Италија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам bi:Italy во bi:Itali
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава bxr:Итаали
Ред 162: Ред 162:
[[bs:Italija]]
[[bs:Italija]]
[[br:Italia]]
[[br:Italia]]
[[bxr:Итаали]]
[[ca:Itàlia]]
[[ca:Itàlia]]
[[cv:Итали]]
[[cv:Итали]]

Преработка од 21:24, 19 јануари 2013

Италијанска Република
Знаме на Италија Грб на Италија
Знаме Грб
Мото: Нема
Химна: Il Canto degli Italiani
Положба на Италија
Положба на Италија
Главен град  Рим
41°54′N, 12°59′E

Најголем град Рим
Службен јазик италијански1
Влада Парламентарна република
 - Претседател Џорџо Наполитано
 - Премиер Марио Монти
Површина  
 - Вкупно 301.338 км² (69.)
 - Вода (%) 2,4%
Население  
 - 2007 59.619.290 (23.)
 - Густина 197,8/km² (40.)
БДП (ПКС) 2006 приб.
 - Вкупно $2.067 милијарди (8.)
 - По глава на жител $35,386 (21.)
ИЧР (2007) 0,91 (20.) – висок
Валута Евро (ЕУР) (ЕUR)
Часовен појас UTC {{{часовен појас}}}
НДД .it
Повикувачки број ++39

Италија (на италијански: Italia) или официјално Италијанска Република (на италијански: Repubblica Italiana) е јужноевропска земја, географски сместена на Апенинскиот полуостров и два големи острови во Средоземно море: Сицилија и Сардинија.

На север преку Алпите се граничи со Франција, Швајцарија, Австрија и Словенија. Независните земји Сан Марино и Ватикан се сместени на Италијанска територија.

Историја

Колосеумот во Рим можеби еден од најголемите забележителности на Италија


Италијанците се потомци на старите племиња кои уште во почетокот на првиот милениум п.н.е. се населиле во краевите помеѓу Алпите и по целиот Апенински полуостров и Сицилија. Овие народи биле од различно потекло, а најстари биле Лигурите и Илирите. Некаде во 8-от век пред нашата ера на територијата на денешна Италија се населиле и Етрурците кои се прошириле до реката По и Корзика. Вo близина на територијата на денешна Венеција истотака живееле Венетите, додека Сабјаните и Латините живееле во градот Лацио и околу него. Френтаните, Пицентите и Маручените се населувале околу Јадранското приморје. Со мешање на сите овие племиња се создал новиот народ Италијанците.

Секако Италијанците се создале главно од едно поголемо племе (плус со мешање на горенеаведените) кои се нарекувале Итали по кои што го добиле и денешното име. Италите не биле едно главно заедничко племе, туку ова племе било поделено на четири племиња: Латини, Фалисци , Осци и Умбри или Умбријци. Ова биле луѓе кои главно се занимавале со полјоделство и одгледување на стока. Со ширењето на моќта на Рим некаде околу 5 век п.н.е, италските племиња влегле во составот на Римската држава и станале нивни сојузници. Тие добиле Римско граѓанско право после војната која се водела од 90 до 89 год. п.н.е.

Италија во 1957 година била една од државите која ги поставила темелите на Европската Унија. Тоа и допринело да се развие во господарски и политички смисол. Станала една од водечките сили во целиот свет и спаѓа во групата на земји G8.

Круна од метал со која што Ломбардиските кралеви биле крунисувани

Во стариот век, Грците имале „Голема Грција“ (Magna Graecia) во јужниот дел на Италија односно Сицилија, а на север владееле Етрурците. Рим станал центар на Римското Царство кое се до 5-от век владеело со голем дел од Европа. Иако на почетокот било целовито подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царсто и Западно Римско Царство. Во составот на Римското царство влегла и Македонија како Римска провинција.

После средниот век, Италија била седиште на хуманизмот и ренесансата кои ја препородиле европската култура и уметност. Италија била расцепкана на повеќе градови-држави се до 1861 година кога сите заедно се поврзале во едно kралство. Рим се придружил во 1870 година што претставувало конечно обединување на Италија.

Фашистите внеле диктатура во 1922 година и се бореле на страната на Германија со што изгубиле во Втората светска војна.

Референдум во 1946 година ја создал Република Италија. Италија е член на НАТО и ЕУ. Рим главниот град на Италија името го добил по Ромул и Рем

Политика

Претседателот на Италија Џорџо Наполитано

Уставот од 1948 година основал дводомен парламент (Parlamento), кој е составен од Застапнички дом (Camera dei Deputati) и Сенат (Senato della Repubblica) како и посебно судство.

Претседателот на Републиката се бира на секои 7 години, а го бира парламентот заедно со мал број на одбрани регионални пратеници. Претседателот го предлага претседателот на владата, односно премиерот кој ги предлага останатите министри.

Поголем број од министрите треба да ја зачуваа довербата на двата органа.

Претставниците на двата органа на парламентот се бираат на избори, а се користи мешан состав. Спрема законите од 1993 год., 75% од местата во парламентот завземаат претсавници на округот, а преостанатите 25% се распоредуваат пропорционално. Застапничкиот дом има 630 претставници. Освен 315-те претставници кои се бираат, Сенатот содежи и бивши претседатели, како и различни персони именувани доживотно во складот со правилата на Уставот. Претставниците на двата дома се бираат на 5 години. Законите можат да се предлагаат од двата дома, односо од двата органи.

Италијанското судство е основано споре Римското право, наполеонски код и статути. Уставниот суд (Corte Costituzionale) одлучува за уставноста на законите. Тој бил основан после Втората светска војна.


Географија

Сателитска снимка на Италија

Планинска земја со високите Алпи на север (Монте Бјанко/Мон Блан, 4.807 m) и Апенините во централниот дел на Апенинскиот Полуостров (Монте Корно, 2.914 m). Јужно од Алпите се протега големата низина Ломбардија во долината на По, а мали низини се простираат во некои крајбрежни региони. Во јужниот дел има неколку вулкани, меѓу кои активни се Везув, Вулкано, Етна и Стромболи. Хидрографија: реки – Адиџе, Арно, По, Талјаменто и Тибар; езера – Болсано, Гарда, Комо, Маџоре и Тразимено. Клима: средоземна на островите и во поголемиот дел на Полуостровот, умерено-континентална во Ломбардија и планинска во северните алпски области.


Стопанство

Индустриска и аграрна земја со високо развиени гранки во речиси сите области на стопанисувањето, една од десетината водечки во светот. Располага со природни богатства (нафта, јаглен, гас, железо, мермер, боксит, камена и морска сол, бакар, антимон, сулфур...) кои не ги задоволуваат сите потреби на развиената индустрија, главно лоцирана во северниот дел на земјата. Меѓу индустриските гранки посебно се значајни црната металургија (петто место во светот), производството на машини, автомобили, авиони, бродови, тролејбуси, прецизни инструменти, пластични маси, електротехнички и електронски уреди и повеќе капацитети за стоки за широка потрошувачка. Земјоделското производство е високо механизирано (особено на север), а главни култури се пченица, пченка, јачмен, ориз (прво место во Европа), компири, шеќерна репка, маслини, портокали, лимони (прво место во светот), грозје/вино... Сточарството (говеда, овци, свињи) е послабо развиено од земјоделството. Значајна дејност е и риболовот. Туризмот спаѓа меѓу водечките стопански дејности и Италија е во редот на неколкуте најмногу посетувани земји од странски туристи, и тоа во текот на целата година. Сите видови сообраќај се исклучително високо развиени и постојано се усовршуваат и модернизираат. Има над 30 меѓународни аеродроми и стотина за внатрешен сообраќај. Многу важна стопанска гранка во оваа земја претставува туризмот. Пријатната клима, многубројни културно историски споменици, како и должината на морскиот брег(над 7600км).


Култура

Мона Лиза од Леонардо да Винчи

Првите литературни дела пишувани на италијански дијалекти, наместо на латински јазик, се појавиле во XIII в. Благодарение на творештвото на Данте Алигиери (Божествена комедија, 1300/21), Франческо Петрарка (Песнарка) и Џовани Бокачо (Декамерон, 1348/53), тосканскиот дијалект станал доминантен во XIV век. Во Фиренца се афирмирал италијанскиот како книжевен јазик (почеток на XV век), а напоредно се развивале и сите други уметнички изрази со кои бил навестен периодот на општата преродба (ренесанса).

Со творештвото на сликарот и архитект Џото (фрески во црквите во Асизи, Падова, Фиренца) во преродбен период навлегле и ликовните уметности. По делото и дејноста на музичкиот теоретичар Гвидо Аретински (XI в.), патувачките музичари и пејачи и творците на граѓанската музика, раната ренесанса се почувствувала во световните дела на композиторот Франческо Ландини (XIV век). Италијанскиот XVI век ја разбранувал цела Европа. Тоа е времето на писателите Николо Макијавели (Владетелот, 1513), Лодовико Ариосто (Бесниот Орландо, 1516, 1532) и Торквато Тасо (Ослободен Ерусалим, 1574), на универзалниот уметник и научник Леонардо да Винчи (Тајната вечера; о. 1495, Мона Лиза, 1503/6), на скулпторот, сликар и архитект Микеланџело Буонароти (Пиета 1496; Давид 1501/4; Мојсеј 1515/6; Страшниот суд 1536/41), на сликарите Тицијано Вечелио (Бахус и Аријадна 1520/23; Венера и Адонис 1554) и Јакопо Тинторето (Распетие 1588; Тајната вечера 1594), како и на филозофот Џордано Бруно и астрономот, математичар и физичар Галилео Галилеј. Следувала ерата на големи промени/пресврти во филозофијата, се појавило просветителството, биле извршени реформи во трагедијата (Виторио Алфјери) и во комедијата (Карло Голдони). Меѓу сликарите, печат на XVIII в. му дале и делата на Џовани Батиста Тјеполо (сцени од животот на Клеопатра, 1745; на Фридрих Барбароса, 1757) и Антонио Каналето со своите ведути на Венеција.

По основачот на оперското творештво Јакопо Пери (Дафне 1597), втемелувачот на стилот белканто Џулио Качини (о. 1545-1618) и приврзаникот на драмскиот стил во операта Клаудио Монтеверди (Орфеј 1607; Крунисувањето на Попеја 1642), италијанската музика добила раскошен замав на оперската сцена (Алесандро Скарлати, Триумф на честа 1718; Џовани Перголези, Слугинката господарка 1733; Доменико Чимароза, Таен брак 1792), која својот зенит ќе го доживее во XIX век. Напоредно, создавале и прочуените композитори Антонио Вивалди (1678-1741) – творец на формата концерти во три става, Џузепе Тартини (1692-1770) – автор на творби со романтичарска инспирација, и Доменико Скарлати (1685-1757) – композитор на предкласичните сонати во рококо стил. Векот XIX е време на италијанската опера, кога своите вредни дела ги создале Џоакино Росини (Севилскиот берберин 1816; Вилхелм Тел 1829), Винченцо Белини (Норма и Месечарка 1831; Пуританци 1835), Гаетано Доницети (Љубовна напивка 1832; Лучија ди Ламермур 1835), великиот Џузепе Верди (Набуко 1842; Риголето 1851; Травијата и Трубадур 1853; Аида 1871), Пјетро Маскањи (Кавалерија рустикана 1890), Руџеро Леонкавало (Палјачи 1892) и Џакомо Пучини (Боеми 1896; Тоска 1900; Мадам Батерфлај 1904), кој навлегол во XX век. Со првите трактати за танцот на Доменико да Пјаченца (?-1462), Гулјелмо Ебрео (XV в.) и Антонио Корнацано (XVI в.) биле поставени темелите на идната балетска уметност. На нивното дело се надоврзал Чезаре Негри (XVI в.) чија балетска школа во Милано образовала кадри за сите европски дворови. Балетот од Италија се пренел во Франција, а потоа и низ другите европски земји.

Италијанскиот филм почнал да се произведува во 1904 г., остварил некои специфични жанрови (псевдоисториски спектакл...), се потчинил на политиката во ерата на фашизмот, а најголемите дострели ги реализирал во периодот по Втората светска војна, создавајќи дела во неореалистички правец кој подразбираше снимање во реални амбиенти на последиците од Војната, бедата, остатоците од фашистичкиот период, невработеноста... Меѓу најзначајните автори на неореализмот се режисерите Роберто Роселини (Рим отворен град 1945; Германија година нулта 1948), Виторио де Сика (Чистачи на чевли 1946; Крадци на велосипеди 1948; Чудо во Милано 1950), Џузепе де Сантис (Трагичен лов 1947; Рим во 11 часот 1952), Лукино Висконти (Земјата трепери 1948), Алберто Латуада, Луиџи Цампа и сценаристот Чезаре Цаватини. Во 60-тите години на XX в. се појавија изразити индивидуалисти какви што се: Федерико Фелини (Улица 1954; Кабириините ноќи 1957; Сладок живот 1959; Амаркорд 1974) – кој ги сублимира неореалистичките принципи со поетски опсервации, понекогаш блиски до надреализмот, и Микеланџело Антониони (Ноќ 1960; Црвена пустина 1964; Професија репортер 1975). Напоредно со сите овие дејности, Италија уште во XI и XII век има развиено цела мрежа универзитети, кои спаѓаат меѓу најстарите во Европа. Иако во некои извори се наведува дека Парма го добила својот универзитет во 1065 година, вообичаено Болоњскиот Универзитет од 1119 (или:1088?) година се смета за прв на Полуостровот. Други универзитети основани до почетокот на XIV век: Модена 1175, Перуџа 1200, Падова 1222, Неапол 1224, Сиена 1240, Мачерата 1290 и Рим во 1303 година, град во кој бил основан Конзерваториум во 1570 г.

Видете исто така


Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA