Варшава: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава pcd:Varsovie
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава or:ୱାରସ
Ред 410: Ред 410:
[[nov:Varsava]]
[[nov:Varsava]]
[[oc:Varsòvia]]
[[oc:Varsòvia]]
[[or:ୱାରସ]]
[[uz:Varshava]]
[[uz:Varshava]]
[[pa:ਵਾਰਸਾ]]
[[pa:ਵਾਰਸਾ]]

Преработка од 11:01, 22 декември 2012

Координати: 46°3′5″N 14°30′20″E / 46.05139° СГШ; 14.50556° ИГД / 46.05139; 14.50556

Варшава
Warszawa
Поглед на Варшава
Поглед на Варшава
Знаме на Варшава WarszawaГрб на Варшава Warszawa
Локација на Варшава во Полска
Локација на Варшава во Полска
Координати: 52°13′56.28″N 21°00′30.36″E / 52.2323000° СГШ; 21.0084333° ИГД / 52.2323000; 21.0084333
Управа
Население (2009)
 • Вкупно1 706 724
Часовен појасCET (UTC+1)
Повик. бр.+48 22
Мреж. местоwww.um.warszawa.pl

Варшава (Warszawa) е главен град на Полска. Лоциран е на реката Висла, околу 350 km од Балтичкото Море и Карпатските Планини. Проценет број на население во 2004 год. изнесува 1.676.600.

Етимологија

Историја

Најважни настани

Стариот дел од Варшава

Варшава низ историјата поминала низ разни драматични моменти. Градот дури неколку пати бил разрушуван од освојувачите. Најважни историски настани се:

Познати жители

Населението на Варшава низ историјата

железничка станица

Населението на Варшава во историјата изгледа вака: 1700: 30.000 1792: 120.000 1800: 63.000 1830: 139.000 1850: 163.000 1882: 383.000 1900: 686.000 1925: 1.003.000 1939: 1.300.000 1945: 422.000 1956: 1.000.000 1960: 1.139.200 1970: 1.315.600 1975: 1.436.100 1980: 1.596.100 1990: 1.611.800 2003: 1.689.600 (31 декември)

Денешна Варшава

Самоуправа

Заедно со трансформација на системот на Варшава се враќа и варшавската самоуправа. По многуте јавни дискусии на 18 мај 1990 година, парламентот го усвојува законот за друштвено уредување на Варшава. На 27 мај на демократски избори, граѓаните на Варшава ги избраа своите претставници на седум општини. За претседател на градското собрание на градот Варшава е избран Станислав Вигановскиег, кој ја извршувал оваа функција од 27 јануари 1990. Варшава по втор пат станува центар на расправата во парламентот кој на 25 март 1994 година ја усвоил одредбата за поделба на градот на 11 независни општини. Во април 1995 година започнало со работа и Варшавското метро. Прв градоначалник на Варшава по новиот устав бил Лех Качињски.

Претседател

Во рамките на Варшавскиот устав од 27 октомври 2002 година, претседател на Варшава се бира непосредно од страна на граѓаните, додека неговите заменици не доаѓаат на функција со изборите. Во овластувањата на претседателот спаѓаат и управување со имотот на градот како и надзор над собранието на Варшава. Сегашниот (ноември 2007 година) претседател Хана Гронкјевич Валц, улогата претседател ја врши од 5 декември 2006 година.

Градско собрание

Во градското собрание на Варшава учествуваат 60 советници. Тие е бираат, на непосредни, пропорционални избори на секои четири години. Како и сите останати органи на самоуправата, градското собрание се дели на комисии.

Одлуките во собранието вообичаено се донесуваат со мнозинство гласови, а потоа се праѓаат кај градоначалникот на потврдување. Доколку градоначалникот стави вето на одлуката на собранието, тоа има рок од 30 дена да донесе нова одлука која треба да се усвои со двотретинско мнозинство. Секоја од 18-те општини на Варшава имаат посебно општинско собрание.

Географија

Местоположба

Варшава се наоѓа на средниот дел од текот на Висла во средноамазонската низина. Нејзината средна надморска височина изнесува околу 100м. На теренот на градот се наоѓаат неколку возвишувања, повеќето вештачки создадени. Градот се наоѓа и на двата брега на Висла. Варшава е оддалечена околу 350км од Карпати и Балтичко море.

Клима

Климата во Варшава е влажна континентална. Средната годишна температура осцилира околу 8°С (-3°С во јануари и 19°С во јули). Годишната количина на врнежи не преминува преку 680мм а највлажен месец во годината е јули.

Реони

Административна поделба на Варшава од 2002 година

Од август 1994 година Варшава била сојуз од 11 општини: Варшава-центар, Варшава-Биалоленка (Warszawa-Białołęka), Варшава-Таргувек (Warszawa-Targówek), Варшава-Рембертув (Warszawa-Rembertów), Варшава-Вавер (Warszawa-Wawer), Варшава-Виланов (Warszawa-Wilanów), Варшава-Урсинув (Warszawa-Ursynów), Варшава-Влохи (Warszawa-Włochy), Варшава-Урсус (Warszawa-Ursus), Варшава-Бемово (Warszawa-Bemowo), Варшава-Биелани (Warszawa-Bielany).

Со реформите спроведени на 27 октомври 2002 година. Варшава претставува само една општина. Освен тоа, границите на Варшава се проширилетака што Варшава добила надлежност и над дотогашната посебна општина Весела.

Административна поделба

Моментално варшава е поделена на 18 административни делови. Секој од нив има ограничена самоуправа.

Најважни приградски населби се:

Демографија

На 30 септември 2003 година во Варшава живееле 1.689.648 жители, од нив 908.814 жени и 780.834 мажи. Во посебните делови на градот, бројот на населението изнесувал:

Мокотув (Mokotów) - 231.552 Јужен Праг (Praga Południe) - 187.845 Вола (Wola) - 146.328 Урсинув (Ursynów) - 137.716 Биелани (Bielany) - 137.270 Срудмиесче (Śródmieście) - 136.956 Таргувек (Targówek) - 123.232 Бемово (Bemowo) - 105.030 Охота (Ochota) - 93.192 Севернаен Праг (Praga Północ) - 74.304 Биалоленка (Białołęka) - 64.010 Вавер (Wawer) - 63.297 Жолибож (Żoliborz) - 50.934 Урсус (Ursus) - 44.312 Влохи (Włochy) - 39.405 Рембертув (Rembertów) - 21.751 Весола (Wesoła) - 18.482 Виланув (Wilanów) - 14.032

Најгуста населеност е во Срудмиесче (8772 ж/km²), а најмала во Виланув (355 ж/km²). Просечна густина на населеност за целиот град изнесува 3258 ж/km².

Индустрија

По втората светска војна, комунистичките власти одлучиле од Варшава да направат важен центар на тешка индустрија. Во градот се отворени неколку десетици големи фабрики.

Трговија

Варшава, а посебно варшавското Срудмесче, спаѓа во најголемите бизнис центри во Средна Европа. Во 2003 година биле регистрирани 268.307 фирми, а странските инвеститори во градот вложиле над 650 милиони евра во истата година. Варшава произведува дури 4,1% од полскиот БДП.

Образование

Нова универзитетска библиотека

Варшава е најголем универзитетски центар во Полска. Во неа се наоѓаат центри на 66 училишта. А во најголемите спаѓаат:

  • Варшавски Универзитет (Uniwersytet Warszawski)
  • Универзитет Кардинал Стефан Вишињскиег (Uniwersytet Kardynała Stefana Wyszyńskiego)
  • Варшавска Политехника (Politechnika Warszawska)
  • Војна Техничка Академија (Wojskowa Akademia Techniczna)
  • Главна Трговинска Школа (Szkoła Główna Handlowa)
  • Медицинска Академија (Akademia Medyczna)

Студентите и учениците на вишите школи претставуваат околу 29,2% од популацијата на Варшава. Нивниот број во 2002 година го надминал бројот од 500.000 стунедти.

Палатата Чаписки во која се наоѓа Академијата на убавите уметности на Варшава

Култура

Музика

Во Варшава се наоѓа Народната Филхармонија. Градот станува концертна сала, па затоа многу големи музички манифестации и свечености се одвиваат во Конгресната сала.

Театар

Големиот театар

Во Варшава постојат околу 30 големи театри. Меѓу нив се најважните Народниот театар (изграден во 1765 година) како и Големиот Театар (изграден во 1778 година). Карактеристичен е и театрот Варшава, кој е организато на експериментални представи.

Во текот на летото поголемиот дел од варшавските театри не работат.

Музеи и галерии

Во Варшава постојат многу музеи и галерии на уметноста, како државни така и приватни. Во поважните спаѓаат Захента (Zachęta), Центар на Современа Уметност (Centrum Sztuki Współczesnej) како и Музеј на Полската војска (Muzeum Wojska Polskiego).

Во најголемите зпаѓаат и Народниот Музеј (Muzeum Narodowe) и неговите филијали: Кралската замка и Виланова (Pałac w Wilanowie).

Од 31 јули 2004 година отворен и Музеј на Варшавското Востание (Muzeum Powstania Warszawskiego)

Транспорт

Аеродром Варшава - Терминал 1
Аеродром Варшава - Терминал 1

По крајот на втората светска војна и штетата која настанала со неа, само неколку сообраќајници останале во употреба. Тоа предизвикало огромна гува во сообраќајот. Поради тоа многу години еден од приоритети бил развојот на сообраќајот.

Транзит

Варшава нема обиколница, а поголемиот дел од сообраќајот на релација ситок-запад се движи низ центарот на градот. Моментално во тек се работи на две обиколници. Првата од нив треба да го оддалечи сообраќајот 10 километри од центарот на градот, а другата треба да стане дел од автопатот А-2 (Берлин-Москва).

Аеродроми

Варшава има само еден меѓународен аеродром кој се наоѓа на некаде околу 10 километри од строгиот центар на градот. Низ кој аеродром годишно поминуваат над 9 милиони патници. Од овој аеродром дневно полетуваат 60 авиони. Ова е воедно и најголем аеродром во Полска.

Постои уште еден активен аеродром во Варшава. Него го користи варшавскиот аеро-клуб, како и многу власници на мали авиони и хеликоптери.

Градска комуникација

Трамвај во Варшава

Системот на комуникација на градот Варшава се состои од повеќе автобуски и трамвајски линии, како и метроа.

Автобуси: Варшава има околу 2.603 километри автобуски линии по кои кружат дури 1.659 автобуси.

Трамваи: Првата трамвајска линија во Варшава била отворена на 11 декември 1866 година. Сите линии на трамвајот се електрифицирани. Моментално постојат 863 трамваи и околу 470км шини. Варшава има 29 постојани линии од кои една е ноќна.

Тролејбуси: Последната варшавска тролејбуска линија (линија 51) е укината во 1995 година.

Возови: Првиот воз во Варшава поминал во 1849 година. Денес во Варшава се наоѓа една од најголемите железнички пруги во Полска.


Спорт

Во Варшава постојат два проволигашки клубови во полски фудбал, како и неколку помали спортски клубови. Најважни се Легија на Варшава и Полонија Варшава.

Cтадион Народови

На оваа листа се рпетставени најважните спортски клубови во Варшава како и дисциплините во кои се најдобри:


Во Варшава постои и хиподром, неколку лизгалишта, неколку десетици базени, тениски терени како и доста мали и големи спортски сали.

Институции

Во Варшава како престолнина на Полска и најголем град, сместени се главните центри на министерствата како и центри на регионалните републички институции. Меѓу нив најпознати се:

  • Врховниот суд (Sąd Najwyższy)
  • Националниот административен суд (Naczelny Sąd Administracyjny)
  • Народна банка на Полска (Narodowy Bank Polski)
  • Штампарија за хратија од вредност (Giełda Papierów Wartościowych)
  • Телевизија Полска (Telewizja Polska)
  • Радио Полска (Polskie Radio)
  • Во Варшава се сместени амбасади и конзулати на другите држави.

Занимливости

  • Најдолга улица на Варшава е улицата Пулавска (Puławska) - 10 km.
  • Најдолга куќа е куќата во Киевската улица (Kijowskiej) - (508 m)
  • Највисоката градба е замокот на културата и науките (Pałac Kultury i Nauki) (234 m).

Галерија

Извори

Надворешни врски


ak:Warsaw