Црногорски јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с r2.7.3) (Робот: Додава mr:माँटेनिग्रिन भाषा
Ред 103: Ред 103:
[[lij:Lengua môntenegrinn-a]]
[[lij:Lengua môntenegrinn-a]]
[[hu:Montenegrói nyelv]]
[[hu:Montenegrói nyelv]]
[[mr:माँटेनिग्रिन भाषा]]
[[nl:Montenegrijns]]
[[nl:Montenegrijns]]
[[ja:モンテネグロ語]]
[[ja:モンテネグロ語]]

Преработка од 14:37, 21 јануари 2013

Црногорски јазик
Crnogorski jezik
Застапен во Црна Гора
 Албанија
 Србија
ПодрачјеБалкан
Говорнициоколу 144.838 луѓе  
Јазично семејство
Статус
Службен во Црна Гора
Регулативен органОдбор за стандардизација на црногорскиот јазик
Јазични кодови
ISO 639-2sla
ISO 639-3
srp

Црногорскиот јазик (црногорски: Crnogorski jezik) е јужнословенски јазик и една од стандардните норми на српскохрватскиот јазик. Јазикот е официјален во Црна Гора. Црногорскиот се заснова на ијекавското-штокавско наречје. Неговото стандардизирање всушност започнува во 2005 година. Во времето на СФРЈ за официјален јазик во Црна Гора бил сметан српско-хрватскиот јазик. Со распадот на СФРЈ, а со тоа и на српско-хрватскиот јазик како официјален, во новосоздадените држави како официјални се воведуваат јазиците наречени според нацијата, па така како официјалниот јазик бил наречен „српски јазик од ијекавското наречје“.

Кодификација

Во јануари 2008 година, владата на Црна Гора составила Одбор за стандардизирање на црногорскиот јазик, чиј главна цел била стандардизација на јазикот според меѓународните норми. Понатамошните документи, после верификацијата, станале дел од образовната програма на црногорското образование.

Првиот црногорски стандард бил официјално предложен во јули 2009 година. Покрај веќе стандардизираната форма на српскохрватскиот, со новиот предлог се опфаќале две нови букви, односно се предложиле буквите ‹ś› и ‹ź› како замена за диграфите ‹sj› и ‹zj›. Одборот првично предложил два предлога, но владата не ги прифатила, но сепак бил прифатен третиот предлог на Одборот. На 21 јуни 2010 година Советот за општо образование ја прифатил првата граматика на црногорскиот јазик.

Дијалекти

Црногорскиот јазик има два дијалекта, дел од штокавското наречје. Дијалектите на црногорскиот јазик се:

  • Источнохерцеговски дијалект - се зборува во западниот и северозападниот дел од земјата
  • Зетско-јужносанџачки дијалект - се зборува во остатокот од земјата

Азбука

Црногорската азбука е двописен систем, односно официјално двете писма и кирилицата и латиницата уживаат еднаков статус, но латиницата доста повеќе се користи. Азбуката била усвоена на 9 јуни 2009 година од министерот за образование на Црна Гора Сретен Шкулетиќ[1]. Оваа азбука ги заменила српскохрватската латиница и кирилица.

Латиница
Aa Bb Cc Čč Ćć Dd Dždž Đđ Ee Ff Gg Hh Ii Jj Kk Ll Lj lj Mm Nn Nj nj Oo Pp Rr Ss Šš Śś Tt Uu Vv Zz Žž Źź
Кирилица
Аа Бб Вв Гг Дд Ђђ Ее Жж Зз З́ з́ Ии Јј Кк Лл Љљ Мм Нн Њњ Оо Пп Рр Сс С́ с́ Тт Ћћ Уу Фф Хх Цц Чч Џџ Шш
Македонски изговор и распоред
а б в г д ѓ е ж з зј и ј к л љ м н њ о п р с сј т ќ у ф х ц ч џ ш

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски