Масакр во Велес: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Нема опис на уредувањето
с Подпоручикъ ја премести страницата Масакрот во Велес на Масакр во Велес
(нема разлика)

Преработка од 13:23, 23 декември 2012

Масакрот во Велес е колеж на 53 затвореници што се случил на 15 јануари 1945 година во Велес извршен од страна на ОЗНА.

Настан

На 15 јануари 1945 без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.[1]

Во својата книга Мојот татко - Методија Андонов Ченто, авторот Илија Андонов Ченто, вели дека првиот претседател на Президиумот на АСНОМ за таа работа дознал случајно и дека злосторствата започнале откако на на крајот на 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ присуствувал Едвард Кардељ.[2]

Според бугарскиот историчар Коста Црнушанов затворениците се убиени, затоа зошто биле Македонци со бугарско национално чуство. Според овој бугарски историчар помеѓу жртвите имало припадници на ММТРО на ВМРО на Иван Михајлов, еден поранешен бугарски учител и други. [3] Според овој историчар за масакрот биле одговорни Ратко Петровски (помошник-началник на ОЗНА), Боро Коробар и Киро Попадиче (командант на Велес), што е во согласност со претходно изнесеното мислење.

Наводи

  1. Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995.
  2. Андонов, Илија - Ченто, „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“, Скопје 1999, ISBN:9989-878-89-9
  3. Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.

Надворешни врски