Федерико Гарсија Лорка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
Ред 106: Ред 106:
[[lmo:Federico García Lorca]]
[[lmo:Federico García Lorca]]
[[hu:Federico García Lorca]]
[[hu:Federico García Lorca]]
[[mr:फ्रेडरिको गार्सिया लोर्का]]
[[nah:Federico García Lorca]]
[[nah:Federico García Lorca]]
[[nl:Federico García Lorca]]
[[nl:Federico García Lorca]]

Преработка од 13:48, 23 ноември 2012

Федерико Гарсија Лорка
Податотека:Lorca (1914).jpeg
Лорка во 1914 година
Роден/а5 јуни 1898(1898-06-05)
Фуенте Вакерос, Гранада, Шпанија
Починат/а19 август 1936
Гранада, Шпанија
Занимањепоет, драматург, театарски режисер
НационалностШпанец
ПериодМодернизам, прва половина на 20 век
ЖанрПоезија
Книжевно движењеГенерацијата '27
Потпис


Федерико Гарсија Лорка (шпански: Federico del Sagrado Corazón de Jesús García Lorca) (Фуенте Вакерос, 15 јуни 1899 - 19 август 1936) бил шпански писател, драмски писател, режисер, пијанист, сликар и музичар. Денес, тој се смета за еден од најголемите лиричари воопшто, а неговото творештво извршило значително влијание врз развојот на европската поезија.

Биографија

Федерико Гарсија Лорка е роден на 15 јуни 1899 година во Фуентевакверос, во шпанската провинција Гранада. Осново училиште учел во Алмерија. Во 1919 година за првпат го посетил Мадрид каде се запознал и се спријателил со големите шпански уметници - Салвадор Дали, Луси Буњуел, Бергамино итн. Во 1923 година ги започнал студиите по право во Гранада каде што престојувал подолго време. Во 1927 година направил изложба на боени цртежи во Барселона. Во 1929 година учествувал на конференцијата во Лицеум-клубот во Мадрид на тема: Имагинацијата, инспирацијата и простирањето во поезијата. Пролетта 1930 година престојувал во Њујорк и во Куба.

Во 1931 година, заедно со Едуардо Угарте, именуван е за директор на универзитетскиот театар "La Barraca". Во текот на 1933-1934 година патувал по Јужна Америка (Аргентина, Бразил и Уругвај). Во декември 1934 година се вратил во Шпанија. Во јули 1936 година започнал бунтот на генералот Франко. Истата година, на 19 август, поради неговите напредни идеи, франкистите го стрелале во околината на Гранада.[1]


Творештво

Во својата поезија, Лорка најчесто обработувал мотиви од суровата Андалузија, за кулите, камбаните и зорите на Гранада, биковите и тореросите, Циганите и нивите песни и ритми, насадите со маслини и портокали итн. Неговите стихови се полни со сликарско-музички елементи, со компликувана оркестрација, голема звучност и меѓузвучност и бројни јазични пресврти. Иако во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, Лорка изградил оригинален и модерен поетски јазик. Лорка останал настрана од тогашниот водечки поетски правец во Шпанија - ултраизам (шпанска варијанта на модернизмот), но од него ги презел најсмелите и најтешките елементи.


Најпознати негови дела се:

  • „Песни“ (поезија),
  • „Цигански романсеро“ (поезија),
  • „Поет во Њујорк“ (поезија),
  • „Крвави свадби“ (драма)
  • „Домот на Бернарда“ (драма).


Најпознати песни му се: "Неверна жена", "Плач за Игнасио Санчес Мехијас" (напишана по повод смртта на големиот пријател на Лорка - славниот шпански тореадор во август 1935 година) и "Романса на шпанската жандармерија".[2]


Во едно писмо, Лорка вака ја опишал својата книжевна постапка: "Сега пишувам поезија за да се отворат вените, со емоција во која се огледува целата моја љубов кон нештата и мојата радост кон нештата. Љубовта на смртта и фарсата на смртта. Љубовта. Моето срце. Така е тоа. По цел ден развивам, како некаква фабрика, поетска активност".[3]

Лорка како музичар

Лорка уште како дете покажувал голем музички талент, а подоцно, со години студирал музика и сонувал да постане музичар, а истовремено бил пријател со Мануел де Фаља. Лорка ги собирал и забележувал народните песни кои често ги хармонизирал и обработувал и често ги изведувал на клавир и ги пеел. Поради својата музичка дарба, уште во текот на животот го нарекле "Андалузиски славеј".[4]

Наводи

  1. Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 99.
  2. Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.
  3. Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.
  4. Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.