Сивоврановидни: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Сивоврановидни на Модроврани
с r2.7.3) (Робот: Додава simple:Coraciiformes
Ред 111: Ред 111:
[[rue:Сиворакшоподобны]]
[[rue:Сиворакшоподобны]]
[[ru:Ракшеобразные]]
[[ru:Ракшеобразные]]
[[simple:Coraciiformes]]
[[sk:Krakľotvaré]]
[[sk:Krakľotvaré]]
[[sl:Vpijati]]
[[sl:Vpijati]]

Преработка од 03:34, 8 јануари 2013

Мордроврани
Европска смрдиврана
Coracias garrulus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Инфракласа: Neognathae
Ред: Coraciiformes
Forbes, 1884
Фамилии

Alcedinidae
Brachypteraciidae
Bucerotidae (спорно)
Cerylidae
Coraciidae
Halcyonidae
Meropidae
Momotidae
Phoeniculidae (спорно)
Todidae
Upupidae (спорно)

Модровраните (или на науч. Coraciiformes) сочинуваат група или ред на најчесто живописни сродни врапчеви птици која ги вклучува рибарчињата, пупунците, смрдивраните, пчеларките и птиците-носорози. Кај нив обично се среќава синдактилија, при што три прсти се насочени напред (прстите 3 & 4 се споени во нивните основи), иако кај повеќето рибарчиња еден од овие прсти отсуствува.

Ова е претежно ред од Стариот свет, додека нивниот број во Новиот свет е ограничен на десетина или повеќе видови на тоди (Todus sp.) и момоти (Momotidae), како и речиси 90 видови на рибарчиња. Ова е најразновидниот ред судејќи според телесната тежина на птиците, која се движи од 5,5 грами (порторикански тод, Todus mexicanus) до 4,5 килограми тешката капска рогата врана (Bucorvus leadbeateri), секако ова важи за оние класификациски шеми каде птиците-носорози се сметаат за дел од овој ред.

Името Coraciiformes значи „модроврани“, што е збунувачки, бидејќи тие се врапчевидни птици. Поточно, ова име доаѓа од латинскиот збор "corax" што значи сивоврана и "forma" што се додава на крајот од редовите на животни.

Основни одлики

Обично рибарче (Alcedo atthis).

Клунот е силен и задебелен и има различна големина и изглед — кај птиците-носорози тој е доста голем и украсен со рожести секреции во облик на обоен гребен; кај момотите тој е прилагоден за рассечување на инсекти; кај пчеларките тој е долг, тенок и свиен надолу. Пердувите се густо распоредени, сјајни и живописно обоени. Кај рибарчињата тие се масни, што оневозможува мокрење на пердувите во текот на нуркањето во водата. Летот е елегантен и акробатски како кај пчеларките, или брз и издржлив како кај рибарчињата, додека кај пупунците е ундулаторен. Птиците-носорози во текот на летот произведуваат свирежни звуци многу слични на туканите и кои потсетуваат на звукот кога од вентил се испушта пареа под притисок. Опашката се состои од десет до дванаесет летални пердуви и има различна должина, која кај јужноамериканските момоти ја надминува должината на телото.

Систематика и филогенија

На овој ред денес се гледа како на измешана група, при што во него би можеле да влегуваат само смрдивраните. Вака гледано, сите други фамилии тогаш би се сметале за еволутивни линии на птици кои се подалечни роднини на модровраните.

Молекуларните истражувања укажуваат на тоа дека модровраните би можеле да се поделат на основна (базална) група која не е предалечна роднина на клукајдрвците (Piciformes) и на понов, изведен подред кој ги содржи главно рибарчињата (Johansson & Ericson, 2003). Местото на некои фосилни претставници е нејасно, бидејќи некои од нив се блиски со клукајдрвците.

Неразрешени

Едно скорешно истражување укажува на тоа дека следните фамилии би можеле да припаѓаат на одделен ред наречен Bucerotiformes. Но, ова е далеку од разрешено.[1]

Кукавичката модроврана (како единствен вид од Leptosomatidae) веројатно не припаѓа овде. Понекогаш трогоните се сместуваат во овој ред како фамилија Trogonidae. Горноеоценските видови од Palaeospizidae исто така понекогаш се сместуваат во овој ред, како што и долно и средноеоценските претставници од Primobucconidae и средноеоценските до долноолигоценските видови на Sylphornithidae.

Основна група

Подред Alcedini

  • Фамилија Todidae (тоди)
  • Фамилија Momotidae (момоти)
  • Фамилија Alcedinidae (речни рибарчиња)
  • Фамилија Halcyonidae (рибарчиња кои ловат од дрвја)
  • Фамилија Cerylidae (појасни рибарчиња)

Наводи