Ватикан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
KamikazeBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам tl:Lungsod ng Batikano во tl:Lungsod ng Vaticano
DragonBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам pa:ਵੈਟੀਕਨ ਸਿਟੀ во pa:ਵੈਟੀਕਨ ਸ਼ਹਿਰ
Ред 250: Ред 250:
[[or:ଭାଟିକାନ ସିଟି]]
[[or:ଭାଟିକାନ ସିଟି]]
[[uz:Vatikan shahri]]
[[uz:Vatikan shahri]]
[[pa:ਵੈਟੀਕਨ ਸਿਟੀ]]
[[pa:ਵੈਟੀਕਨ ਸ਼ਹਿਰ]]
[[pfl:Wadigaan]]
[[pfl:Wadigaan]]
[[pag:Siyudad na Vatikano]]
[[pag:Siyudad na Vatikano]]

Преработка од 05:18, 14 јануари 2013

Ватикан
Stato della Città del Vaticano [1]
Знаме Грб
ХимнаInno e Marcia Pontificale  (Italian)
„Pontifical Anthem and March“

Местоположба на Ватикан
Главен градВатикан[2]
41°54′N 12°27′E / 41.900° СГШ; 12.450° ИГД / 41.900; 12.450
Независност од Кралството Италија 
 •  Латерански договор 11 февруари 1929 
Површина
 •  Вкупна 0,44 км2 (231ва)
Население
 •  проценка за 2008 г. 900 (220та)
 •  Густина 1780 жит/км2 (6та)
Валута Евро (€) (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
НДД .va
Повик. бр. 379
Карта на Ватикан

Ватикан, или обично познат под името Ватикански Град (латински: Status Civitatis Vaticanae, италијански: Stato della Città del Vaticano), познато и како Светиот град, е најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Површината на Ватикан изнесува 44 хектари. Ватикан е седиште на Папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква, бискуп на градот Рим и избраните монарси на Ватикан. Папата од своја страна е на доживотна функција и тој ги избира кардиналите. Технички, Папата е апсолутни монарх, а тоа значи дека ја има потполно законодателната, извршната и судскта власт во Ватикан. Папата е единствениот апсолутен монарх во Европа. Сегашниот Папа на Ватикан е Бенедикт XVI, роден како Јозеф Рацингер.

Историја

Ватиканскиот музеј

Папската држава (ит. Stato della Chiesa) е името на италијанската држава која постоела од 756 до 1870 година. Пипин младиот во средината на 8 век освоил голем дел од северна Италија, и просторот на бившиот Равенски егзарх го поклонил на Папата. Карло Велики во 781 година ја кодифуикувал територијата на која Папата има суверенитет. Територијата ја опфаќала Рим но и околините Равена, Пентаполис, Војводство Бенвенто, Токсана, Корзика, Ломбардија и уште некои градови. Во првите три векови од постоењето на Папската држава, Папата не имал ефективна контрола на целата држава, а и не е било јасно дали папската држава била независна од Римската империја. Во периодот на Ренесансата, територијата на папската држава се проширила најмногу и тоа под водство на папата Александар VI и Јулиј II. Папата во тој период станал еден од најважните италијански владари во светот. Во периодот од 1796-1800 и 1808-1814, француската револуционарна армија Папската држава ја претворила во Римска република, а покасно и како дел од Франција. Италијанските национални револуционери во 1849 година прогласиле Римска републикаа папата Пије IX побегнал од Рим. Француските трупи, Наполеон Бонапарта ги поразил револуционерите и го вратиле папата на власт. Папскиот суверенитет во Рим го штитал француските војски. Но, кога во 1870 година избувнала Француско-пруската војна, трупите се повлекле од Рим, каде Италија објавила војна на Папската држава и го освоила Рим. Папата Пије IX се повлекол во својата резиденција и се прогласил за заробен. Покасно, 1929 година папата Пије XI формално се одрекол од поседот на Папската држава и го потпишал Латеранскиот договор на 11 февруари 1929 година со Италија, која формирала град држава, Ватикан, која постои и до ден денешен.

Географија

Ватикан, еден од европските микроградо-држави, е расположен во западниот централен реон во Рим, западно на неколку метра од реката Тибир. Неговите граници (3. 2 км или 2 мили во целостното количество кон Италија) се направени многу смислено се со цел да се заштити папата од надворешни влијанија. Ватиканската клима е иста како и со Римската медитеранска клима, со повремени врнежи во периодот од септември до октомври, додека месеците од мај до август се многу потопли.

Население, јазик и религија

Некаде околу 890 жители живеат во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Граѓаните на Ватикан се обично клерици, високи службеници, монаси како и Швајцарската гарда која е доброволна воена организација и која го обезбедува Ватикан.

Економија

Политички систем

Култура

Знамето на Ватикан

Знамето на Ватикан претставува квадрат со две вертикални обоени полиња: жолто и бело. Врз белиот дел се вметнати вкрстените клучеви на Свети Петар и папската тиара.

Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно решавање на прашањето за Папската држава.

Плоштадот Св. Петар


Наводи

Видете исто така

Надворешни врски

Предлошка:Никулец од областа на географијата

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA