Чернобилска несреќа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
KamikazeBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам de:Katastrophe von Tschernobyl во de:Nuklearkatastrophe von Tschernobyl
Ред 57: Ред 57:
[[cy:Trychineb Chernobyl]]
[[cy:Trychineb Chernobyl]]
[[da:Tjernobylulykken]]
[[da:Tjernobylulykken]]
[[de:Katastrophe von Tschernobyl]]
[[de:Nuklearkatastrophe von Tschernobyl]]
[[et:Tšornobõli katastroof]]
[[et:Tšornobõli katastroof]]
[[el:Πυρηνικό ατύχημα του Τσερνόμπιλ]]
[[el:Πυρηνικό ατύχημα του Τσερνόμπιλ]]

Преработка од 03:24, 27 јануари 2013

Чернобилскиот реактор број 3 по несреќата. Се гледа големо оштетување на реакторот (средина) и турбините (долу лево на сликата).

Несреќата во Чернобил била најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

На 26 април 1986. во 01:23:40 часот (22:23:40 по УТЦ) во Нуклеарната централа Чернобил (украин. Чорнобиль) ( 51°23′14″N, 30°06′41″E ) во Украина во тогашниот Советски Сојуз дошло до експлозија. По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

Облакот во текот на неколку следни денови се распространил над западниот дел на СССР, делови од централна и северна Европа, па дури до источниот брег на Северна Америка. Големи површини од Украина, Русија и Белорусија биле тешко загадени, што предизвикало евакуација на над 336.000 луѓе од засегнатите подрачја. Според официјалните податоци, околу 60% од создадениот радиоактивен материјал завршиле во Белорусија.[1]

Несреќата предизвикала загриженост околу безбедноста на советските нуклеарни централи, поради што и запрела градбата на нови централи од истиот тип. Покрај тоа, предизвикала голем број жртви од радијацијата, како и огромни трошоци на засегнатите земји за деконтаминација и здравствена заштита.[2]

Поради таинственоста на властите во тогашниот Советски Сојуз, податоците за несреќата и последиците по животната околина и по здравјето на луѓето долго време не биле достапни. Извештајот подготвен од Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација заклучува дека 56 лица загинале во самата несреќа, и проценува дека уште 9.000 други починале од рак директно предизвикан од радијацијата.[3] Властите првобитно се обиделе да го сокријат инцидентот, но го признале дури откако зголемени нивоа на радиоактивно зрачење биле регистрирани и во Шведска.

Поради високото ниво на радијација, околу нуклеарната централа е воспоставена забранета зона со површина од околу 2.600км², во која и до денес не е дозволен пристап на населението. Соседните градови Чернобил и Припјат се целосно напуштени.[4] Самиот реактор е залиен со бетонски саркофаг дебел над 1 метар за да се спречи радиоактивното зрачење.


Последици од Чернобилската катастрофа по 20 години

На 1 јанури 2006 година во Украина 2.594.071 лица имале статус на настрадани од Чернобилската катастрофа. Нагло, скоро за 1,8 пати пораснал контингентот на категоријата на инвалидите на Чернобил. Најмногу (на 24%), поради смрт, се скрати бројноста на учесниците во расчистувањето на последиците од хаваријата во 1986-1987 год. Тоа зборува дека токму првиот бран од спасувачите, мажи на млада возраст, почувствувале најсилен удар врз здравјето – тие постепено умираат. Во Украина може да се избројат повеќе од 17.000 семејства, коишто добиваат помош и повластици, како последица од губење на хранител, чија смрт е поврзана со Чернобилската катастрофа. Такви семејства има во сите региони од земјата.[5]

Последици во Македонија

Радиоактивниот облак од несреќата главно се ширел во правец на северозапад од Чернобил, и поради тоа се сметало дека во Македонија не се почувствувале ефекти на зголемено зрачење. Тогашните власти во Македонија не презеле никакви мерки на предупредување на населението, ниту пак известувале за нивото на зрачење.[се бара извор]

Останати импликации во регионот

Загриженоста за безбедноста на руските нуклеарни централи предизвикала постапно затворање на реакторите во централата Козлодуј во Бугарија.

Наводи

  1. Предлошка:Цитирана веб страница (quoting the "Committee on the Problems of the Consequences of the Catastrophe at the Chernobyl NPP: 15 Years after Chernobyl Disaster", Minsk, 2001, p. 5/6 ff., and the "Chernobyl Interinform Agency, Kiev und", and "Chernobyl Committee: MailTable of official data on the reactor accident")
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Предлошка:Цитирана веб страница
  4. The Chernobyl Forum: 2003-2005. Chernobyl's Legacy: Health, Environmental, and Socio-Economic Impacts and Recommendations to the Governments of Belarus, the Russian Federation and Ukraine PDF. IAEA. 2nd revised version. pg. 6
  5. Предлошка:Цитирана веб страница


Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA