Универзитет „Гоце Делчев“: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27: Ред 27:
Единици во состав на Универзитетот се:
Единици во состав на Универзитетот се:


# [[Педагошки факултет - Штип|Педагошки факултет]] – декан проф. д-р Кирил Цацков
# [[Педагошки факултет - Штип|Педагошки факултет]] – декан проф. д-р Никола Смилков
# [[Факултет за природни и технички науки - Штип|Факултет за природни и технички науки]] – декан проф. д-р Благој Голомеов
# [[Факултет за природни и технички науки - Штип|Факултет за природни и технички науки]] – декан проф. Зоран Панов
# [[Земјоделски факултет - Штип|Земјоделски факултет]] – декан проф. д-р Илија Каров
# [[Земјоделски факултет - Штип|Земјоделски факултет]] – декан проф. д-р Илија Каров
# [[Факултет за информатика - Штип|Факултет за информатика]] – декан проф. д-р Владо Гичев
# [[Факултет за информатика - Штип|Факултет за информатика]] – декан проф. д-р Владо Гичев
# [[Економски факултет Штип|Економски факултет]] – декан проф. д-р Ристо Фотов
# [[Економски факултет Штип|Економски факултет]] – декан проф. д-р Ристо Фотов
# [[Правен факултет - Кочани|Правен факултет]] – декан проф. д-р Стеван Алексоски
# [[Правен факултет - Кочани|Правен факултет]] – декан проф. д-р Јован Ананиев
# [[Факултет за музичка уметност - Штип|Факултет за музичка уметност]] – декан м-р Илчо Јованов
# [[Факултет за музичка уметност - Штип|Факултет за музичка уметност]] – Проф. д-р Илчо Јованов
# [[Факултет за медицински науки - Штип|Факултет за медицински науки]] – декан проф. д-р Никола Камчев
# [[Факултет за медицински науки - Штип|Факултет за медицински науки]] – декан проф. д-р Бистра Ангеловска
# [[Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија|Факултет за туризам и бизнис логистика]] – декан доц. д-р Нако Ташков
# [[Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија|Факултет за туризам и бизнис логистика]] – декан доц. д-р Нако Ташков
# [[Филолошки факултет - Штип|Филолошки факултет]] – декан проф. д-р Виолета Димова
# [[Филолошки факултет - Штип|Филолошки факултет]] – декан доц. д-р Јованка Денкова
# [[Електротехнички факултет - Радовиш|Електротехнички факултет]] – декан проф. д-р Тодор Делипетрев
# [[Електротехнички факултет - Радовиш|Електротехнички факултет]] – декан доц. д-р Татјана Атанасова Пачемска
# [[Технолошко-технички факултет - Пробиштип|Технолошко-технички факултет]] – декан проф. д-р Јордан Живановиќ
# [[Технолошко-технички факултет - Пробиштип|Технолошко-технички факултет]] – декан доц. д-р Винета Сребренкоска
# [[Машински факултет - Виница|Машински факултет]] – декан проф. д-р Зоран Панов
# [[Машински факултет - Виница|Машински факултет]] – декан доц. д-р Дејан Мираковски
# [[Висока здравствена школа - Штип|Високата здравствена школа]].
# [[Висока здравствена школа - Штип|Високата здравствена школа]].


Ред 72: Ред 72:
* проректор за настава - проф. д-р Емилија Јаневиќ – Ивановска;
* проректор за настава - проф. д-р Емилија Јаневиќ – Ивановска;
* проректор за наука - проф. д-р Блажо Боев;
* проректор за наука - проф. д-р Блажо Боев;
* проректор за финансиски инвестиции и развој.
* проректор за финансиски инвестиции и развој - доц. д-р Кирил Барбареев



==Меѓууниверзитетска соработка==
==Меѓууниверзитетска соработка==

Преработка од 02:04, 7 јануари 2013

Универзитет „Гоце Делчев“
ВидДржавен
Основан2007
РекторПроф. Д-р Саша Митрев
Студенти>9,000
МестоШтип, Република Македонија
www.ugd.edu.mk


Историјат

Универзитетот „Гоце Делчев“ е основан од страна на Собранието на Република Македонија на 27 март 2007 г., кога се слави и патрониот празник на Универзитетот, лоциран во 12 македонски градови: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Скопје и Берово. На Универзитетскиот сенат за ректор на Универзитетот е избран проф д-р Саша Митрев. Во првата студиска година се запишаа 1.300 студенти на 7 факултети и една висока школа и тоа: Правен факултет, Економски факултет, Педагошки факултет, Факултет за рударство геологија и политехника, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа. Од студиската година 2008/09 г., во состав на Универзитетот се и 6 (шест) нови факултети: Факултет за медицински науки, Филолошки факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолoшко-технички факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.[1]


Организација

Универзитетот, согласно со Статутот (Универзитетски гласник 09/2009), е највисока автономна јавна високообразовна, научна, односно уметничка установа, што го обезбедува единството во вршењето и развојот на високото образование, науката, уметноста и стручноста, и непосредно преку своите единици од различни студиски подрачја пренесува сознанија од повеќе научни, односно уметнички подрачја и дисциплини. Во неговиот состав влегуваат јавни факултети, т.е. единици кои вршат високообразовна и научноистражувачка дејност во сите степени на високото образование. Единици во состав на Универзитетот се:

  1. Педагошки факултет – декан проф. д-р Никола Смилков
  2. Факултет за природни и технички науки – декан проф. Зоран Панов
  3. Земјоделски факултет – декан проф. д-р Илија Каров
  4. Факултет за информатика – декан проф. д-р Владо Гичев
  5. Економски факултет – декан проф. д-р Ристо Фотов
  6. Правен факултет – декан проф. д-р Јован Ананиев
  7. Факултет за музичка уметност – Проф. д-р Илчо Јованов
  8. Факултет за медицински науки – декан проф. д-р Бистра Ангеловска
  9. Факултет за туризам и бизнис логистика – декан доц. д-р Нако Ташков
  10. Филолошки факултет – декан доц. д-р Јованка Денкова
  11. Електротехнички факултет – декан доц. д-р Татјана Атанасова Пачемска
  12. Технолошко-технички факултет – декан доц. д-р Винета Сребренкоска
  13. Машински факултет – декан доц. д-р Дејан Мираковски
  14. Високата здравствена школа.

Покрај овие единици се организираат и: катедри, оддели, институти, центри, лаборатории, библиотеки и други внатрешни организациони единици, како што се:

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се организираат универзитетски стучни студии од прв, втор и трет циклус. Наставата се одвива во повеќе градови во Република Македонија, најголемиот дел лоцирани во источниот дел на Републиката, како што се: Штип, Кочани, Радовиш, Гевгелија, Виница, Пробиштип, Струмица, Берово, Свети Николе, Кавадарци, Прилеп и Скопје. Вкупниот број на вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип изнесува 438.

Ректоратот односно седиштето на Универзитетот, каде се сместени највисоките раководни тела, се наоѓа во Штип. Органи на Универзитетот се: Универзитетски сенат, ректор и Ректорска управа.

Универзитетскиот сенат го избираат ректорот и проректорите на Универзитетот. Ректорот ја води седницата на Универзитетскиот сенат. Проректорите учествуваат во работата на Сенатот, без право на глас. Универзитетскиот сенат донесува Статут на Универзитетот, одлучува за наставната, научната, уметничката и високостручната дејност. Исто така, Сенатот ги усвојува студиските програми на факултетите и ги утврдува научните, односно уметничките области.

Ректорот како раководен орган на Универзитетот го застапува Универзитетот во земјава и странство, ја води меѓународната соработка на Универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјава и во странство. Ректорската управа ја сочинуваат: ректорот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи и еден претставник на студентите од Сојузот на студентите на Универзитетот. Во работата на Ректорската управа учествува и генералниот секретар на Универзитетот, без право на одлучување. Со Ректорската управа раководи ректорот.

Покрај ректорот, како раководен орган, Универзитетот има и тројца проректори:

  • проректор за настава - проф. д-р Емилија Јаневиќ – Ивановска;
  • проректор за наука - проф. д-р Блажо Боев;
  • проректор за финансиски инвестиции и развој - доц. д-р Кирил Барбареев

Меѓууниверзитетска соработка

Универзитетот остварува соработка со многу образовни и научни институции во земјава и во странство. Соработката со универзитетите од странство се реализира во рамките на меѓународните универзитетски асоцијации и мрежи, како и со билатерални договори.

Целта е воспоставување соработка за развивање и проширување на научните и професионални искуства, научна и техничка соработка со странски и со национални високообразовни и научни установи и остварување на други форми на меѓународна соработка.

Универзитетот „Гоце Делчев“, како член на Ерасмус мрежата, отвора можност студентите да добијат Ерасмус стипендија. Ерасмус програмата подразбира испраќање и примање на студенти од странство. Ерасмус студентите можат да поминат еден или два семестра на некој од европските универзитети, каде ќе имаат можност да го изучуваат јазикот на државата во која престојуваат и да ја запознаат нивната култура. Испитите кои ќе ги полагаат студентите додека престојуваат во странство ќе им бидат признати согласно со Правилникот за ЕКТС. Универзитетот „Гоце Делчев“ се стреми за плодна и ефикасна соработка со другите универзитети, така што потпиша договори за меѓусебна соработка со:


Студенти

Статус на студент на Универзитетот се стекнува со запишувањето на дипломски, постдипломски и докторски студии на факултетите и високата стручна школа на Универзитетот „Гоце Делчев“. Статусот на студент се докажува со студентска легитимација. Студентот има право на слободно искажување на мислењата и ставовите во текот на наставата, како и право на изјаснување на квалитетот (оценување) на наставата и наставниците.

Начинот за упис на идните студенти на факултетите е преку полагање на екстерни и интерни испити во рамките на државната матура. За реализација на конкурсот за запишување во прв циклус на студии на Универзитетот се формираат конкурсни комисии за секоја единица. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија. На студентските програми на Универзитетот не можат да бидат запишани кандидати кои имаат помалку од 40 поени, добиени по сите основи.

Странските државјани се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот. При пријавувањето кандидатите поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование, како и нострифицирани свидетелства за сите класови, заверен превод на изводот од матичната книга на родените, потврда за знаење на македонскиот јазик (издадена од комисија на Универзитетот) и уверение за здравствена состојба. Кандидатите наведуваат дали се стипендисти на својата влада или самостојно ги поднесуваат трошоците на студирањето. На странските државјани кои се пријавуваат на факултетот за музичка уметност им се врши проверка на знаењата и умеењата. Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип организира курс за изучување на македонскиот јазик. Школарината за странските студенти за учебната 2010/2011 година изнесува 400 евра за еден семестар, доколку поинаку не е регулирано со договор за меѓууниверзитетска соработка. Во оваа категорија влегуваат и кандидатите странски државјани чии родители или пак тие работат во дипломатските претставништва во Република Македонија.

Софтверско решение кое придонесува за модерен начин на студирање е електронскиот индекс на Универзитетот. Преку електронскиот индекс се овозможува комплетно електронско студирање, вклучувајќи електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување на испити и семинарски работи, објава на електронски резултати, електронска огласна табла, перманентна електронска комуникација и електронски консултации со наставничкиот и соработничкиот кадар, електронско учење, како и многу други активности.

Студентите (од сите степени на високо образование) кои се без родители, слепи, глуви, инвалиди од прва и втора група, мајки со деца до шестгодишна возраст и хоспитализираните лица имаат право на посебни предности утврдени со Статутот на високообразовната установа.

Во првата академска 2007/2008 година на факултетите при Универзитетот „Гоце Делчев“ се запишаа 1.300 студенти. Тогаш во состав на Универзитетот беа седум факултети и една висока школа. Во наредната 2008/2009 година, со зголемувањето на бројот на факултетите, уште повеќе се зголеми и бројот на заинтересираните матуранти кои своето образование го продолжија на Универзитетот „Гоце Делчев“. Со индекс се стекнаа 2.700 бруцоши, кои заедно со студентите кои во моментот на основање на Универзитетот студираа на тогаш постојните Педагошки и Рударско-геолошки факултет, вкупниот број на студенти изнесуваше околу 5.000. Следната 2009/2010 година, на вкупно 13 факултети и повеќе од 90 студиски програми, бројот на запишани бруцоши изнесуваше околу 4.200, а вкупниот број повеќе од 9.000 студенти. Во студиската 2010/2011 година со индекс се стекнаа повеќе од 2.800 нови студенти, а веќе во академската 2011/2012 година уште 3.500 нови студенти ја препознаа својата иднина на Универзитет „Гоце Делчев“. Така, во моментов (2012 година), на Универзитет „Гоце Делчев“ студираат приближно 16.000 студенти, идни професионалци во најразлични области. [2]

Факултети


Надворешни врски

Наводи