Страдањата на младиот Вертер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:
Во вториот дел од романот, Вертер се наоѓа во служба. Тој е аташе. Тука се развива слика на канцелариски педантизам, ситничарско и празно друштво. Предизвикан од еден непријатен случај, Вертер поднесува оставка и се враќа кај Лота која веќе е мажена за Алберт. Во душата на Вертер започнува тешка драма, борба меѓу несовладливото чувство кон Лота, и висока свест за должноста. Оваа борба завршува со силен изблик, кој ја решава судбината на Вертер.

Кога Вертер ѝ читал на Лота од книгата на Осијан, неговите чувства избиваат на површина. Додека Лота се наведнала кон него со голема тага, наслутувајќи што се случува во неговата душа, тој ја прегрнал и ја опсипал со бакнежи. Лота го одбила, тресејќи се од неговдување, и излегла од одајата. Другата ноќ, Вертер се самоубива.
Кога Вертер ѝ читал на Лота од книгата на Осијан, неговите чувства избиваат на површина. Додека Лота се наведнала кон него со голема тага, наслутувајќи што се случува во неговата душа, тој ја прегрнал и ја опсипал со бакнежи. Лота го одбила, тресејќи се од негодување, и излегла од одајата. Другата ноќ, Вертер се самоубива.

== За романот ==
== За романот ==
Ред 34: Ред 34:

[[Категорија:Новели]]
[[Категорија:Новели]]
[[Категорија:Германски новели]]
[[Категорија:Германски романи]]

{{Link GA|de}}
{{Link GA|de}}

Преработка од 20:38, 7 ноември 2012

Првото издание од 1774 година

Страдањата на младиот Вертер ( на германски: Die Leiden des jungen Werthers) се смета за автобиографски роман на Гете, првпат печатен во 1774 година.

Инспирација

Ова дело има своја подлога од животот на Гете. Во 1772 година тој се пресеилил во Вецлар, каде работел како писар, и требало по желба на татка си да се оддаде на правничката кариера. Во романот ја опишал кралската судска институција во која работел. Таму тој се запознал со двајцата секретари Кестнер и Јерусалем. Меѓу нив се случила историјата што послужила како основа за делото.

Кестнер тајно се верил со 15 годишната Лота, која Гете ја запознал и се вљубил во неа. Но кога дознал дека е вереница на пријателот, се обидел да ги контролира своите чувства, и тие продолжиле да другаруваат, иако Кестнер и Лота забележале што се случува во душата на поетот. Во моментот кога Гете веќе не бил во состојба да се бори со себе, заминал од Вецлар, оставајќи му трогателно писмо на својот пријател. Се вратил во Франкфурт, и додека се обидувал на своите впечатоци да им даде уметничка форма, добива вест за самоубиството на Јерусалем. Сето ова послужило како тема на познатиот роман.

Кратка содржина

Вертер се запознава со Лота на еден бал, која е ќерка на судија. Тој се вљубува во неа, но таа е веќе свршеница на Алберт. Алберт е добар човек, и не е љубоморен. Тие тројца се дружат, и нивниот живот наликува на Вецларскиот период од животот на Гете. Но, Вертер е многу почувствителен од својот творец: неговите страсти се граничат со безумие, и додека Гете успеал смирено да излезе од тие чувства, карактерот на Вертер уште на почетокот навестува трагедија.

Во вториот дел од романот, Вертер се наоѓа во служба. Тој е аташе. Тука се развива слика на канцелариски педантизам, ситничарско и празно друштво. Предизвикан од еден непријатен случај, Вертер поднесува оставка и се враќа кај Лота која веќе е мажена за Алберт. Во душата на Вертер започнува тешка драма, борба меѓу несовладливото чувство кон Лота, и висока свест за должноста. Оваа борба завршува со силен изблик, кој ја решава судбината на Вертер.

Кога Вертер ѝ читал на Лота од книгата на Осијан, неговите чувства избиваат на површина. Додека Лота се наведнала кон него со голема тага, наслутувајќи што се случува во неговата душа, тој ја прегрнал и ја опсипал со бакнежи. Лота го одбила, тресејќи се од негодување, и излегла од одајата. Другата ноќ, Вертер се самоубива.

За романот

Младиот Вертер во книжевноста е првиот поголем претставник на сфаќањето на светот што се нарекува „светска тага“, и кое во почетокот на 19 век завладеало во Европа. Вертер е прототип на оние јунаци кои ја прекриле Европа, дури до Русија, со таен печат на челото, со своите несфатливи страдања, потресувајќи ги чувствителните женски срца. Вертер е возбудлив, чувствителен, фантазер. Тој е личност која стои на граница од нашето време и епохата во која владееле традицијата и авторитетот.

Романот го читала цела Европа. Луѓето се облекувале во неговиот костум, гробот на Јерусалем го посетувале со сентименталности.

Романот е пишуван во форма на писма, омилената форма на сентименталните поети. Вертер е најкарактеристичниот производ на периодот Sturm und Drang, кој завршува со најголемото дело на Гете, „Фауст“.

Наводи

Надворешни врски

  • Die Leiden des jungen Werthers
  • The Sorrows of Young Werther на Проектот „Гутенберг“
  • GradeSaver study guide: The Sorrows of Young Werther
  • Free Audiobook (in German) from LibriVox
  • The-Sorrows-of-Young-Werther.com (personalised e-mail edition sending Werther's letters to your mailbox)
  • Die-Leiden-des-jungen-Werthers.de (personalised e-mail edition sending Werther's letters to your mailbox, in German)
  • „[[William Makepeace Thackeray]]'s [[Sorrows of Werther]]. cs.rice.edu. URL–wikilink conflict (help)

Предлошка:Link GA