Јанко Типсаревиќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
KamikazeBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава yo:Janko Tipsarević; менува zh:揚科·蒂普薩雷維奇
Ред 401: Ред 401:
[[ta:யான்கோ டிப்சாரெவிச்]]
[[ta:யான்கோ டிப்சாரெவிச்]]
[[uk:Янко Типсаревич]]
[[uk:Янко Типсаревич]]
[[yo:Janko Tipsarević]]
[[zh:揚科蒂普薩雷維奇]]
[[zh:揚科·蒂普薩雷維奇]]

Преработка од 23:47, 21 јануари 2013

Јанко Типсаревиќ
Janko Tipsarević
Јанко Типсаревиќ на Австралијан Опен 2011
Земја Социјалистичка Федеративна Република Југославија (2002–2003)
 Србија и Црна Гора (2003–2006)
 Србија (2006–сега)
Место на живеењеБелград, Србија
Роден на22 јуни 1984(1984-06-22)(39 г.)
Роден воБелград, Србија (тогашна Југославија)
Спорт Тенис
Висина&100000000000001790000001,79 м
Професионалец2002 година
Игра со• десна рака
• дворак бекхенд
Заработка$ 6,600,238
Поединечно
Победи-порази250–192 (56.56%)
Титули4
Највисок пласман8 (2 април, 2012)
Сегашен пласман9 (14 јануари, 2013)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен3R (2008, 2012)
Ролан Гарос4R (2012)
Вимблдон4R (2007, 2008)
УС ОпенQF (2011, 2012)
Други турнири
Мастерс купRR (2011)
Олимписки игри3R (2012)
Во двојки
Победи-порази66–74 (47.14%)
Титули1
Највисок пласман46 (25 април, 2011)
Сегашен пласман56 (5 ноември, 2012)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен3R (2011)
Ролан ГаросQF (2008)
Вимблдон3R (2010)
УС Опен3R (2009)
Ажурирано на: 19:23, 14 јануари 2013 (УТЦ)..

Јанко Типсаревиќ (роден на 22 јуни 1984 година во Белград, Србија) е српски тенисер. Негово највисоко место на АТП листата е осмото место кое го постигнал на 2 април, 2012 година.

Во неговата кариера, тој има освоено четири АТП титули, две фјучерс титули, и девет челинџер титули. Типсаревиќ исто така ја има освоено јуниорската титула на Отвореното првенство на Австралија.

Типсаревиќ има забележано две победи над Светскиот Бр. 1 играч, победувајќи го Новак Ѓоковиќ двапати. Тој исто така има забележано тринаесет победи над играчи кои се наоѓале во најдобрите 10: четири победи над Томаш Бердих, две над Енди Родик, и по една над Фернандо Гонзалез, Михаил Јужни, Давид Ферер, Џејмс Блејк, Гаел Монфилс, Енди Мареј и Хуан Монако. Тој исто така има забележано победи над поранешните Бр. 1 светски играчи: Карлос Моја, Марат Сафин, Лејтон Хјуит, и Хуан Карлос фереро. Веројатно негов најзначајен натпревар до денес бил натпреварот во 2008 од третото коло на Отвореното првенство на Австралија, каде што загубил од Роџер Федерер со 7–6, 6–7, 7–5, 1–6, 8–10.

Кариера

Типсаревиќ почнал да игра тенис на шест годишна возраст, а на осумгодишна возраст, почнал да тренира тенис во тенискиот клуб Нов Белград со рускиот тренер Роман Савочкин.

Јуниор

Како јуниор, тој ја освоил титулата на Отвореното првенство на Австралија во 2001 година во јуниорска конкуренција, искачувајќи се на првото место на јуниорската листа.

Јуниорски Гренд Слем резултати:

Отворено првенство на Австралија: Победник (2001)
Отворено првенство на Франција: ЧетвртФинале (2001, 2002)
Вимблдон: 3 Коло (2001)
Отворено првенство на САД: -

2001-2004

Во 2001, тој го одиграл својот прв Дејвис куп натпревар за СФР Југославија, освојувајќи три бодови против Полска. Наредната недела, тој ја освоил својата прва титула на фјучрс турнирите во Белград. Во 2002, тој ја освоил и својата втора фјучрс титула, овојпат во Мексико.

Откако ја освоил својата прва титула од АТП Челенџер Серијата во Германија, тој го напраил своето АТП деби во Индијанаполис во 2003. Откако го победил својот српски колега Ненад Зимоњиќ во првото коло, во второто коло тој загубил од Евгениј Кафелников. Тој исто така за прв пат настапил и на Гренд слем турнир, на Отвореното првенство на САД како квалификант. Тој загубил од 20-от носител, Марк Филипусис во првото коло. Во 2004, како квалификант, тој за прв пат настапил и на Отвореното првенство на Франција и на Вимблдон, каде загубил во првото коло. Подоцна во годината, тој освоил две челенџер титули, една во поединечна конкуренција и една во игра на двојки.

2005–2006

Типсаревиќ играл на 15 АТП турнири во 2005 и влегол за прв пат во првите 100 на АТП листата. Тој исто така стигнал до второто коло на Отвореното првенство на Австралија и на Отвореното првенство на Франција. Тој бил поразен од Доминик Хрбати во Мелбурн, во успеал да го победи на Ролан Гарос. Тој исто така стигнал до третото коло на Вимблдон, победувајќи ги Томи Хас и Јен-Хсун Лу, но потоа загубил од Томас Јохансон. Во двојки, заедно со Јири Ванек ја освоил титулата на челенџерот во Неапол. Заедно со Новак Ѓоковиќ тој стигнал до четвртфиналето во Умаг и во Мумбаи заедно со Маркос Багдатис.

Тој ја завршил 2006 како втор најдобар српски тенисер веднаш зад Новак Ѓоковиќ, и бил рангиран на 65-то место на АТП листата. Тој освоил четири челенџер титули, и стигнал до четвртфиналето во Нотингем, каде што загубил од Робин Седерлинг од Шведска.

2007–2008

Откако ја овоил титулата на челенџерот во Загреб во мај 2007, Типсаревивиќ се преселил на АТП серијата. Тој стигнал до третото коло на Отвореното првенство на Франција и до четвртфиналето во Хертогенбош. Тој исто така го остварил својот најдобар гренд слем резултат до тогаш, четвртото коло на Вимблдон. Тој сите три натпревари во првите три кола ги победил во пет сета, каде во третото коло успеал да спаси меч топка против полуфиналистот на Отвореното првенство на Австралија, Фернандо Гонзалез. Во четвртото коло бил елиминиран од Хуан Карлос Фереро во три сета.[1] Оваа негова низа од победи му го донела 48-то место на АТП листата, за прв пат во најдобрите 50.

Во почетокот на 2008, Типсаревиќ го принудил Рожер Федерер во натпревар од пет сета на Отвореното првенство на Австралија, каде што загубил со 7–6, 6–7, 7–5, 1–6, 8–10. До тоа време, Федерер никогаш не одиграл петти сет кој се состоел од 18 гема. Натпреварот траел преку четири ипол часа. Со пласманот во третото коло во Мелбурн, Типсаревиќ се искачил од 49-то на 42-то место на АТП листата.

На Вимблдон, Типсаревиќ во второто коло го изненадил шестиот носител, американецот Анди Родик во четири сета победувајќи го со 6–7, 7–5, 6–4, 7–6. Потоа во третото коло забележал победа од 7–6, 7–6, 6–3 над 25-от носител Дмитриј Турсунов и втора година по ред влегол во најдобрите 16 на Вимблдон. Потоа во четвртото коло загубил од Рајнер Шутлер поради повреда на ногата.

2009–2010: Титула во Дејвис Купот

Во октомври 2009, на Кремаљ Купот во Москва, тој се пласирал во своето прво АТП финале, победувајќи ги Даниел Колерер, Кристоф Рохус, Роби Џинепри и квалификантот Илија Марченко. Во финалето тој загубил од Микаил Јужни со 7–6, 0–6, 4–6.

И покрај разочарувачкиот пораз во своето прво АТП финале, тој повторно покажал добри игри наредната недела, и стигнал до своето второ полуфинале по ред (за прв пат), овојпат во Виена, победувајќи ги осмиот носител Џон Иснер со 7–6, 6–4, Михаел Берер со 7–6, 6–1 и третиот носител Гаел Монфилс со 6–4, 6–7, 6–3 на патот до полуфиналето. Во полуфиналето, тој бил поразен од Јирген Мелцер со 6–4, 6–7, 4–6.

Дејвис Куп 2010 : Типсаревиќ за време на натпреварот против Чешка

Во 2010, тој одлично ја започнал сезоната со пласманот во полуфиналето на Ченаи Опен, каде што загубил од Марин Чилиќ, кој подоцна и го освоил турнирот. Тој стигнал до второто коло на Отвореното првенство на Австралија, каде што загубил од Томи хас во пет сета со 6–4, 4–6, 3–6, 6–1, 3–6. На Тениското првенство на Дубаи, тој го победил Андреас Сепи со 7–6, 7–5 во првото коло, а потоа го изненадил третиот носител, британецот Енди Мареј со 7–6, 4–6, 6–4. Подоцна во четвртфиналето, тој загубил од седмиот носител Микаил Јужни со 3–6, 4–6.

Во јуни, тој стигнал до своето второ финале од АТП серијата, во Хертогенбош. На патот до финалето тој остварил победи над Џереми Чарди, Арно Клеман, Питер Лучак, и над бранителот на титулата Бенџамин Бекер, но во финалето бил поразен од Сергеј Стаховски со 3–6, 0–6.

На Отвореното првенство на САД, Типсаревиќ го победил Оливер Рохус во првото коло, а потоа предизивикал големо изненадувње со победата над поранешниот шампион, седмиот носител Енди Родик во второто коло со 3–6, 7–5, 6–3, 7–6. Напредувајќи кон третото коло во Њујорк, тој се сретнал против Гаел Монфилс во натпревар кот траел три часа. Тој го загубил натпреварот со 6–7, 7–6, 2–6, 4–6.

По УС Опен, Типсаревиќ забележал клучни победи над Томаш Бердих и Радек Штепанек во полуфиналето од Дејвис Купот за Србија. Подоцна во финалето, Србија ја победила Франција со вкупни 3-2, за прва историска титула во Дејвис Купот. Во Базел, Типсаревиќ бил поразен од 2-от на АТП листата, Рожер Федерер со 3–6, 4–6.

Дејвис Куп

Типсаревиќ игра во Дејвис Купот секоја година уште од 2000 година. За Југославија во 2001 и 2002, за Србија и Црна Гора помеѓу 2003 и 2006 и моментално за Србија од 2007. Во 2010, тој бил најзаслужен за пласманот на српскиот тим во првото историско Дејвис Куп финале откако го победил чехот Радек Штепанек во одлучувачкиот последен натпревар со 6–0, 7–6, 6–4, за победа на српскиот тим во вкупни 3–2 над чешкиот тим.

Личен живот

Типсаревиќ е роден во Белград, Србија (тогашна СФР Југославија). Неговиот татко, Павле, е професор, а неговата мајка, Весна, е домаќинка. Тој исто така има помлад брат, Вељко. Бо 2006, Типсаревиќ дипломирал спорт и менаџмент на Белградскиот Универзитет.

Спортските работници и коментатори често ја спомнуваат љубовта на Типсаревиќ кон класичната литература како нешто необично за еден врвен спортист. На неговата лева рака, тој има тетовирано цитат, на јапонски јазик, од Достоевски ("Убавината ќе го спаси светот", од романот Идиот). Тој исто така има тетоважа на десната рака, која ги претставува првите две букви од имињата на неговиот татко, неговата мајка, неговиот брат, и себе си на катакана. Според најавувачите на УС Опен, Тед Робинсон и Џон Мекинро, тој исто така има истетовирано цитат од Артур Шопенхауер на неговиот грб.

Тој е во врска со Билјана Шешевиќ од 2007 година, и тие се венчале на 4 јули, 2010 година. Во неговото слободно време, тој репродуцира музика како диџеј.

АТП Финалиња во кариерата

Поедниечно: 11 (4–7)

Легенда
Гренд Слем турнири (0–0)
ATP World Tour Finals (0–0)
ATP World Tour Masters 1000 (0–0)
ATP World Tour 500 Series (0–0)
ATP World Tour 250 Series (4–7)
Титули по подлога
Тврда (3–4)
Земја (1–1)
Трева (0–2)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 25 октомври 2009 Москва, Русија Тврда Русија Михаил Јужни 7–6(7–5), 0–6, 4–6
Финалист 2. 19 јуни 2010 Хертогенбош, Холандија Трева Украина Сергеј Стаховски 3–6, 0–6
Финалист 3. 27 февруари 2011 Делреј Бич, САД Тврда Аргентина Хуан Мартин дел Потро 4–6, 4–6
Финалист 4. 18 јуни 2011 Истбурн, Велика Британија Трева Италија Андреас Сепи 6–7(5–7), 6–3, 3–5 пред.
Победник 1. 2 октомври 2011 Куала Лумпур, Малезија Тврда Кипар Маркос Багдатис 6–4, 7–5
Победник 2. 23 октомври 2011 Москва, Русија Тврда Србија Виктор Троицки 6–4, 6–2
Финалист 5. 30 октомври 2011 Санкт Петерсбург, Русија Тврда Хрватска Марин Чилиќ 3–6, 6–3, 2–6
Финалист 6. 8 јануари 2012 Ченај, Индија Тврда Канада Милош Раониќ 7–6(7–4), 6–7(4–7), 6–7(4–7)
Победник 3. 15 јули 2012 Штутгарт, Германија Земја Аргентина Хуан Монако 6–4, 5–7, 6–3
Финалист 7. 22 јули 2012 Гштад, Швајцарија Земја Бразил Томаш Белучи 7–6(8–6), 4–6, 2–6
Победник 4. 6 јануари 2013 Ченај, Индија Тврда Шпанија Роберто Баутиста-Агут 3–6, 6–1, 6–3

Во парови: 4 (1–3)

Легенда
Гренд Слем турнир (0–0)
ATP World Tour Finals (0–0)
ATP World Tour Masters 1000 (0–1)
ATP World Tour 500 Series (0–0)
ATP World Tour 250 Series (1–2)
Титули по подлога
Тврда (1–2)
Земја (0–1)
Трева (0–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Финалист 1. 10 јануари, 2010 Ченај, Индија Тврда Лу Јен Хсун Шпанија Марсел Гранољерс
Шпанија Сантијаго Вентура
5–7, 2–6
Финалист 2. 24 октомври, 2010 Москва, Русија Тврда Србија Виктор Троицки Русија Игор Кунитсин
Русија Дмитриј Турсунов
6–7(6–8), 3–6
Победник 1. 8 јануари, 2012 Ченај, Индија Тврда Индија Леандер Паес Израел Џонатан Ерлих
Израел Енди Рам
6–4, 6–4
Финалист 3. May 20, 2012 Рим, Италија Земја Полска Лукаш Кубот Шпанија Марсел Гранољерс
Шпанија Марк Лопез
3–6, 2–6

Финалиња на тимските натпреварувања: 3 (3–0)

Исход Бр. Датум Натпреварување Surface Партнер/Тим Противници Резултат
Победник 1. 23 мај, 2009 Светски Куп, Дизелдорф, Германија Земја Србија Виктор Троицки
Србија Ненад Зимоњиќ
Германија Рајнер Шутлер
Германија Филип Колшрајбер
Германија Николас Кифер
Германија Миша Ѕверев
2-1
Победник 2. 3-5 декември, 2010 Дејвис Куп, Белград, Србија Тврда Србија Новак Џоковиќ
Србија Виктор Троицки
Србија Ненад Зимоњиќ
Франција Гаел Монфилс
Франција Микаел Лодра
Франција Арно Клеман
Франција Жил Симон
3-2
Победник 3. 21 мај, 2012 Светски Куп, Дизелдорф, Германија Земја Србија Виктор Троицки
Србија Ненад Зимоњиќ
Србија Мики Јанковиќ
Чешка Томаш Бердих
Чешка Радек Штепанек
Чешка Франтишек Чермак
3-0

Награди

2002
2003
  • Најдобар машки тенисер во Југославија
2004

Наводи

Надворешни врски