Региони во Франција: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.1) (Робот: Додава diq:Mıntıqeyê Fransa |
с r2.7.2) (Робот: Додава az:Fransa bölgələri |
||
Ред 37: | Ред 37: | ||
[[als:Regionen Frankreichs]] |
[[als:Regionen Frankreichs]] |
||
[[ar:مناطق فرنسا]] |
[[ar:مناطق فرنسا]] |
||
[[az:Fransa bölgələri]] |
|||
[[bn:ফ্রান্সের প্রশাসনিক অঞ্চলসমূহ]] |
[[bn:ফ্রান্সের প্রশাসনিক অঞ্চলসমূহ]] |
||
[[zh-min-nan:Hoat-kok ê toā-khu]] |
[[zh-min-nan:Hoat-kok ê toā-khu]] |
Преработка од 18:45, 30 јануари 2013
Франција се дели на 26 региони (фр. régions), од кои 21 се континентални, еден е островот Корзика, и четири се прекуморски. Регионите понатаму се делат на меѓу 1 и 8 департмани.
Општи карактеристики
Во континентална Франција (освен Корзика), просечната површина на регион е 25,809 km² (приближно на површината на Република Македонија), што е една петтина од просечната површина на сојузната држава во САД, и само 4% од просечната површина на една канадска провинција, но за 15% поголема од просечната површина на германска покраина, и за 67% поголема од просечната површина на регион во Англија.
Во 2004, просечниот број на населението во еден француски регион изнесувал 2,329,000 жители, што е малку помалку од половина на просечниот број на населението во еден регион во Англија, малку повеќе од половина од просечниот број на населението во една американска држава, а 3/4 од она на една германска покраина, но повеќе од двојно на она кај една канадска провинција.
Просечниот регион во Франција е сочинет од четири департмани.
Улога
Регионите немаат законодавна автомонима, нити пак можат да донесуваат регулативи. Секој има свои давачки (со поголеми давачки добиваат помал дел буџет од државата) и имаат видни, но не баш големи буџети под управа на регионални совети со номинирани застапници од департманските собранија и главните општини во регионот.
Нивната главна правна задача е да градат и одржуваат средни школи.
Освен овие правни должности, регионите имаат значителни дискрециони трошоци за инфракструктура (образование, јавен транспорт, помош на универзитети и изтражни тела, помош за претприемачи). Заради ова, претседателствувањето на еден богат регион како Ил-де-Франс или Рона-Алпи е прилично високопрофилна функција.
Региони
Видете исто така
Надворешнио врски
|