IS-IS: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с поправка
с oтстранета Категорија:ИСО стандарди; додадена Категорија:ISO стандарди со помош на HotCat
Ред 48: Ред 48:
[[Категорија:Интернет стандарди]]
[[Категорија:Интернет стандарди]]


[[Категорија:ИСО стандарди]]
[[Категорија:ISO стандарди]]


[[ar:النظام الوسيط إلى النظام الوسيط]]
[[ar:النظام الوسيط إلى النظام الوسيط]]

Преработка од 22:45, 13 декември 2012

Посреден Систем кон Посреден Систем (ПС-ПС) или на англиски Intermediate System To Intermediate System (IS-IS) е рутирачки протокол дизајниран ефикасно да пренесува информации во една компјутерска мрежа, група на физички поврзани компјутери или слични уреди. Ова го изведува со наоѓање на најдобрата рута за датаграми низ мрежа за префрлување на пакети. Протоколот бил дефиниран на ISO/IEC 10589:2002 како интернационален стандард во ОСИ дизајнот. Иако оригинално е ИСО стандард, IETF го реиздала протоколот како Интернет Стандард на RFC 1142.

Опис

ПС-ПС е внатрешен гејтвеј протокол, дизајниран за употреба во административен домен или мрежа. Ова е контраст на надворешните гејтвеј протоколи, како што се Граничниот гејтвеј протокол (ГГП), кој се користи за рутирање меѓу Автономни системи.

ПС-ПС е рутирачки протокол за линк-состојби, работејќи со тоа што поплавува информации за линк состојби низ мрежа на рутери. Секој ПС-ПС рутер самостојно гради датабаза на топологијата на мрежата, собирајќи ги информациите на поплавената мрежа. Слично на OSPF протоколот, ПС-ПС го користи алгоритамот на Дајкстра за да го најде најдобриот пат низ мрежата. Потоа пакетите (датаграмите) се препраќаат, зависно од пресметаниот идеален пат, низ мрежата кон дестинацијата.

Историја

ПС-ПС протоколот бил создаден од Digital Equipment Corporation како дел од DECnet Phase V. Бил стандатдизиран од ISO во 1992 како ISO 10589 за комуникација меѓу мрежни уреди наречени Посредни системи (кои се различни од крајните системи или хостови). Целта на ПС-ПС била да овозможи рутирање на датаграми користејќи го ISO-создадениот OSI протокол стек наречен CLNS.

ПС-ПС бил создаден околу истото време кога IETF развиваше сличен протокол по име OSPF. ПС-ПС подоцна бил проширен да поддржува рутирање на датаграми во Интернет Протоколот (ИП), протоколот на Мрежното ниво на глобалниот Интернет. Оваа верзија на ПС-ПС рутирачкиот протокол беше наречена Интегриран ПС-ПС (RFC 1195).

Споредба со OSPF

И двата протоколи се протоколи на поврзувачки состојби, и и двата го користат алгоритамот на Дајкстра за пресметување на најдоброит пат низ мрежата. Како резултат, и двата имаат сличен концепт. И двата поддржуваат subnet маски со променлива должина, и можа да користат мултикаст да ги пронајдат соседните рутери користејќи здраво пакети, и можат да поддржат автентикација на рутирачки updates.

Додека OSPF е е природно креиран да рутира на ИП, кој самиот е протокол на [Мрежното ниво]] што работи на врвот на ИП, ПС-ПС е протокол за OSI мрежно ниво (и во исто време е ниво како CLNS). Широкораспространетата користење на ИП има придонесена за поголемата популарност на OSPF над ПС-ПС, кој не користи ИП за да носи пораки со рутирачки информации. ПС-ПС е неутрален во поглед на типот на мрежни адреси за кој може да рутира. OSPF, од друга старана, е дизајниран за IPv4. Ова овозможи ПС-ПС да биде лесно користен за поддршка на IPv6. За да работи со IPv6 мрежи, OSPF протоколот беше сменет во OSPF v3 RFC 2740.

ПС-ПС рутерите градат тополошка репрезентација на мрежата. Оваа мапа ги покажува подмрежите кои секој ПС-ПС рутер може да ги досигне, како и најкраткиот пат до нив.

ПС-ПС се разликува од OSPF во начинот на кој "областите" дефинирани како и рутирањето меѓу нив. ПС-ПС рутерите се посочени да бидат од: Ниво 1 (intra-area); Ниво 2 (inter area); или Ниво 1-2 (и двете). Ниво 2 рутерите се inter област рутери што можат да формираат врски и да разменуваат информации само со други рутери од Ниво 2. Рутирачките информации се разменуваат помеѓу рутериоте од Ниво 1 и други рутери од Ниво 1. Рутерите од Ниво 1-2 разменуваат информации со рутери од двете нивоаи се користат да ги поврзат inter област рутери со intra област рутери. Во OSPF, областите се исцртани на интерфејсот така што рутерот на граничната област е во две или повеќе области во исто време, создавајќи ги границите помеѓу областите внатре во граничниот рутер, додека пак во ПС-ПС границите на областите се помеѓу рутерите. Според ова ПС-ПС рутер се секогаш дел само од една област. ПС-ПС исто така нема потреба од нулта област која би служела како рбетна област низ која цел сообраќај меѓу областите мора да поминува. Логичкиот поглед е дека OSPF креира нешто слично на пајакова мрежа или звездена топологија на повеќе области кои сите се директно поврзани до нултата област, додека ПС-ПС креира логичка топологија која како рбет ги има рутери од Ниво 2 со гранки од Ниво 1-2 рутери и рутери од Ниво 1 кои ги формираат индивидуалните области.

ПС-ПС ист така се разликува од OSPF во методите со кои ја поплавува топологијата и информациите за мењавање на топологија низ мрежата. Сепак основните концепти се слични.

OSPF има поголоем сет на проширувања и споредни функции, сепак ПС-ПС е помалку "зборлива" и може да поддржи поголеми мрежи. Со дадени исти ресурси, ПС-ПС може да поддржи повеќе рутери во една област од OSPF.

TCP/IP имплементацијата, позната како "Интегрирана ПС-ПСS" или "Двојна ПС-ПС", е објаснета во RFC 1195.

Поврзани Протоколи

Fabric Shortest Path First (FSPF)

Референци

  • RFC 1142 - IS-IS protocol specification (IETF) - Note: this is a copy of DP 10589 (Draft Proposal) and differs in many significant details from the final version of ISO/IEC 10589
  • RFC 1195 - Use of OSI IS-IS for Routing in TCP/IP and Dual Environments

Надворешни Линкови