Паритет на куповна моќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава gn:Joguapy pu'aka iñembojoja
DragonBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам tl:Pagkakatulad ng lakas ng pagbili во tl:Kapantayan ng Lakas ng Pagbili
Ред 106: Ред 106:
[[fi:Ostovoimapariteetti]]
[[fi:Ostovoimapariteetti]]
[[sv:Köpkraftsparitet]]
[[sv:Köpkraftsparitet]]
[[tl:Pagkakatulad ng lakas ng pagbili]]
[[tl:Kapantayan ng Lakas ng Pagbili]]
[[ta:கொள்வனவு ஆற்றல் சமநிலை]]
[[ta:கொள்வனவு ஆற்றல் சமநிலை]]
[[tt:Сатып алу мөмкинчелеге паритеты]]
[[tt:Сатып алу мөмкинчелеге паритеты]]

Преработка од 09:36, 13 јануари 2013

БДП по глава на жител усогласен со паритетот на куповна моќ (ПКП) во светот (2009)
Усогласен паритет на куповна моќ на земјите во 2003 г. Американското стопанство служи како основа, со индексна вредност од 100. Бермуда има највисока индексна вредност (154) - стоките во Бермуда се поскапи отколку во САД.

Паритетот на куповна моќ (ПКМ или PPP од англ. purchasing power parity) е теорија на долгорочна рамнотежа во девизниот курс врз основа на релативните нивоа на цените во две земиј. Идејата за прв пат се појавила во Саламанканската школа во Шпанија во XVI век [1], а современиот облик го добила во 1918 г. со делото на економистот Густав Касел.[2] Оваа замисла се заснова на законот за единствена цена кој вели дека во отсуство на увозно-извозни трошоци, едни исти стоки треба да држат иста цена на различни пазари.

Во „апсолутната“ верзија, куповната моќ на различни валути се изедначува за дадена потрошувачка кошница. Во „релативната“ верзија, разликата во стапката на промена на цените во земјата и странство (разликата во стапките на инфлација) е еднаква на постотокот на намалување или зголемување на девизниот курс.

Отстапување од теоријата претставува разликата во куповната моќ на една „потрошувачка кошница“ во разни земји. Земјите можат да се споредуваат само ако претходно бруто домашниот производ и другите статистики за приходи се „усогласат со ПКМ“ и се претворат во заеднички единици. Ова усогласување честопати се врши со меѓународниот долар (наречен и „Гири-Камисов долар“).

Промените во реалниот девизен курс претежно се должат на различните стапки на инфлација во земјите. Освен оваа променливост, можат да се забележат и доследни отстапувања на пазарот и девизниот курс усогласен со ПКМ. На пример, цените (по пазарен девизен курс) на нетрговските стоки и услуги се обично пониски во земјите со пониски примања (доларот разменет и потрошен во Индија може да плати за повеќе потстрижувања отколку доларот потрошен во САД).

Може да постојат значајни разлики помеѓу приходите усогласени со ПКМ и оние претворени преку пазарниот девизен курс.[3] На пример, во извештајот „Показатели на развојот во светот 2005“, Светската банка проценува дека во 2003 г. еден меѓународен долар бил рамносилен на 1,8 кинески јуани по паритет на куповна моќ[4], што е многу поразлично од номиналниот курс. Оваа недоследност игра голема улога. На пример, претворено по номиналниот курс, БДП по глава на жител во Индија изнесува околу 1.100 долари, додека пак истото пресметано врз основа на ПКМ изнесува околу 3.000 долари. Ова значи дека според номиналниот курс, Индија е единаесетта економија во светот по големина, но усогласено со ПКМ, таа е на четврто место. Во друга крајност, номиналниот БДП по глава на жител на Данска изнесува околу 62.100 долари, но со ПКМ изнесува само 37.304 долари.

Одредување на ПКМ

Пресметката на девизниот курс според ПКМ е спорна поради потешкотиите што се јавуваат про наоѓањето на споредливи потрошувачки кошници за да се спореди куповната моќ во различни земји.

Проценувањето на паритетот на куповна моќ е усложнето поради фактот што земјите не се разликуваат рамномерно по ниво на цените - разликата во цената на храната може да биде поголема од разликата на цената на становите, а помала од разликата во цената на културно-забавните настани. Потрошувачката кошница не ги содржи истите стоки во секоја земја. Затоа неопходно е да се спореди трошокот на кошниците со стоки и услуги користејќи индекс на цени. Ова е тешка задача бидејќи луѓето во разни земји имаат разни потрошувачки навики, а на пазарот се нудат поинакви стоки. Затоа потребно е да се изврши усогласување за сметка на разликите во квалитетот на стоките и услугите. Дополнителни потешкотии се јавуваат при вршењето на мултилатерална споредба на повеќе од две земји.

Кога се вршат споредби на земји долж извесен временски период, треба да се земат предвид и последиците од инфлација.

Усогласување на ПКМ според БДП

Девизниот курс ги одразува трансакциските вредности на трговските стоки помеѓу земјите за разлика од нетрговските стоки, т.е. стоките што се за домашна потрошувачка. Со девизи се тргува не само за набавка на трговски стоки и услуги, туку и за други цели, како набавка на основни средства чии цени варираат повеќе од оние на физичките стоки. Исто така различните каматни стапки, шпекулации, оградување или интервенции од централни банки можат да повлијаат врз пазарот на девизи.

Методот на ПКМ се користи како алтернатива за исправка на статистиките со можна статистичка наклоност. Мошне познат и наведуван извор на усогласувања со ПКМ е Пенсилваниската трговка табела (Penn Trade Table). Таканаречениот „Пен-ефект“ е израз на оваа системска наклоност во девизниот курс на земјите.

На пример, ако вредноста на мексиканскиот пезос се намали за половина во споредба со американскиот долар, со тоа ќе се намали и БДП на Мексико изразен во долари. Меѓутоа овој девизен курс е меѓународната трговија и пазарите на финансии. Со ова не мора да значи дека Мексико е посиромашно за половина. Ако приходите и цените измерени во пезоси останат исти, можеме и да претпоставиме дека увозните стоки не се од суштинско значење за квалитетот на животот во земјата. Овој проблем при споредбата на приходите во разни земји се избегнува користејќи курс усогласен со ПКМ.

Девизниот курс според ПКМ е особено корисен кога владите го манипулираат официјалниот курс со цел да држат вештачки силна валута. За разлика од ова, курсот на црно е вештачки слаб. Во вакви случаи, курсот според ПКП е најверодостојна основа за економска споредба.

Потешкотии

Главните причини зошто разните приоди не се совршена мерка за стандардот на живеење се следниве:

  • Износот на ПКМ се разликува зависно од тоа што содржи потрошувачката кошница во дадена земја, и затоа претставува само груба проценка.
  • Разликата во квалитетот на стоките е тешка да се измери, и тоа се одразува во ПКМ.

Пресметките на ПКМ честопати се користат за утврдување на стапката на сиромаштија.

Поврзано

Наводи

  1. Alan M. Taylor y Mark P. Taylor (2004) "The Purchasing Power Parity Debate," NBER Working Paper Бр. 10607 (online).
  2. Gustav Cassel, "Abnormal Deviations in International Exchanges," in Journal, (December, 1918), 413-415
  3. FT.com / World - China, India economies ‘40% smaller’:By Scheherazade Daneshkhu in London Published: December 18 2007 18:04
  4. Показатели на развојот во светот за 2005: Табела 5.7 | Релативни цени и девизен курс (англиски)

Надворешни врски