Централна Африка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава diq:Afrikaya Miyanêne
с r2.7.2+) (Робот: Додава rue:Середня Африка
Ред 117: Ред 117:
[[pt:África Central]]
[[pt:África Central]]
[[ro:Africa Centrală]]
[[ro:Africa Centrală]]
[[rue:Середня Африка]]
[[ru:Центральная Африка]]
[[ru:Центральная Африка]]
[[sah:Орто Африка]]
[[sah:Орто Африка]]

Преработка од 22:32, 24 декември 2012

Карта на Централна Африка.
Карта на Централна Африка според ООН.

Централна Африка е средишен регион во Африка во кој влегуваат Бурунди, ДР Конго, Руанда, Централноафриканската Република и Чад.

Средна Африка (како географски подрегион на ООН) е сличен географски поим кој ги опфаќа Ангола, Габон, Екваторијална Гвинеја, Камерун, ДР Конго, Република Конго, Сао Томе и Принсипе, Централноафриканската Република и Чад.[1] Сите држави во оваа област на ООН, заедно со другите што обично се сметаат за дел од централна Африка (вкупно 11), ја сочинуваат Економската заедница на централноафриканските држави (ECCAS).[2]

Централна Африка ги опфаќа териториите што, главно, му припаѓаат на сливот на реката Конго. Таа опфаќа дел од внатрешниот слив на езерото Чад и непосредниот слив на Атланскиот Океан. Се простира во екваторскиот појас, така што се одликува со типична екваторска клима, со високи температури(25°С) и голема влажност. Има густа речна мрежа и разновиден растителен свет, главно претставен со непрегледни прашуми и савани, и разновиден животински свет - слонови, мајмуни, птици, влечуги и инсекти.

Стопанство

Главни стопански гранки се земјоделството, шумарството и сточарството. Од земјоделските култури најразвиени се банани, какао, кафе, памук, пченка. Во шумите најзначајни се тиковото, каучуковото и абоносовото дрво. Од сточарството најразвиено е говедарството. Во Централна Африка постојат разни рудни богатства. Најзастапени се: железо, калај, уран, кобалт и дијаманти. Од индустриските гранки најразвиени се прехрамбената, дрвната, текстилната и металната индустрија. Густата и полноводната мрежа на реката Конго со притоките е голем енергетски потенцијал и основа за сообраќајната комуникација во Централна Африка.

Демографија

Во централна Африка главно живеат народите од групата Банту. Најзастапени се банту-јазиците, а во некои подрачја се говорат и чадските и нилосахарските јазици. Предоминантна религија во централна Африка е христијанството, кое во некои места се одликува со примеси од народните верувања.

Земји

Земји во Средна Африка (подрегион на ООН) :

Име Главен град Валута Држ. јазици Површина (км2) Население
 Ангола[3] Луанда кванза португалски 1.246.700 15.941.000
 ДР Конго[4] Киншаса конгоански франк француски 2.344.858 71.712.867
 Република Конго[5] Бразавил ЦА франк француски 342.000 4.012.809
 Габон[6] Либрвил ЦА франк француски 267.668 1.384.000
 Екваторска Гвинеја[7] Малабо ЦА франк шпански, француски 28.051 504.000
 Камерун[8] Јаунде ЦА франк француски, англиски 47.442 17.795.000
 Сао Томе и Принсипе[9] Сао Томе саотомска добра португалски 964 157.000
 Централноафриканска Република[10] Банги ЦА франк санго, француски 622.984 4.216.666
 Чад[11] Нџамена ЦА франк француски, арапски 1.284.000 10.146.000

Поврзано

Наводи

  1. Предлошка:Цмс (англиски)
  2. Предлошка:Цмс (англиски)
  3. Предлошка:Цмс (англиски)
  4. Предлошка:Цмс (англиски)
  5. Предлошка:Цмс (англиски)
  6. Предлошка:Цмс (англиски)
  7. Предлошка:Цмс (англиски)
  8. Предлошка:Цмс (англиски)
  9. Предлошка:Цмс (англиски)
  10. Предлошка:Цмс (англиски)
  11. Предлошка:Цмс (англиски)

Надворешни врски