Меѓународна организација на трудот: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 102: Ред 102:
[[ur:عالمی ادارہ محنت]]
[[ur:عالمی ادارہ محنت]]
[[vi:Tổ chức Lao động Quốc tế]]
[[vi:Tổ chức Lao động Quốc tế]]
[[yo:Àgbájọ Òṣìṣẹ́ Káríayé]]
[[yo:Àgbájọ Òṣìṣẹ́ Akáríayé]]
[[zh:國際勞工組織]]
[[zh:國際勞工組織]]

Преработка од 20:06, 1 декември 2012

Меѓународна организација на трудот
Меѓународната организација на трудот
КратенкаМОТ
Основана1919
ВидАгенција на ООН
Правен статусактивна
СедиштеЖенева
ШефХуан Сомавиа
Мреж. местоilo.org

Меѓународната организација на трудот (МОТ) е специјализирана агенција на Обединетите Нации која се занимава со прашањата поврзани со трудовата проблематика.[1] Нејзиното седиште е во Женева. Основана е во 1919 година и во периодот до Втората светска војна е агенција на Друштвото на Народите. Во 1946 година МОТ станува прва специјализирана агенција на ОН. Од 2012, во МОТ членуваат 185 земји од светот.

МОТ се залага за зајакнување на работничките права, за подобрување на работните и животните услови на работниците, за создавање на нови работни места и за обезбедување пристап до информации и обука. Една од основните функции на МОТ е воспоставување на меѓународни стандарди на заштита на работничките права.

МОТ има трипартитен состав, односно негови членови се претставниците на државите, синдикатите и работодавците.

Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1969 година.<[2]

Наводи

  1. ILO Decent Work Agenda. Ilo.org. Retrieved on 2012-06-02.
  2. „The Nobel Peace Prize 1969“. Nobelprize.org. Посетено на 2006-07-05.

Надворешни врски