Cartoon Network: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
изменета категоризација, додаден/изменет шаблон, интервики, инфокутија
с Kekev ја премести страницата Картун нетворк на Cartoon Network
(нема разлика)

Преработка од 21:08, 8 јануари 2013

Cartoon Network
Логото на „Cartoon Network“ употребувано од 29 мај, 2010.
Отпочнатаоктомври 1 1992 (1992-10-01)
Сопственик„The Cartoon Network, Inc.“
Формат на слика480i (SDTV)
1080i (HDTV)
Држава САД
ЈазикАнглиски
Област на емитувањеСАД
СедиштеАтланта, Џорџија (Гемерално)
Лос Анџелес, Калифорнија (Западно крајбрежје)
Сестрински канал(и)TBS“, „CNN“, „The CW“, „TNT“, „TCM“, „HLN“, „truTV“, „WPCH-TV“, „Boomerang“, „Adult Swim
Веб-странаcartoonnetwork.com

Картун Нетворк (скратено КН, управувана од страна на АД картун Нетворк) е американска кабелска телевизија во сопственост на радиодифузијата Тарнер, која првенствено емитува анимирана програма. Каналот започна со работа на 1ви октомври 1992 година, откако во 1991 Тарнер го купи студиото за анимација Продукција Хана-Барбера. Тоа беше 24 часовно пробно емитување на класично анимирани особини од библиотеките на радиодифузијата Тарнер и беше наменето за сите возрасти, но сега каналот е насочен кон децата и тинејџерите, емитувајќи зрели содржини, под раководство на одделението Адулт Свим. Телевизијата емитува емисии почнувајќи од акции па се до анимирани комедии. Вистинските серии започнаа во 1994 со „Space Ghost Coast to Coast“, заедно со „Cartoon Cartoons“, вистински програми како „Dexter's Laboratory“,„ Cow and Chicken“, „I Am Weasel“, „The Powerpuff Girls“, „Ed, Edd n Eddy“,„ Johnny Bravo“, and „Courage the Cowardly Dog“. Во 2009 телевизијата почна да емитува програми со жива акција, вклучувајќи и филмови од Варнер Брос, и Њу Лајн Синема. Телевизијата го прослави својот 20ти роденден; прославата започна на 1би октомври 2012 година, а заврши на 4ти ноември 2012 година.

Историја

Развој

На 4ти август 1986 годиниа, системот за радиодифузија Тарнер на Тед Тарнер се стекна со Метро-Голдвин-Мајер/Јунајтед Артистс од страна на Кирк Керкориан, но заради долгот на неговите компании, на 17ти октомври 1986 година, тој после само 74 дена сопственост, беше приморан повторно да му ги продаде МГМ на Керкориан. Но Тарнер сепак зачува нешто од филмските и телевизиски библиотеки на МГМ (како и нешто од библиотеката на Јунајтед Артистс) направени пред Мај 1986 година, и го ја формираше радиодифузијата Тарнер. На 3ти октомври 1988 година, започна со работа кабелскиот канал „Turner Network Television“, и со својата филмска библиотека ги привлече гледачите. Во тоа време библиотеката со анимирани филмови на Тарнер ги содржеше:

  • Библиотеката со цртани на МГМ
  • Цртаните во боја „Looney Tunes“ и „Merrie Melodies“ од пре 1984 година
  • „Harman-Ising Merrie Melodies“ (освен Lady, Play Your Mandolin!)
  • Цртанот Попај Морнарот на „Fleischer Studios“/„Famous Studios“

Во 1991 година, телевизијата за 320 милиони долари го купи студиото за анимација Продукција Хана-Барбера.

Стртување

На 1ви октомври 1992 година во 12ч на пладне по источна временска зона, Картун Нетворк започна со работа како проба за големата библиотека со анимирани филмови на Тарнер, а првобитната програма на каналот се состоеше исклучиво од репризи на класични цртани на Варнер Брос (Looney Tunes“ и „Merrie Melodies“ од пред 1950 година), цртаните со Попај морнарот од 1933 до 1957 и цртаните на Хана-Барбера. На почетокот каналот го водеа кабелските провајдери во Њу Јорк, Филаделфија, Вашингтон и Детроид. Каналот беше отворен со вовед од страна на Дропи, а најпрвиот цртан што Картун Нетворк го емитуваше беше Багс Бани од 1946 под името „Rhapsody Rabbit“. Се до почетокот на телевизијата, библиотеката на телевизијата содржеше 8500 часовна програма. Од почетоците се до 1995, основачите на телевизијата го променија името со тоа што го членуваа самото име.