Пелазги: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10: Ред 10:


Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3. Во 450 г.п.н.е. Херодот за Пелазгите вели:
Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3. Во 450 г.п.н.е. Херодот за Пелазгите вели:
"Ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; штом тоа е така, жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .
"Ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; ако тоа е така тогаш жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .


Античкиот елински географ Страбон, вели:
Античкиот елински географ Страбон, вели:

Преработка од 16:48, 17 април 2008

Етимологијата на зборот Пелазги-Полазги е словенска. Словените и Пелазгите живееле по ридовите и планините, особено во Елада и Тесалија, каде новодојдените агресивни Елини во 12 век п.н.е. ги натерале Пелазгите да се повлекуваат по планините и на север во Македонија, Тракија итн.; старословенскиот збор за ваквото живеење на рид/планина е "по-лазеч" т.е. Полазеч, Полазги или Пелазги.

Во античка Елада има многу топоними, реки и планини со словенска етимологија, кога се тврди дека немало словени во тие краишта, како: risea, Bura, Eserus, Halysaea, Homolium, Horeum, Leucas, Lebadea, Phoronicium, Oleanum, Sellasia, Sperchia, Stantyra, Sicorium, Temnos, Zemene; планини: Halesius, Homole, Scolis, Tomeus T/a/marus, Temnos, Pretus, Stena; реки: Peneus, Porina, Selenus, Selleis, Thiessa, /Tiassus/.

Славистот Шафариќ вели дека следниве антички топоними во географска Тракија, која ги опфаќа и македонските етнички територии се од словенско потекло: Arzos-Рашка; Bennica - Бањско; Debre-Дебaр; Dolonici/ae/-Дољани; German-Чрмеп; Samaika-Самоков; Travus-Трева; Zdebrin, Zernae, Zirinae, Zirinia, Црнец. Bo Македонијa: Cavetza- Кавица, Melichiza-Малешево; Nestus- Места.

За античката тракиско-пеонско-македонска област Стримион, се тврди дека подоцна ја населило македонското словенско племе Струмјани. Значи областа Стримион која носи чисто словенско име потекнува од предсловенската колонизација. Струмиен е старословенски збор и означува врело/извор, а денес истиот збор, со истото значење се употребува во полскиот јазик. Во Пиринска Македонија и денес постои реката Струма, а во Македонија градот Струмица кои влечат корен од старословенскиот збор Струмиен.

Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3. Во 450 г.п.н.е. Херодот за Пелазгите вели: "Ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; ако тоа е така тогаш жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .

Античкиот елински географ Страбон, вели: "Што се однесува до Пелазгите, сите докази укажуваат на тоа дека тие се еден стар народ, кој бил распространет на територијата на цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија". Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на реката Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населуваaт таа земја (Страбон, стр. 221,). Страбон ова го напишал во 9 век по Христа, што говори во прилог на тоа дека Пелазгите и тогаш живееле во Елада, Тесалија, Македонија итн. Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски). На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини (Страбон V, 2, 4). Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Tit Livi, XXX, 29).