По: Разлика помеѓу преработките

Координати: 44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД / 44.97000; 12.54694 (Adriatic Sea-Po)
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Река | river_name = По | image_name = Cremona Po Bridge.jpg | caption = Old iron bridge over the Po River...
 
Ред 60: Ред 60:


[[Категорија:Реки во Италија]]
[[Категорија:Реки во Италија]]
[[Категорија:Објекти на светско наследство во Италија]]
[[Категорија:Објекти на светско наследство на Италија]]


[[ar:نهر بو]]
[[ar:نهر بو]]

Преработка од 02:02, 11 ноември 2012

По
Po ved Manova Уреди на Википодатоците
Местоположба
Физички особености
УстиеЈадранско Море
44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД / 44.97000; 12.54694 (Adriatic Sea-Po)
 • надм. вис.
0
Должина652
Особености на сливот
Речното подрачје на По
По во Торино

По (италијански: Po, латински: Padus или Eridanus) е река што тече на исток преку северниот дел на Италија. Долга е 652 км (или 682 км ако се вброи притоката Мајра) и извира од северозападните падини на планината Монвизо во Котиските Алпи и тече низ делта што навлегува во Јадранското Море кај Венеција. Сливното подрачје пофаќа вкупно 74.000 км², од кои 70.000 ѝ припаѓаат на Италија. Од подрачјето во Италија, 41.000 км² се планински, а 29.000 се рамничарски.[1] По е најдолга река во Италија, а во најширокиот дел има пречник од 503 м.[2] Течението го следи 45-тиот северен напоредник.

Реката тече низ разни важни градови како што се Торино, Пјаченца и Ферара. Поврзана е со Милано со мрежа од канали во чие осмислување учествувал Леонардо да Винчи. При крајот на течението, По образува широка речна делта со стотици мали канали. На јужниот дел до делтата се наоѓа местото Комакјо, познато по одгледувањето на јагули. Долината на По влегувала во римската провинција Кисалпска Галија и ја делела на две територијални целини.

По е позната по честите и големи поплави. Затоа денес над половината од течението се регулира со насипи.[2] Наклонот на долината се намалува од 0,35% на запад на 0,14% на исток, што е прилично низок степен. Долж реката има 450 езера.[1]

Притоки

Реката По има вкупно 141 притоки.[2] Гледано низводно, тука спаѓаат (Д = десни, Л = леви):

Поврзано

Наводи

Надворешни врски