европејците да ја расцепкаат Јапонија. Христијаните мисионери биле гледани како закана; на португалски трговци им било дозволено да продолжат со нивната работа. Едиктот не бил веднаш спроведен, туку ограничувања станувале сè построги во наредните три децении сè додека целосен владин прогон на ја уништил христијанската заедница до дваесеттите години на 17. век. Језуитите билепротерани, цркви и училишта биле урнти, а на даимјо им било забрането да станат христијани. Преобратените верници кои не го отфрлиле христијанството биле убиени. Многу христијани тајно ја практикувале религијата, со што станале прикриени христијани (隠れ キリシタン какуре киришитан), но нивните заедници исчезнале. Христијанството повторно било воспоставено во Јапонија во 70-тите години на 19. век.

Периодот Едо („Токугава“) (1603–1868 год.)

Мапа на Јапонија во Циханума (Книгата на светот)на славниот Отомански патник и географ, Катиб Челеби
Иејасу Токугава, првиот шогун на шогунатот Токугава

Во периодот Едо или ерата Токугава била забележана моќта била централизирана во рацете на шогунатот кој се наследувал и кој ја презел контролата врз религијата, ја уредувал целата економија, го поттчинил благородништвото и воспоставил единствен систем на оданочување, владини трошоци и бирократија. Шогунатот избегнувал меѓународно инволвирање и војни, основал државно судството и ги потиснал протестите и критиките. Ерата Токугава донела мир, а со тоа и просперитет на 31-милионската нација.

Економија

Околу 80% од луѓето биле фармери кои одгледувале ориз. Производствоо на ориз постојано се зголемувало, но бројот на населението останал стабилен, така што просперитет се зголемил. Површината на оризовите полиња се зголеми од 1,6 милиони чо (мерка за површина) во 1600 год. на 3 милиони до 1720 год. Подобрената технологија помогнала на земјоделците да го контролираат важниот проток на наводнување на нивните полиња. Дамјо управувале неколку стотици градови, кои станале локуси на домашната трговија. Големите паразари на ориз се развиле, во Едо и Осака. Во градовите, гилдите на трговци и занаетчии се соочија со побарувачка за стоки и услуги која растела. Трговците, иако со низок статус, успевале, особено оние со официјално покровителство. Трговците ги измислиле кредитните инструменти за трансфер на пари, валутата дошла во општа употреба, и кредитниот пазар која зајакнувал го поттикнало претприемништвото.

Самураите, на кои им било забрането да се занимаваат во земјоделство или бизнис, но дозволено да позајмуваат пари, позајмувале премногу. Еден научник забележал дека целата воена класа шивеела „како во меана, односно, конзумирале денес, а плаќале утре“. Бакуфу и дамјо ги зголемиле даноците на земјоделците, но не и данок за бизнис, па тие исто така паднале во долгови . Од 1750 год. зголемувањето на даноците поттикнало немри меѓу селаните, па дури и бунт. Нацијата морала да се справи некако со осиромашувањето на самураите и дефицитот во државната каса. Финансиските проблеми на самураите ја поткопале нивната лојалност на системот, а празната каса се заканувала на целиот систем на власт. Едно решение било назадно - со забрана за трошење за луксуз. Други решенија поттикнале модернизација, со цел на зголемување на аграрната продуктивност. Осмиот шогун во периодот Токугава, Yoshimune Токугава (на власт од 1716-1745 год.) постигнал значаен успех, иако голем дел од неговата работа морала да се направи повторно меѓу 1787 и 1793 год. од страна на главниот советник на шогунот, Саданобу Мацудаара (1759-1829 год.). За време на владеењето на други шогуни вредностана ковањето на монети била намалена за да ги платат долговите, што предизвикало инфлација.

Од 1800 год. комерцијализацијата на економијата бро пораснала, со што се повеќе и повеќе оддалечени села биле вклучени во државната економија. Се појавиле богати земјоделци кои се пренасочиле од огледување на ориз на високопрофитни комерцијални култури и се вклучиле во локалното лихварство, трговија, и производството во мали размери. Некои богати трговци бараат повисок општествен статус користејќи ги своите пари за да ги омажат ќерките за самураи.

Неколку домени, особено Чошу и Сацума, користиеле иновативни методи за враќање на нивните финансии, но повеќето продолжиле да тонат во долгови. Финансиската криза предизвикала реакционерно решение кон крајот на периодот на Темпо реформите (1830-1843 год.) изгласано од страна на главниот советник Тадакуни Мизуно. Тој ги зголемил даноците, го осудил луксузот и се обидел да го попречи растот на бизнисот; кога не успеал во тоа, многумина виделе дека постоењето на системот Токугава е во опасност.

Општествена структура

Јапонското општество имало детална општествена структура, во која секој го знел своето место и на ниво на престиж. На врвот биле царот и благородништвото на дворот, непобедливи во престиж, но со малку власт. Потоа биле „буши“ на шогунот, дамјо и слоеви на феудални господари, чиј ранк бел означен со нивната блискост до Токугава. Тие имаале моќ. Дамјо биле околу 250 локални господари на локалните „хан“ со годишни резултати од 50,000 или повеќе мерки бушел на ориз. Горниот општествен слој бил склон кон на комплицирани и скапи ритуали, вклучувајќи елегантна архитектура, убави градини, Нох драма, покровителство на уметноста, и чајни церемонии.

Самураи

Понатаму во општествената структура биле 400.000 воините, наречена „самураи“, чии редови варирале во голем степен. Неколку самураи од горните слови биле се квалификувале за високи функции, а повеќето биле пешадија (ашигару) со мали обврски. Самураите биле поврзувани со господари од посок ранк во добро воспоставен синџир на команда. Шогунот имаал 17.000 самураи во негова служба; секој дамјо имал по 100. Повеќето живееле во скромни домови во близина на седиштето на својот господар, и живееле од наследните права да собираат кирија и стипендии. Заедно, овие групи од висок статус ја сочинувале владејачката класа на Јапонија што била околу 6% од вкупното население.

Ниски слоеви

Пониските социјални слоеви биле поделени во два главни сегменти – селаните, кои биле 80% од населението, чијшто висок углед како производители се поткопувал од нивниот товар како главен извор на даноци. Тие беа неписмени и живееле во селата кои биле под контрола на именувани функционери кои го чувале мирот и собирале даноци. Селаните често се организирале незаконски протести проследени со немири, особено по 1780 година.

Трговци и занаетчии

Во близина на дното на скалата на престиж, но многу повисоко во однос на приходите и животниот стил, биле трговците и занаетчиите во градовите. Тие немале политичка моќ, па дури и на богатите трговци им било тешко да се искачат на општествената скала во општество во кое положбата е утврдена при раѓање. На дното биле забавувачите, проститутките, дневните работници и слугите, и крадците, питачи и наследните отпадници. Тие биле строго контролирани од страна на локалните власти и не им било дозволени да се мешаат со луѓето со повисок статус.

Писменост

Писменоста биле високо ценета, иако отежната поради системот на пишување. Печатењето со дрвени калапи било стандардно со векови; по 1500 год. јапонските печатари експериментирале со подвижни букви, но повторно се вратиле на дрвените калапи. До 80-тите години на 18. век во Јапонија се објавувале 3000 книги годишно (во споредба со Русија која објавувала 400). До 50-тите години на 19. век, главниот нов тренд било преведувањето на научни и географски книги од Западот, кои имале широка публика. До 1860 год. околу 40% од мажите и 10% од жените во руралните средини биле образовани, а стапката била многу повисока во градовите, како на пример 80% во Едо (Токио). Универзалното задолжителното образование почнало дури во 1871 година.

Влада

Шогунот Јошимуне Токугава 1716–1745 год.

За време на периодот Едо, наречен исто така период Токугава, администрацијата на земјата била распоредена на над двесте дамјо во федерацијата под власт на шогунатот Токугава . Кланот Токугава, лидер на победничката источна армија во Битката кај Секигахара, бил најсилен и петнаесет генерации ја монополизирал титулата на „Сеј-и таишогун“ (често се скрати само на „шогун“). Со нивното седиште во Едо (денешен Токио), Токугава им заповедале на верност на други дамјо, кои за возврат владееле на нивните домени со прилично висок степен на автономија.

Шогунатот Токугава спровел голем број на значајни политики. Тие ја ставиле самурајската класа над обичната: земјоделците, занаетчиите и трговците. Тие донеселе закони за личната потрошувачка, поставувајќи ограничување во однос на фризурата, облекувањето и додатоците. Ги организирале обичните луѓе во групи од по пет, во кои сите биле одговорни за делата на поединец. За да се спречат дамјо да бунтуваат, шогуните барале од нив да поседуваат раскошен резиденции во Едо и да живеат во овие живеалишта на ротирачка распоред; да организираат скапи поворки до и од нивните домени; да придонесе за одржување на светилиштата, храмовите и патиштата и да бараат дозвола за да ги реновираат нивните замоци.

Овој период од 265 години бил наречен „мирна состојба“. Културните достигнувања биле големи во текот на овој период, а се одржале и многу уметнички случувања. Најзначајните меѓу нив биле формата на печатење со дрвени калапи укијо-е и театрите кабуки и бунраки. Исто така, многу од најпознатите дела за жичаниот интрумент кото и дувачкиот шакухачи датираат од овој временски период.

Сакоку - изолираност од надворешниот свет

Првиот јапонски трактат за западната анатомија, објавен во 1774 год., пример од Рангаку (западно учење).

За време на првата половина од 17. век, шогунатот се сомневал дека странските трговци и мисионери, всушност биле претходници на воено освојување од страна на европските сили. Христијанството почнало да се шири во Јапонија, особено меѓу селаните, и шогунатот сомневајќи се во лојалноста на селаните христијани на нивните дамјо, започнал да ги прогонува. Ова довело до бунт на прогонетите селани и христијани во 1637 година познат како Востанието Шимабара во кое 30.000 христијани, ронин и селани се судриле со голема самурајска армија од повеќе од 100.000 воини испратени од Едо. Востанието било задушено по големи загуби меѓу редовите на армијата на шогунот.

По елиминирањето на бунтовниците во Шимабара, шогунатот поставил прогресивно построги ограничувања за странците. Ја монополизирал надворешната политика и ги протерал трговците, мисионерите и странците, со исклучок на холандските и кинеските трговци, кои биле ограничени на вештачкиот остров Деџима во Заливот Нагасаки и неколку мали трговски населби надвор од земјата. Меѓутоа, за време на овој период на изолација (Сакоку), кој започнал во 1635 год., Јапонија била многу помалку отсечени од остатокот од светот отколку што вообичаено се претпоставува, а до извесно ниво се стекна и знаење од западниот свет во рамките на системот Рангаку. Руското присвојување на територија на север, довело шогунатот да ја прошири директната власт до Хокаидо, Сахалин и Кирилските Острови во 1807 година, но политиката на изолираност продолжила.

Крај на изолираноста

Истоварувањето на Комодор Пери, офицерите и луѓето од ескадронот, за да се сретне со царските комесари во Јокохама, 14. јули, 1853. Литографија на Sarony & Co., 1855 год., на В. Хејн

Политиката на изолација траела повеќе од 200 години. Во 1844 година, Вилијам II од Холандија испратил порака и ја повикал Јапонија да ги отвори своите врати, но Јапониците не ја прифатиле. На 8 јули, 1853 год., Комодор Метју Пери на морнарица на САД со четири воени бродови - Мисисипи, Плимут, Саратога, и Сускехана - пристигнал во заливот во Јокохама и ја покажал опасната моќ на топови на неговите бродови за време на погреб на еден христијанин кој се извршувал од Јапонците. Тој побарал Јапонија да се отвори за трговија со Запад. Овие бродови станале познат како курофуне, Црните бродови.

Следната година на Конвенцијата во Канагава на 31 Март 1854 година, Пери се вратил со седум бродови и побарал од шогунот да го потпише Договорот за мир и пријателство, воспоставувајќи формални дипломатски односи меѓу Јапонија и САД. Во рок од пет години, Јапонија потпиша слични договори со другите западни земји. Договорот на Харис бил потпишан со САД на 29 јули, 1858 година. Овие договори не биле фер, Јапонија била принудена да ги потпише со дипломатијата на воените бродови, и тие биле толкувани од страна на Јапонците како знак на преземање на останатиот дел од азикиот дел од страна на Западниот империјализам. Меѓу другите мерки, Јапонците категорично им дадоа на западните нации контрола на тарифите за увоз и на правото на екстратериторијалност на сите нивни државјани во посета. Ова ќе остане проблематично прашање во односите на Јапонија со Западот до крајот на векот.

Јапонската империја (1868–1945)

Oд 1868 год., во Јапонија започнаа политички, економски и културни трансформации од кои земјата излезе како единствена и централизирана држава, Јапонската империја (исто така и предвоена Јапонија). Овој 77-годишен период, кој траеше до 1945 год., беше време на брз економски раст. Јапонија стана империјална моќ, и ги колонизираше Кореја и Тајван. Почнувајќи во 1931 год. почна преземањето на Манџурија и Кина, наспроти желбите на Лигата на нациите и САД. Ескалацијата на тензиите со САД, и контрола од западните земји на виталните резерви на нафта на Јапонија, доведе до Втората светска војна. Јапонија изврши повеќе успешни напади на САД, како и британските и холандските територии во 1941-1942 год. По серија на големи поморски битки, Американците ја потонаа јапонската флота и во голема мера уништија 50 од најголемите јапонски градови преку воздушни напади, вклучувајќи нуклеарни напади врз Хирошима и Нагасаки. Јапонија се предаде на крајот на летото 1945 год., се откажа од прекуокеанските територии во Кореја, Кина, Тајван и други земји, и беше окупирана и трансформира од страна на САД во демилитаризирана демократска нација.

Реставрацијата на Меџи

Самураи од кланот Сацума, за време на Војната Бошин. Фотографија во боја од Феличе Беато.

Обновениот контакт со Западот предизвика длабока промена во јапонското општество. Поважно, во контекст на јапонскит агресивен милитаризам што следеше, потпишувањето на договорите се гледа како големо понижување и извор на национален срам. На Шогунот на Токугава беше принуден да поднесе оставка, и веднаш по Војната Бошин („Војната во годината на змејот“) од 1868 год., императорот бил вратен на престолот, започнувајќи период на жесток национализам и интензивно социо-економско преструктуирање познато како реставрацијата на Меџи. Системот Токугава беше укинат, војската се модернизираше, како и бројни западни институции беа донесени, вклучувајќи го западниот правен систем и квази-парламентарната уставна влада како што е наведено во уставот на Меџи. Овој устав беше моделиран според уставот на Германската империја. Додека многу аспекти на реставрацијата на Меџи беа донесени директно од западни институции, други, како што се распадот на феудалниот систем и отстранување на шогунатот, беа процеси кои почнаа долго пред доаѓањето на Пери. Сепак, интервенција на Пери многумина ја сметаат за клучен момент во јапонската историја.

Императорот Меџи, 122-от император на Јапонија.

Економско модернизирање

Индустриската револуција во Јапонија започна околу 1870 год. бидејќи националните водачи одлучија Јапонија да се израмни со Западот. Владата изгради железнички пруги, ги подобри патиштата и започна програма за реформи на земјиштето за да ја подготви земјата за понатамошен развој. Прва се модернизира текстилната индустрија, вклучувајќи го обработувањето на памук, а особено свила, кое дотогаш се вршело во домашни работилници во руралните области. Владата воведе нов образовен систем за сите млади луѓе базиран на западниот, испрати илјадници студенти во САД и Европа и ангажира повеќе од 3000 наставници од Западот да предаваат модерна наука, математика, технологија и странски јазици во Јапонија (о-јато гакокуџин).

Во 1871 год. група јапонски политичари позната како „Мисија Ивакура“ патувале низ Европа и САД за да учат за западниот начин на живеење. Резултатот беше испланирана политика на индустријализација предводена од државата за да ѝ се овозможи Јапонија брзо да се израмни со западните држави. Банката на Јапонија, која е основана во 1877 год., ги користеше даноците за финансирање на фабрики за челик и текстил. Образованието беше проширено и јапонски студенти беа испратени да студираат на Западот.

Војните со Кина и Русија

Јапонски интелектуалци во доцниот период Меџи го присвоија концептот на „линија на предност“ - идеја која ќе помогне да се оправда јапонската надворешна политика околу почетокот на 20-от век. Според овој принцип, отелотворен во слоганот fukoku kyōhei (фукоку кјохе), се сметало дека Јапонија ќе биде подложена на агресивен западен империјализам, освен ако не се продолжи линијата на предност надвор од нејзините граници кои ќе помогне да се одвратат странските упади и да се зајакне јапонската економија. Акцент беше ставен особено на „истакнатите јапонски интереси“ за Корејскиот Полуостров, некогаш славно опишани како „нож вперени во срцето на Јапонија“. Тензиите околу Кореја и Манџурија, соодветно, довеле Јапонија да се вклучи во првата Сино-јапонската војна со Кина (1894 - 1895 год.) и во Руско-јапонската војна со Русија (1904-1905 год.).

Војната со Кина ја направи Јапонија првата источна, модерен империјална моќ во светот, а војна со Русија покажа дека една западна сила може да биде поразена од источна држава. После овие две војни Јапонија стана доминантна сила во Далечен Исток со сфера на влијание што се протегаше над јужниот дел на Манџурија и Кореја, која беше официјално анектирана, како дел од Јапонската империја во 1910 год. Јапонија, исто така, доби половина од островот Сахалин од Русија. Резултатите од овие војни го покажаа доминантниот интерес на Јапонија за Кореја, покрај Островите Пенгу (Пескадорес), Формоза (денешен Тајван), и полуостровот Лиаодонг во Манџурија, од кој на крајот јапонската армија се повлече во „понижувачката“ Тројна интервенција.

Во текот на следната деценија, Јапонија ќе ја покаже својата растечка моќ, вклучувајќи го значајниот придонес кон Осумчлената Алијанса формирана со цел да ја задушат Боксерската буна во Кина. Многу Јапонци, сепак, веруваа дека западните сили сеуште сметаат дека новата империја е инфериорна и бараа средства за цементирање на нивната меѓународна положба. Ова даде снова за климата на растечките тензии со Русија, која постојано ќе навлегува во „линија на предност“ на Јапонија во овој период. Притисокот на [[Русија] од север се појави повторно откако Муравиев доби ја доби Надворешна Манџурија во Аигун (1858 год.) и Пекинг (1860 год.). Ова доведе до силен притисок од Русија за островот Сахалин кој Јапонците на крај го дадоа во замена за Курилските Острови (1875 год.). Островите Рјукју беа обезбедени на сличен начин во 1879 год., поставувајќи ги границите во чии рамки Јапонија ќе „влезе во светот“. Во 1898 год., беше отстранет последниот од нееднаквите договори со западните сили, сигнализирајќи новиот статус на Јапонија меѓу народите на светот. Во неколку децении од реформирање и модернизирање на социјалниот, образовниот, економскиот, воениот, политичкиот и индустрискиот систем, „контролираната револуција“ на императорот Меџи ја трансформира феудалната и изолирана држава во светска сила. Особено е тоа што поттикот за оваа промена е верувањето дека Јапонија мораше да се натпреварува со Западот и на индустриски и на воен план за да се изедначи.

Англо-јапонската алијанса

Договорот на Англо-јапонската алијанса беше потпишан со Велика Британија во 1902 год. Беше возобновен во 1905 год. и 1911 год. пред да пропадне во 1921 год. и конечно да се поништи во 1923 год. Тоа беше воен сојуз меѓу двете земји кој претставуваше закана за Русија и Германија. Поради овој сојуз, Јапонија влезе во Првата светска војна на страната на Велика Британија. Јапонија ги освои германските бази во Кина и Пацификот. Договорот ја олесни културната и технолошката размена меѓу двете земји.

Прва светска војна

Фотографија од Маруночи, Токио 1920 год.

Јапонија влезе Првата светска војна на страната на Алијансата и објави војна на Централните сили. Иако улогата на Јапонија беше ограничена на заземањето на германските колонијална позиции во Источна Азија и Пацификот, таа ја искористи можноста да го прошири своето влијание во Азија и нејзината територија во Пацификот. Делувајќи речиси независно од граѓанската влада, јапонската морнарица ги заплени германските колонии во Микронезија. Таа, исто така го нападна и окупира од германското пристаниште за јаглен Кингдао на кинескиот полуостров Шангдонг.

Јапонија присуствуваше на мировната конференција во Версај во 1919 год. како една од големите воени и индустриски сили на светот и доби официјално признание како една од „Големите пет“ на новиот меѓународен поредок. Се приклучи на Лигата на нациите и доби мандат над Пацифичките островите северно од екваторот кои порано беа на Германија. Јапонија исто така беше вклучена во повоената сојузничките интервенција во Русија, и ја окупираше Руска (Надворешна) Манџурија, и исто така северниот дел на Сахалин (каде беа концентрирани ограничени резерви на нафта на Јапонија). Таа беше последната сојузничките сила која се повлече од интервенциите против Советска Русија (во 1925 год.).

Во повоената ера Јапонија забележа невиден просперитет.

Фашизам во Јапонија

Во текот на првата и втората деценија од 20. век, Јапонија напредна кон демократија преку движењата познати како „Таишо демократија“. Сепак, парламентарната влада не беше доволно вкоренета за да го издржи економскиот и политичкиот притисок од крајот на 20-тите и 30-тите години на 20. век за време на Големата криза, а државата стана се помилитаризирана. Ова се должеше на зголемувањето на овластувањата на воените лидери и беше слично на акции што ги преземаа некои европски земји и што доведоа до Втората светска војна. Овие поместувања на власт беа овозможени од страна на двосмисленоста и непрецизноста на Уставот Меџи, особено мерката според која законодавно тело одговара пред царот, а не луѓето. Милитаристичка фракција Кодоха дури и се обиде да изврши државен удар познат како Инцидентот од 26. февруари, кој беше задушен по три дена од Хирохито, императорот Шова.

Партиската политика беше тешко критикувана бидејќи се веруваше дека создава раздор во нацијата и го промовира сопствениот интерес каде е потребно единство. Како резултат на тоа, главните партии гласаа да се распуштаат и се здружија во една партија, Асоцијација за помош на империјалната власт (АПИВ), во која, исто така, влегоа многу префектурални организации како клубови на жени и соседски здруженија. Сепак, овој синџир организации немаше заедничка политичката агенда и имаше внатрешната борба меѓу фракции за време на нејзиното постоење, што значи Јапонија не деволвира во тоталитарна држава. АПИВ се споредува со сунѓер, бидејќи можеше да потопи се, но малку можеше да се направи со неа подоцна. Нејзиното создавање беше предизвикано од ред домашни кризи, вклучувајќи го доаѓањето на Големата криза во 30-тите години на 20. век и активностите на екстремистите како што се членови на Сакуракаи (Друштвото на црешовиот свет), кои стојат зад Инцидентот од 15. Мај.

Втора сино-јапонска војна

Воениот брод „Јамато“ на Империјалната јапонска морнарица (најголемиот воен брод во историјата), 1941 год.

Под изговор на Манџурискиот инцидент, потполковникот Канџи Ишивара ја нападна Внатрешна (Кинеска) Манџурија во 1931 год., акција која јапонската влада ја ратификуваше со создавањето на марионетска држава Манџукуо за време на владеењето на последниот кинески император, Пу Ји. Како резултат на меѓународна осуда на инцидентот, Јапонија поднесе оставка од Лигата на народите во 1933 год. По уште неколку слични инциденти кои ја вклучуваа експанзионистичка војска, Втората сино-јапонската војна започна во 1937 година по Инцидентот на мостот Марко Поло.

Од 1937-1945 год., царот Хирохито беше врховен командант на Империјалниот главен штаб, кој ги носел воените одлуки. По пристапувањето на Антикоминтерна пактот во 1936 година, Јапонија го формираа Тројниот пакт (Пактот на Оската) со Германија и Италија на 27 септември 1940 год. Многу јапонски политичари веруваа дека е неизбежна војна со Западот поради својствени културните разлики и западниот империјализам. Јапонскиот империјализам тогаш беше оправдан со заживување на традиционалниот концепт на хако ичиу (hakko ichiu), божественото право на имераторот да го обедини и да владее со светот.

Јапонија беше поразена од страна на Советскиот Сојуз во 1938 година во битки од големи размери, но локализирани, и тоа во Битката на езерото Хасан во 1939 година и во Битката на Халкин Гол. Армијата не сакаше повеќе да се бори против Советскиот Сојуз, па во беше потпишан во 1941 год. беше потпишан Советско-јапонскиот пак за неутралност. Договорот се одржа до август 1945 год. кога Советскиот Сојуз изврши инвазија на Манџурија и Кореја.

Втора светска војна

Тензиите меѓу Јапонија и САД пораснаа како резултат на јавен протест против јапонската агресија и вестите за злосторствата во Кина, како злогласниот масакар во Нанкинг. САД цврсто ја поддржа Кина со пари, пилоти, добра и закани против Јапонија. Во знак на одмазда за инвазијата на Француска Индокина, САД стави ембарго на стоки како нафтени производи и старо железо. На 25. јули 1941 година, сите јапонски средства во САД беа замрзнати. Како што воената моќ на Јапонија, особено морнарицата, зависеше од нафтени резерви кои се намалуваа, оваа мерка имаше спротивен ефект на зголемувањето на зависноста и потребата на Јапонија за нови освојувања.

Многу граѓански лидери од Јапонија, вклучувајќи го и премиерот Коное Фумимаро, веруваа дека евентуална војна со Америка ќе заврши со нивни пораз, но чувствуваа дека концесиите барани од САД речиси сигурно ќе ја преместат Јапонија од редовите на светските сили, оставајќи ја како плен на западниот заговор. Граѓанските лидери понудија политички компромис во форма на „Амау доктрина“, наречена „јапонската Монро доктрина“ која ќе им дадеше на Јапонците слобода во врска со војна со Кина. Овие понуди беа категорично одбиени од страна на САД, а воените лидери се натпреваруваа за брза воена акција.

Повеќето воени лидери, како Осами Нагано, Котохито Канин, Хаџиме Сугијама и Хидеки Тоџо веруваа дека војна со Западот е неизбежна. Тие конечно го убедија императорот да одобри план за напад на САД, Велика Британија и Холандија во ноември 1941 год. Меѓутоа, имаше дисиденти во редовите во врска со мудроста на таа опција, меѓу кои беа Адмирал Јамамото Исороку и принцот Такамацу. Тие јасно предупредија дека на почетокот на судирот со САД, Империјата ќе има предност шест месеци, но во подолга војна со непријател со многу поголема економија, поразот на Јапонија ќе биде речиси сигурен.

Авиони од јапонскиот носач Шокаку подготвени за нападот на Перл Харбор

Американците очекуваа напад на Филипините и испратија бомбардери за да го одвратат jапонскиот напад. Советувана од Јамамото, Јапонија донесе одлука да ја нападне главната американска флота во Перл Харбор на Хаваите. Американските стратези веруваа дека Јапонија никогаш не би бил толку храбра да нападне толку блиску до својата домашна база и САД беа вистински изненадени.

Нападот на Перл Харбор, првично се чинеше дека е голем успех што ја нокаутира американската борбена флота, но ги пропушти носачите на авиони кои беа во морето и ги игнорираше објектите на брегот од витално значење чие уништување можеше да ги успори операциите на САД на Пацификот. На крај, нападот се покажа како долгорочна стратешка катастрофа со тоа што всушност нанесе релативно малку значајна долгорочна штета, а ги поттикна САД да се одмаздат. Во исто време како и нападот на Перл Харбор, јапонската војска го нападна британски Хонг Конг и го окупираше речиси четири години.

Додека Нацистичка Германија беше во средината на нејзиниот Блицкриг низ Европа, Јапонија окупираше територии во Азија. Јапонската армија изврши инвазија и ги окупираше повеќето крајбрежните кинески градови како Шангај. Јапонија ја презеде Француска Индокина (Виетнам, Лаос, Камбоџа), британска Малаја (Брунеи, Малезија, Сингапур), како и холандска Индонезија, додека Тајланд склучи сојуз со Јапонија. Јапонските сили ги поразија Британците во Бурма (со прекинување на протокот на резерви во Кина) и стигнаа до границите на Индија и Австралија. Нивните воздушни напади го уништија Дарвин во Австралија. Наскоро Јапонија се етаблира како империја која се протега над поголемиот дел од Пацификот.

Атомски облак над Хирошима, 1945 год.

Сепак како што предупреди Адмирал Јамамото, шест-месечниот прозорец на воена предност на Јапонија по нападот на Перл Харбор заврши кога способноста за офанзива на Јапонската морнарица беше уништена од Американската морнарица во Битката за Мидвеј, кој ја утврди значајната воена предност на САД. Војната стана војна на масовно производство и логистика, а САД финансираше многу посилна морнарица со побројни воени авиони, и далеку подобар комуникациски и логистички систем. Териториите на Јапонија се протегаа премногу далеку и не можеше да ги обезбеди своите бази со резерви, па многу војници загинаа од глад. Американските подморници ги уништија јапонските танкери, предизвикувајќи голем недостиг на гориво за бродови и авионски бензин. Јапонија изгради воени авиони во голем број, но квалитетот опаднал и резултатите на слабо обучени пилоти стануваа се полоши. Морнарицата изгуби серија големи битки, од Битката кај Мидвеј (1942 год.), до Битката на Филипинското Море (1944 год.) и Заливот Лејте (1945 год.), која ги стави на опсег американските бомбардери со долг дострел Б-29. Серија на масовни рации уништија поголем дел од Токио и други големи индустриски градови почнувајќи од март 1945 год., додека Операција Гладување сериозно ја наруши внатрешна маршрута на транспорт од витално значење на нацијата. Без оглед на тоа што војната стануваше безнадежна, кругот околу императорот остана цврст и одби да отвори преговори. Конечно во август, двете атомски бомби и советската инвазија на Манџурија покажаа дека каузата беше залудна, и Хирохито овласти предавање при што го зачува својот престол.

Вкупниот број на јапонски воени жртви меѓу 1937 год. и 1945 год. беше 2,1 милион, а повеќето беа од последната година од војната. 80 проценти од јапонските воени жртви во Филипини, како и 50 проценти од воените жртви во Кина се должеа на болест поради глад или недоволна исхранетост. Воздушните напади на вкупно 65 јапонски градови се смета дека одзеде минимум од 400,000 животи и веројатно блиску до 600,000 цивилни животи (над 100,000 само во Токио, над 200,000 во Хирошима и Нагасаки и 80,000-150,000 цивилни жртви во Битката на Окинава). Смртните случаи на цивили меѓу доселениците кои загинаа обидувајќи се да се вратат во Јапонија од Манџурија во зимата 1945 година се најверојатно околу 100,000.

Општество што се модернизира

Трансформирано детство

Детството како посебна фаза од животот беше очигледна во раниот модерниот период, кога социјалните и економските промени донесоа поголемо внимание на децата, растот на школувањето и ритуали со детето во центарот. Современиот концепт на детството се појави во Јапонија по 1850 год. како дел од нејзиниот ангажман со Западот. Лидерите од периодот Меџи одлучија дека државата има главната улога во мобилизирањето на поединци и деца во нејзина служба. Беа отворени училишта во западен стил како агент за да се постигне таа цел. До 90-тите години на 19. век училишта создаваа нови сензибилитети во врска со детството. По 1890 год. Јапонија имаше бројни реформатори, експерти за деца, уредници на списанија и добро образовани мајки кои веруваа во новиот сензибилитет. Тие ја научија горниот слој на средната класа на моделот на детство во кој децата имаат свој простор каде што читаат книги за деца, играат со едукативни играчки и, особено, посветуваат големо време на домашните задачи. Овие идеи брзо се распространија низ сите општествени класи.

Повоена Јапонија (1945–денес)

По распадот на Јапонската империја, Јапонија се трансформираше во демократска држава со ревидиран демократски Устав на Јапонија. Во повоениот период, Јапонија стана економска сила. Овој период се карактеризира со Американско-јапонската алијансата, како што се Вооружените сили на САД во Јапонија (United States Forces Japan).

Окупацијата на Јапонија

Генералот Даглас Макартур и императорот Хирохито

По окупацијата за време на Студената војна

По Студената војна

Периодизација

Сметање на времето според владеењето

Други ери

Поврзано

Наводи

Библиографија

  • Bix, Herbert P. (4 September 2001). Hirohito and the making of modern Japan. HarperCollins. ISBN 978-0-06-093130-8. Посетено на 29 October 2011.
  • Fairbank, John K.; Reischauer, Edwin O. and Craig, Albert M. East Asia: Tradition and Transformation (Houghton Mifflin Publishing Co.: Boston, 1978)
  • Sansom, George Bailey (1 June 1958). A History of Japan to 1334. Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-0523-3. Посетено на 29 October 2011.
  • Sansom, George Bailey (1961). A History of Japan, 1334–1615. Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-0525-7. Посетено на 29 October 2011.

Дополнителна литература

Надворешни врски