Нели Фуртадо: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава hy:Նելլի Ֆուրտադո
с r2.6.2) (Робот: Ја менувам el:Νέλλυ Φουρτάντο во el:Νέλι Φουρτάντο
Ред 66: Ред 66:
[[de:Nelly Furtado]]
[[de:Nelly Furtado]]
[[et:Nelly Furtado]]
[[et:Nelly Furtado]]
[[el:Νέλλυ Φουρτάντο]]
[[el:Νέλι Φουρτάντο]]
[[en:Nelly Furtado]]
[[en:Nelly Furtado]]
[[es:Nelly Furtado]]
[[es:Nelly Furtado]]

Преработка од 14:33, 22 декември 2012

Животен пат

Нели Фуртадо е родена на 2 декември 1978.Нели Ким Фуртадо, именувана според гимнастичарката на Советскиот Сојуз Нели Ким ( Nellie Kim). Израсната во Римо-Католички дом,Фуртадо за првпат запеа на четири годишна возраст кога пееше во дует со нејзината мајка во една црква на денот на Португалија. Иако останувајќи религиозно неизјаснета околу своето верување, таа сѐ уште тврди дека верува во Богa, Десетте Божји Заповеди, како и избегнување на правењето на еден од Седумте гревови. Свирењето на иструменти таа го започна кога веќе имаше 9 години, учејќи да свири на тромбон, укулеле, и во подоцнежните години, гитара и клавијатури. На 12 годишна возраст таа започна да пишува песни, и како тинејџер, таа започна да пее во Португалски марширачки бенд. Фуртадо го опиша семејството како силина причина за работна етика; потроши осум лета работејќи како домарка со нејзината мајка, која што била домаќинка во едно семејство во областа Викторија. Таа тврдеше дека доаѓањето од една средина каква што е таа на работничката класа добро го оформила нејзиниот идентитет на позитивен план. Првите музичари со кои Фуртадо се збилижи беа “андерграунд“(underground) рапери и Ди Џеи. При една посета на Торонто после 11-то одделение, Фуртадо го запозна Телис Њукирк (Tallis Newkirk), член на хип-хоп групата “ Plains of Fascination ”. Таа се појави како вокал на нивниот албум “ Join the Ranks ”, на песнтата “ Waiting for the streets ”. По дипломирањето во средното школо “ Mount Douglas ” во 1996, таа се пресели во Торонто. Истата година, таа ја формира Nelstar, патувачко хип-хоп дуо со Њукирк. Крајно, Фуртадо почувствува како нешто да не ја привлекува овој стил на музика, и закључи дека останувањето во оваа група не придонесе за подобро да ја запознаат како личност ниту пак придонесе нешто во однос на нејзините вокалски спосоности.Напуштајќи ја групата, планира да се врати дома. Пред таа да се пресели, сепак, таа настапуваше во “ Honey Jam ”, шоу за таленти за сите урбани жени, во 1997 година. Нејзиниот настап го привлече вниманието на пеачот Гералд Итон (Gerald Eaton) или уште познат како Џервис Чрч(Jarvis Church) фронтменот на “ The Philosopher Kings ”, кој подоцна ја пристапи кон себе си да пишуваат заедно. Тој и неговиот другар од групата Брајан Вест (Brian West) му помогнаа на Фуртадо да го објави првото демо. Таа го напушта Торонто, за да се врати повторно и да сними повеќе материјали со Итон и Вест. Материјалот кој ги сними долж овие сесии доведоа до потпишување на договор со “ Dream Works Records ”. Нејзиниот прв сингл, “ party’s just begin (again) ” кој беше пуштен истата година во Филмот “ Brokedown Palace“(Скршената палата); музика која претставуваше соундтрек на истиот филм.

Нејзини позначајни албуми и песни

"Whoa,Nelly!"

Соработката со Итон и со Вест и понатаму продолжи, што резултираше со ко-продукција на нејзиниот деби албум “ Whoa, Nelly! ” кој беше пуштен во продажба во Октомври 2000. Следејќи го издавањето на албумот, Фуртадо ја најави својата турнеа “ Burn in the Spotlight ” а истотака се појави и на турнеата на познатиот пејач Моби. Овој албум претставуваше меѓународен успех, проследен со трите меѓународни синглови : “ I’m like a Bird ”, ” Turn of the Light ” и “ On the Radio (Remember the Days)”. Беше четири пати номинирана за добивање на Греми награда во 2002, а нејзиниот деби сингл ја доби наградата за “Најдобар женски поп вокал изведувач “. Работата на Фуртадо беше критикувана поради нејзината иновативна мешавина на повеќе жанрови и звуци. Списанието “ “ го нарече нејзиниот албум страствен и освежувачки лек за армијата на “ поп принцезата “ и рап-метал бендовите кои ја превзедоа популарноста на музиката на крајот од минатиот милениум. Звучењето на албумот беше под силно влијание на музичарите кои ги помешаа културите како и предизвикот да се направи чувствителна музика која ќе допре до срцата на слушателите, музика што ќе го смени досегашното темпо и што е далеку надежна. Според списанието на “”, ”Whoa Nelly! ” имаше продадено 5 милиони копии во светот како пто се случи во август 2006 година.Песната “ Scared of you ” (се плашам од тебе) има делови на песната на португалски, додека “Donde Estas” е целосно на португалски, која рефлектираше врз нејзиното Португалско наследство.

"Folklore"

Вториот албум на Фуртадо, “ Folklore “, беше пуштен во продажба во Ноември 2003 година. Последната песна на албумот, “Childhood Dreams”, е посветена на нејзината ќерка Невис (Nevis). Албумот го вклучува и синглот “ Forca ” (што значи “ сила “ или “ напред “ на португалски), стана официјална химна на Европското Фудбалско Првенство во 2004 година. Фуртадо ја изведуваше оваа песна во Лисабон на финалето на првенството, во коешто екипата на Португалија го одигра својот финален натпревар со екипата на Грција. Други синглови кои се во албумот се “ Powerless (Say What You Want) ” и баладата “ Try ”. Албумот не беше толку успешен колку нејзиното деби, најверојатно поради тоа што не звучеше нешто во стилот на поп музиката, но истотака поради промените со договорот со Dream Works Records. Dream Works самошто беше продаден на . Во 2005тата, Dream Works, многу пејачи и музички уметници беа префрлени во Gefflen Records , каде меѓу многуте пеачи и уметници беше и Нели Фуртадо.



"Loose"

Третиот албум на Фуртадо беше пуштен во продажба во Јуни 2006 година. Таа го нарече “Loose ” (опуштено) според спонтаните, како и креативните одлуки кои ги направи кога го правеше овој албум. Некои ја означија неа како “ распродажба “ бидејќи се оттргна од фолк и рок корените во корист на хип-хоп и R’n’B, додека другите ја критикуваа поради “ провокативниот начин “ на изведба со цел да се продадат повеќе плочи. Во овој албум, во копродукција со Тимбаленд (Timbaland),Фуртадо експериментира со звуци од хип-хоп, R’n’B, и со музика од 80тите. Таа овој звук го категоризираше како панк-хоп (punk-hop), Опишан како “нов, модерен, чуден и во стилот на поп музиката “ односно како “мистериозна, послеполноќна , исклучително исполнителна вибрација.“ Таа го карактеризирапе младешкиот звук на албумот како во чест на нејзината две-годишна ќерка. Четирите воделки синглови беа пуштени во различни региони на светот: шпанскиот регетон влијаеше врз “ No Hay Igual ” (заедно со Calle 13), хип-хоп “ Promiscuous ” (заедно со Тимбаленд), каде што ја доби наградата за најдобра билборд музика за Поп сингл на годината, “Te Busque ” (заедно со Хуанес (Juanes)), и дарк поп синглот “Maneater ”. “ Loose “ стана најуспешниот албум во кариерата на Фуртадо до сега. Го достигна првото место во неколку земји бкључувајки ги САД и Канада, кадешто беа најпуштани сите досегашни синглови “ Promiscuous ”, “ Te Busque ”, “ Maneater ”, “ Say it right ”, “ All good things (Come to an End) ”. Албумот доби позитивни критики, некои дури цитираа дека за “ оживувањето “ на нејзините песни придонел Тимбаленд, а други додаваа дека тоа е “ важен и паметен “ потег од нејзина страна. Меѓутоа, нејзиниот албум беше добро продаден на главните пазари, посебно во Канада, каде што албумот беше сертифициран како 4x Platinum во мај 2007 година. Во 2007, Фуртадо и Џастин Тимберлејк го исполнуваа синглот на Тимбаленд “ Give It to Me ” што стана нејзин трет број еден сингл во САД и втор на Британската топ листа. На 16 февруари 2007, Фуртадо ја започна својата Get Loose (Ослободи се) турнеја. Во март 2007 се врати во нејзиното родно место во Викторија, Британска Колумбија за да изведи концерт во Мемориjалниот Центар за Собирање на Храна. Во чест на нејзината посета, локалните лидери официјално го прогласија 21 Март, првиот ден на пролетта, како ден на Нели Фуртадо. На 1ви Април 2007, Фуртадо ги изведуваше своите песни и беше водителка на Јуно наградите (Јuno awards) во Саскатун, Саскачеван (Saskatoon, Saskatchewan). Таа ги доби сите пет награди за кои беше, вкључувајќи ги и наградите за “ Албум на годината “ и “ Сингл на годината “. Фуртадо се појави на бината на концертот посветен на Леди Ди (Принцезата Дијана) на стадионот Вембли во Лондон на 1 јули 2007, каде што ги отпеа “ Say it right ”, “ Maneater “ и “ I ‘m Like a Bird ”. Во 2007, Фуртадо, Тимбаленд и Џастин Тимберлејк учевствуваат во новиот албум на Лил Вејн (Lil’ Wayne) “ Tha Carter III “. Фуртадо истотака се појави во видеоклипот на Nickelback Rockstar ( Рок Ѕвезда). Во Септември, 2007, MTV: Buzzworthy ja одбра Фуртадо за “ уметник на неделата “, кадешто таа приреди ексклузивна изведба во слободен стил на “ Going away ” со канадскиот рапер со сомалиско потекло Кнан (K’naan). На 9 септември 2007, Фуртадо учевствуваше на MTV Video Music Awards ( награда за најдобар музички спот на МТV) со Тимбаленд и Џастин Тимберлејк, каде ја пееше “ Do It “ миксувана со “ The Way I Are “, “Lovestoned “ и “ Give it to me “. Во октомври 2007 Фуртадо беше номинирана на три MTV Europe Music Awards (Mtv Еврпоски музички награди), каде ја доби наградата за “Албум на годината “. После успехот со нејзиниот трет албум, “ Loose ”, таа планира да го пушти во продажба своето прво ДВД под името “ Loose - the Concert ” кое ќе ги вклучи нејзините најголеми хитови од 2006 и 2007 со спотови во живо како што се ониe на “ Promiscuous “, “Maneater ”, “ Say It Right ” и “ All Good Things (Come to an End) ”.

Личен живот

На 20. Септември, 2003 година, во Торонто, ја донесе на свет нејзината ќерка Невис, чиј татко е Ди џејот Џаспер Гахунија (Jasper Gahunia). Фуртадо и Гахунија беа добри пријатели неколку години, беа во врска 4 години сè додека не раскинаа во 2005 година. Фуртадо изјави за списанието Blender дека тие го продолжиле своето пријателство и заеднички ја споделуваат одговорноста за израснувањето на нивната ќерка. Во јуни 2006, во едно интервју со списанието Genre, кога беше запрашана “ дали некогаш почувствувала привлечност кон жена “, а Фуртадо на ова одговори: “Апсолутно. Жените се убави и секси !“. Некои сметаа дека ова претставува изјава на бисексуалност, но во Август 2006, таа потврди дека е нормална ( straight), но е широко отворена во однос на размислувањето. Во Ноември 2006, Фуртадо откри дека таа позирала за 500.000 долари за списанието “ Playboy ” но за разлика од другите модели облечена. Во јули 2007, се зборуваше дека Фуртадо се свршила со кубанскиот инжeнер за озвучение, Демасио “Демо“ Кастелон (Demacio Castellon) кој работеше со неа на “ Loose “.

Влијанието на други личности врз музиката на Нели

Во тинејџерските години, Фуртадо се вкључи во повеќе музилки жанрови, но воглавно тоа беа R&B, хип-хоп, алтернативен хип-хоп, тапани и бас, патувачки хип-хоп, светска музика ( вклучувајќи ги Португалското фадо, Бразилската боса - нова, и Индиска музика) и најразлични други. Врз нејзината музика од големо влијание беа Jeff Buckley, Janet Jackson, Oasis, Caetano Veloso Esthero, Amalia Rodrigues, Nusrat Fateh Ali Khan, Cornershop, TLC, Mary J. Blige, Mariah Carey, Digitable Planets, De La Soul, Radiohead, Madonna, The Smashing Pumpkins, The Verve, U2, Enya и Beck. Врз музиката на Фуртадо истотака од големо влијание беше и моменталната средина во која живее, Торонто, за кого вели дека е “најмултикултурален град во целиот свет“ и место каде што таа “може да биде било која култура “. Благодарение на разновидноста на Торонто, таа рече дека не и требало да ја чека Интернет револуцијата за да ја научи светската музика; таа започна да ја слуша на својата 5 година и продолжува да открива нови жанрови. Во една нејзина изјава вели: “ Знам дека секогаш има нови жанрови кои сѐ уште не се откриени. За мене, тоа е како метафора на животот. Чувствувам дека ако не можам да следам било каков стил на музика, не можам да следам било каков стил на личност. Затоа е забавно за мене – се трудам да ги изложам моите фанови на најразлични звуци така што тие за возврат, стануваат личности со отворени мисли. Секогаш сум во поттик со отворањето со мислите. “


Дискографија

Албуми

  1. Whoa, Nelly! (2000)
  2. Folklore (2003)
  3. Loose (2006)