Таратор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: cs:Tarator
Ред 12: Ред 12:
* една мала [[лажица]] [[Готварска сол|сол]]

=== Потребен специјален прибор ===
=== Потребен специјален прибор ===
* дрвен сад за толчење (дибек)
* дрвен сад за толчење
* дрвен толчник (токмак)
* дрвен толчник

=== Подготвување ===
=== Подготвување ===
Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Преработка од 12:47, 30 ноември 2012

Таратор

Таратор или таратур („тарто́р“ во Струмица) е освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.

Како се прави (рецепт)

Состојки (за четворица)

Потребен специјален прибор

  • дрвен сад за толчење
  • дрвен толчник

Подготвување

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

Сервирање

Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.

Предлошка:Link FA