Скроб: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додаје: bs:Škrob
с Бот Додаје: sq:Amidoni, sw:Wanga
Ред 51: Ред 51:
[[sh:Škrob]]
[[sh:Škrob]]
[[simple:Starch]]
[[simple:Starch]]
[[sq:Amidoni]]
[[su:Aci]]
[[su:Aci]]
[[sv:Stärkelse]]
[[sv:Stärkelse]]
[[sw:Wanga]]
[[th:แป้ง (อาหาร)]]
[[th:แป้ง (อาหาร)]]
[[tr:Nişasta]]
[[tr:Nişasta]]

Преработка од 16:03, 19 април 2008

Скробни зрна видени со поларизационен филтер. Тие се оптички активни.

Скробот е растителен полисахарид. Претставува основен резервен шеќер кај растенијата, односно депо на глукоза и нејзин полимер. Постојат два основни видови на скроб, кои во скробните зрна се заедно:

  • Амилоза, која се состои од линеарни и неразгранети ланци од неколку илјади глукозни единици. Овие единици се поврзани со гликозидна врска помеѓу нивните први и четврти јаглеродни атоми.
  • Амилопектин, кој се разликува од амилозата по тоа што има многу разгранета структура. На приближно секоја тринаесетта глукозна единица во ланецот е прикачен краток страничен ланец преку гликозидна врска на 6 С-атом (јаглеродот над прстенот). Вкупниот број на глукозни единици во една молекула на амилопектин изнесува неколку илјади.

Скробот е нерастворлив во вода. Растенијата го претвораат вишокот од глукоза во скроб. Пред скробот да влезе (или да ги напушти) клетките, тој мора да биде дигериран. Хидролизата на скробот се одвива со помош на ензимите амилази. Во присуство на амилаза (како што е панкреасната амилаза), водните молекули навлегуваат во 1 -> 4 врските, цепејќи го ланецот и произведувајќи мешавина од глукоза и малтоза (претходно се добиваат меѓупродукти декстрини). Друг тип на амилаза е потребна за да се раскинат 1 -> 6 врските на амилопектинот.