Џејсон Њустед: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35: Ред 35:


=== Разделбата со Металика ===
=== Разделбата со Металика ===
За време на еден состаник на членовите на [[Металика]] во [[јануари]], 2001 год. незадоволен од музичкиот правец по кој се движел бендот, предложил да земат одмор од 1 година, како тој би можел да се посвети на вториот негов бенд од тоа време, Екобреин. [[Џејмс Хетфилд|Хетфилд]] и [[Ларс Улрих|Улрих]] решително го одбиле тој предлог и му замерила на Њустед поради неговата работа со ''Екобреин'', велејќи дека тоа одземало од силата и единството на бендот. Пред закажување на термините за снимање на [[албум]]от ''[[St. Anger]]'', Њустед објавил дека ги напушта [[Металика]]. Како причина ги навел приватните и лични проблеми, како и физичката штета која ја претрпел низ годините свирејќи ја [[музика]]та што ја сакал. Нешто подоцна го издал [[албум|студискиот албум]] со ''Екобреин''. [[Џејмс Хетфилд]] однапред изјавил дека е против тој [[албум]]. За време на студиските сесии, [[бас гитара]] свирел [[продуцент]]от [[Боб Рок]], а во 2003 год. за нов басист бил назначен [[Роберт Трухиљо]].

<blockquote>''Искрено да ви кажам, не зажалив ниту еден посто кога ја напуштив Металика. Така беше најдобро за сите. На никој не сум кажал дека жалам за одлуката, ниту пак имам намера тоа да го сторам. Тоа решение не беше воопшто лесно да се донесе, и многу размислував за тоа пред да се одлучам на тој потег. Оттогаш ниеднаш не погледнав наназад и не сум се запрашал дали постапив правилно. Едноставно така требаше да биде.'' Ова го кажал Џејсон Њустед во [[филм]]от ''[[Some Kind of Monster (филм)|Some Kind of Monster]]''.</blockquote>

Постоеле неколку шпекулации во наредните неколку години дека Њустед евентуално би се вратил во [[Металика]], но таквите најави се покажале неточни. И покрај разделбата со [[Металика]], Џејсон останал пријател со останатите членови. На 4 [[април]], 2009 год. бил примен во ''Rock and Roll'' куќата на славните во [[Кливленд]], [[Охајо]]. Во декември, 2011 год. настапил на серијата концерти по повод 30 години од основањето на [[Металика]], во придружба на сегашните членови на бендот.


=== Ози Озборн ===
=== Ози Озборн ===

Преработка од 16:44, 21 декември 2012

Џејсон Њустед
Њустед во студиото
Животописни податоци
Родено имеЏејсон Куртис Њустед
Познат(а) и какоЏејсоник, Џејсон „Њукид“
Роден(а)4 март 1963(1963-03-04)(61 г.)
Бетл Крик, Мичиген
Жанровихеви метал, треш метал, спид метал, прогресивен метал, хард рок, алтернативен метал, стонер рок, панк рок, глам метал
ЗанимањаМузичар, текстописец
ИнструментиБас гитара, вокал, гитара, акустична гитара, тапани, теремин
Период на активност1980–денес
ИздавачиМетал Блејд, Електра, Чопхаус, The End Records, Сурфдог
СоработнициМеталика, Flotsam and Jetsam, Papa Wheelie, Voivod, Echobrain, Rock Star Supernova, Ози Озборн, Spastik Children, WhoCares, Govt Mule
Мреж. местоnewstedheavymetal.com
Значајни инструменти
Садовски Винтаж Бас гитара
Алембик Бас гитара
Рикенбахер 4003

Џејсон Њустед (англиски: Jason Newsted) е американски басист и поранешен член на Металика. Се приклучил на групата во 1986 год, по смртта на Клиф Бартон, и останал таму се до 2001. По напуштањето на Металика се посветил на неговата кариера со Екобреин, а нешто подоцна свирел и со Ози Озборн, како и со хеви метал бендот Воивод. Њустед е познат под псевдонимот Џејсоник, кој го користел додека бил член на Воивод. Сопственик е на музичко студио и продуцентска куќа сместени во Калифорнија.

Музичка кариера

Флотсам и Џетсам

Својата долгогодишна кариера, Њустед ја започнал во треш метал бендот Flotsam and Jetsam. На нив им се приклучил во 1982, а таму бил и главниот текстописец за нивниот прв студиски албум Doomsday for the Deceiver, издаден 1986 год. Тоа воедно бил и единствениот музички проект на тој бенд каде активно учествувал самиот Њустед.

Металика

По смртта на Клиф Бартон во септември, 1986, за време на турнејата на Металика низ Шведска, групата започнала да бара нов басист. Њустед се пријавил на огласот, и бил избран помеѓу 39 различни музичари. Првиот настап во живо со новиот бенд му бил во еден ноќен паб од Калифорнија. Во првите години со групата бил често закачкан од фронтменот Џејмс Хетфилд, кој впрочем и му го измислил прекарот Џејсон Њукид.

Првото снимено издание со Металика му бил мини албумот The $5.98 E.P.: Garage Days Re-Revisited, објавен 1986, а првиот студиски албум ...And Justice for All излегол две години подоцна. Продукцијата за споменатиот албум била на доста ниско ниво, а и самиот Џејсон истакнал дека едвај можел да го слушне басот на тој албум. Освен на тие дискови, Њустед се појавува и на наредните три студиски албуми на Металика, како и на сите ДВД, видео и филмски записи поврзани со бендот. Освен што свирел на бас гитара, Њустед бил и придружен вокал позади Џејмс Хетфилд. За време на светската турнеја од 1991 год. дури и го заменувал Хетфилд како водечки пејач на Металика додека тој бил во болница (поради изгореници на раката).

Познато е дека напишал три песна за Металика, и тоа:

Разделбата со Металика

За време на еден состаник на членовите на Металика во јануари, 2001 год. незадоволен од музичкиот правец по кој се движел бендот, предложил да земат одмор од 1 година, како тој би можел да се посвети на вториот негов бенд од тоа време, Екобреин. Хетфилд и Улрих решително го одбиле тој предлог и му замерила на Њустед поради неговата работа со Екобреин, велејќи дека тоа одземало од силата и единството на бендот. Пред закажување на термините за снимање на албумот St. Anger, Њустед објавил дека ги напушта Металика. Како причина ги навел приватните и лични проблеми, како и физичката штета која ја претрпел низ годините свирејќи ја музиката што ја сакал. Нешто подоцна го издал студискиот албум со Екобреин. Џејмс Хетфилд однапред изјавил дека е против тој албум. За време на студиските сесии, бас гитара свирел продуцентот Боб Рок, а во 2003 год. за нов басист бил назначен Роберт Трухиљо.

Искрено да ви кажам, не зажалив ниту еден посто кога ја напуштив Металика. Така беше најдобро за сите. На никој не сум кажал дека жалам за одлуката, ниту пак имам намера тоа да го сторам. Тоа решение не беше воопшто лесно да се донесе, и многу размислував за тоа пред да се одлучам на тој потег. Оттогаш ниеднаш не погледнав наназад и не сум се запрашал дали постапив правилно. Едноставно така требаше да биде. Ова го кажал Џејсон Њустед во филмот Some Kind of Monster.

Постоеле неколку шпекулации во наредните неколку години дека Њустед евентуално би се вратил во Металика, но таквите најави се покажале неточни. И покрај разделбата со Металика, Џејсон останал пријател со останатите членови. На 4 април, 2009 год. бил примен во Rock and Roll куќата на славните во Кливленд, Охајо. Во декември, 2011 год. настапил на серијата концерти по повод 30 години од основањето на Металика, во придружба на сегашните членови на бендот.

Ози Озборн

Воивод

Подоцнежни години

Наводи

Надворешни врски

Претходник
Клиф Бартон
Басист на Металика
1986–2001
Наследник
Роберт Трухиљо

Поврзано