Уганда: Разлика помеѓу преработките

Координати: 1°17′N 32°23′E / 1.28° СГШ; 32.39° ИГД / 1.28; 32.39
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.2) (Робот: Ја менувам pa:ਯੂਗਾਂਡਾ во pa:ਯੁਗਾਂਡਾ
с r2.7.2+) (Робот: Додава rue:Уґанда
Ред 292: Ред 292:
[[rm:Uganda]]
[[rm:Uganda]]
[[qu:Uganda]]
[[qu:Uganda]]
[[rue:Уґанда]]
[[ru:Уганда]]
[[ru:Уганда]]
[[sah:Уганда]]
[[sah:Уганда]]

Преработка од 11:14, 24 декември 2012

1°17′N 32°23′E / 1.28° СГШ; 32.39° ИГД / 1.28; 32.39

Jamhuri ya Uganda
Republic of Uganda
Република Уганда
Податотека:Coat of arms of the Republic of Uganda.svg
Знаме Грб
Гесло"За Господ и мојата земја"
Химна"Ох Уганда, земјо на убавината"
Местоположба на Уганда
Главен град
(и најголем)
Кампала
0°19′N 32°35′E / 0.317° СГШ; 32.583° ИГД / 0.317; 32.583
Службен јазик англиски, свахили
Демоним Уганѓанец
Уредување демократска република
 •  Претседател Јовери Мусевени
 •  Премиер Аполо Мсибамби
Независност од  Обединето Кралство 
 •  Република 9 октомври 1962 
Површина
 •  Вкупна 236,040 км2 (81-ва)
 •  Вода (%) 15.39
Население
 •  проценка за 2009[1] г. 32.369.558 (37-ма)
 •  Попис 2002 24.442.084 
 •  Густина 119 жит/км2 (82-ра1)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $32.767 милијарди[2] 
 •  По жител $1.059[2] 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $11.785 милијарди[2] 
 •  По жител $381[2] 
Џиниев коеф. (1998)43
среден
ИЧР (2007)0.505
низок · 154-та
Валута Уганѓански шилинг (UGX)
Часовен појас ИАВ (UTC+3)
 •  (ЛСВ) не е забележано (UTC+3)
НДД .ug
Повик. бр. 256

1Рангот е базиран на податоци од 2005 .
2 006 од Кенија и Танзанија.

Уганда (свахили: Uganda) или официјално Република Уганда (Jamhuri ya Uganda) е држава во Источна Африка без излез на море, но со излез на езерото Викторија. Државата на исток граничи со Кенија, на север со Судан, на запад со Демократска Република Конго, на југозапад со Руанда и на југ со Танзанија. На југ се наоѓа езерото Викторија.

Името на Уганда потекнува од називот на кралството Буганда, чија територија била на јужниот дел од Уганда. Околу 76% од населението во Уганда е сиромашно со 1.00 американски долар на ден.[3] Поради тоа, денес во Уганда се соочуваат со недостаток на храна.


Етимологија

Името на Уганда на свахили е „Буганда“ и ова име било усвоено за употреба уште за времето на колонијалниот период кога Британците го дале името во 1894. Буганда било кралство на 52 клана на народот Буганда.

Историја

Географија и клима

Карта на Уганда.

Државата се наоѓа на источноафриканско плато, со просечна висина од 1.100 метри надморска височина. Територијата на Уганда скоро целосно се наоѓа во Нилскиот басен. Во државата има неколку поголеми езера кои се поврзани со реките и со тоа се добива добра хидрографска слика. Покрај Викторија, во Уганда се и езерата Кјога, Алберт и Туркана, дел од овие се поврзани со реката Викториски Нил.

Езерото Кјога е природна граница помеѓу банту црнците од една страна и нилските и суданските црнци од друга страна. Исто така, лингвистичката граница во државата е скоро паралелна со реката Нил.

Генерално гледано, климата во Уганда е екваторијална, но истата зависи од регионите.

Политички систем

Претседателот на Уганда е шеф на државата и шеф на владата и моментален претседател е Јовери Кагута Мусавени. Претседателот го назначува премиерот на државата кој пак го формира кабинетот. Моментален премиер е Аполо Нсибамби. Собранието е еднодомно со капацитет од 332 пратенички места. [4]

Административна поделба

Области на Уганда.

Административно, Уганда е поделена на четири региони, кои пак се поделени на 80 области. Понатака, областите се поделени на суп-области, супобластите на окрузи и окрузите на суп-окрузи. Голем дел од областите се именувани по главниот центар на истиот.

Покрај оваа административна поделба, во Уганда сè уште се чувствува поделбата на традиционалните банту кралства. Кралствата се: Кралство Торо, Кралство Анколе, Кралство Бусога, Кралство Бунјоро, Кралство Буганда и Кралство Рвензуруру.

Економија

Пазар.

Со декади економијата на Уганда претрпела големи нестабилности и несигурности, што ја направило една од најсиромашните држави во светот. Уганда презела одредени чекори за стабилизирање на економијата. Во 2008 година, Уганда прогласила дека БНП се зголемил за 12%.[5]

Уганда има ресурси на природни суровини, но и плодна почва, дождови како и кобалт и бакар. Исто така државата има залихи од нафта и природен гас.[6] 56% од економијата на Уганда се базира на земјоделството и кафето било главна суровина за извоз. Официјална валута во државата е уганѓански шилинг.

Население, јазик и религија

Етнографска карта на Уганда.
Религија на Уганда
религија процент
Католицизам
  
42 %
Протестантство
  
42 %
Ислам
  
12 %
други
  
4 %

Уганда е дом на многу различни етнички групи, од кои ниту една не е мнозинство во државата. Околу 40 различни јазици се зборуваат во Уганда, додека официјални јазици се англискиот и свахили јазик.

Најмногу зборуван јазик е луганда, кој се зборува претежно во урбаните центри и Кампала. Потоа следат јазиците руњанколе и лусога кои се зборуваат во југоисточниот и југозападниот дел од државата.

Свахили исто така доста се зборува во Уганда и во 2005 година станал втор официјален јазик, иако ова е само политичка одлука. Често тој се смета за лингва франка и се користи од администрацијата. Уганда има население од околу 32.4 милиони жители со средна годишна старост на населението од 15 години. Најголема религија во Уганда е христијанството и најзините различни правци.

Култура

Кутурата во Уганда е богата како резултат на големиот број на етнички групи во државата. Од спортот, крикетот е најраспространет спорт и воедно најпопуларен.

Написменоста е честа појава помеѓу народот во Уганда. Владата потрошува околу 5.2% од БНП за образованието. Сепак во Уганда постојат и приватни и државни високообразовни институции.

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски